Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Какво е породилното чувство?
“Како тоа започна, јас не бев сигурна дали е тоа вистинската болка. Моите симптоми не се совпаѓаа со оние во книгите. Имав големи болки во долниот дел од стомакот, но тие не започнаа од горниот дел па надолу, или во грбот како што пишува во книгите. Кога конечно решив да одам во болница на проверка, сигурна во себе дека ќе ме вратат дома, ми беше кажано дека се вистински контракции”
“Со двете мои деца не искусив нормални контракции. Наместо тоа, јас чувствував како да имам една долга контракција која личеше на најлошата менструална болка што некогаш сум ја имала.”
“Ми беше кажано дека чувството ќе биде како многу силна ментруална болка, но тоа не беше така во мојот случај. Болката беше со многу поголем интензитет и скоро целата беше во долниот дел од мојот грб. Секој пат кога контракцијата ќе нападнеше, мојот грб почнуваше да се смрзнува. Чувството беше како мускулите внатре да се врзуваат меѓусебно, с? посилно и посилно, до степен болката да биде неподнослива. Беше многу полошо од моите очекувања.”
“Породувањето не беше толку лошо колку што мислев дека ќе биде. Тоа во мојот случај траеше 16 часа и времето ми изгледаше како да лета. И с? беше многу полесно кога епидуралната почна да делува.”
Откако ќе пукне водењакот
“Во моментот кога мојот водењак пукна, следуваше вистинската болка. Ако можев таа болка да ја имам еднаш на 15 минути, ќе можев да ја толерирам. Но, фактот дека во моментот кога една контракција ќе запре, започнува друга, тоа е тоа што те уништува.”
“Немав многу големи болки до моментот кога мојот водењак пукна. Болката беше толку страшна што замислував како си заминувам од своето тело. Се обидував да се замислам како се движам на плажа, се разбира, тоа не помогна, но, тука беше епидуралната анестезија.”
Епидурална – да или не?
Поголемиот дел на мајки кои што учевствуваа во оваа анкета, се согласија дека епидурална е вистинскиот избор.
“Породолните болки без посилни од тоа што мојата имагинација можеше да замисли. После 8 часа породилни болки, јас се одлучив за епидурална. Тоа беше одличен избор.”
“Породилните болки за мене изгледаа како многу лоши менструални болки. Дишењето кое го научив на часовите за породување, помогна, но ми беше многу тешко да се концентрирам поради болката. Фала му на Господ за епидуралната!”
“Породилните болки се најтешките болки кои некогаш сум ги почувствувала. Добрите вести се дека меѓу контракциите нема болка, а контракциите траат само околу минута. Родив четири деца без никакви анестезии.”
“Јас не се решив за епидурална или било каков друг лек за болка. Ги држев своите очи затворени и се концентрирав на гласот на мојот сопруг. Тоа многу ми помогна и ме направи горда на себе. Породилните болки не се најтешкиот дел, деветте месеци кои ти се потребни да стигнеш до нив се.”
4
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Емоционален ролеркостер наречен бременост
Бременоста е навистина прекрасна. Носиш нов живот, ќе се оствариш како...
Никогаш не се откажувај, твојата сила е во истрајноста
Нов ден, нова шанса, нова сила. Денес потсетете се дека секој предизви...
Неочекувани симптоми - знаци на бременост
Кога станува збор за раната бременост, повеќето жени очекуваат класичн...
Моето срце надвор од моето тело
Се случуваат моменти во животот, најубавите се тоа, кога чувствувате д...
Малку по малку, животот се менува
Има нешто што сите го знаеме, а понекогаш го забораваме, па се разочар...