|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како да ги ублажите контракциите?

Редакција Рингераја, 20.6.2020
Сите мајки сонуваат за природно породување, со употреба на што помалку лекови. Но, кога ќе почнат контракциите, како да се совладаат болките? Еве неколку методи кои ќе ви помогнат да ги контролирате болките

image
/11


ПОМОШ, ПОЧНАА!

По интензитетот знаете дека се тоа “вистински” контракции и што сега треба да направите?

Немојте да легнувате на грб затоа што циркулацијата во долниот дел од телото ќе биде послаба и со тоа контракциите ќе бидат потешки за поднесување. Ако сте дома или во болница, движете се. Качувајте се по скали, одете во тоалет, шетајте по ходниците...

 

Дали ви е потребно бањање?

Општо познато е дека бањањето помага во опуштање на мускулите и ја намалува болката.

Како е правилно? Водата треба да биде млака, никако жешка, затоа што во тој случај доаѓа до ширење на крвните садови. Тешко е да се наместите во друга положба во кадата, освен во лежечка, а ако од тоа ви доаѓа добро, останете во водата, следете ги контракциите и ако забележите дека се по-интензивни, а паузата меѓу нив е с? помала, време е да тргнете во болница.

 

Дали е потребно да се движите?

И нашите мајки знаеле дека кога ќе почнат првите контракции, не е добро да се остане во кревет. Колку повеќе се движите за време на контракциите, толку подобро за вас.

Секоја жена треба да го слуша своето тело и да најде положба која што нејзе и одговара. Во принцип, скоро сите положби во кои што се потпираме на нешто, обично ни ја намалуваат болката.

 

Раѓањето се ближи, а бебето сеуште не е спуштено доле

Се наоѓате во породилна сала и слушате како лекарите коментираат дека бебето сеуште не е спуштено, а вие веќе сте преморени од с?. Полека!  Бебето нема да остане тука до своите 18 години и ова не им се случува на лекарите прв пат во својата кариера.

Најчесто бебето останува горе од некоја механичка причина, лоша положба, незгодно свртена глава... Не грижете се, искусен тим многу лесно ќе најде која е причината.

 

А ако тоа не помага: Ако сте оделе на часови за психофизичка припрема, ќе ги употребите научените вежби на напнување за спуштање на бебето. Некогаш бабицата и лекарот ќе ви предложат да станете и да се движите за да ги олесните контракциите и да му помогнете да бебето да се спушти во породилниот канал побрзо.

 

1

 

Дали помага масажата?

Контракциите траат со часови и веќе помислувате дека би било убаво некој да ве измасира. Дали тоа би можело да помогне?

 

Што треба да направите?

Да, некој вид на масажа ефикасно ја ублажува болката , посебно онаа која ја чувствуваме во пределот на карличната коска, а таква масажа може да ви направи идниот татко, доколку е со вас. Во договор со бабицата ќе се одлучите која положба да ја заземете – со седење или со лежење. Обично тоа е лежење настрана. Завртете му се со грбот и партнерот треба да ги пронајде само двете вдлабнатини над задникот и на тоа место да притисне со палците, вртејќи ги лево-десно. Ако сте сами можете да ги свиткате рацете наназад и да се обидете сами да се масирате.

 

Која положба да ја заземете во последната фаза?

Во последната фаза од породувањето, болката е најинтензивна. Која положба тука најмногу може да ви помогне?

 

Што треба да направите?

Во принцип, најмногу помага лежење настрана (повеќе отколку лежење на грб). Најдобро е да ги подигнете нозете до градите и да ги држите под агол од 90°. Спротивната нога треба да ја ставите на ногалката, која е дел од креветот за породување. Оваа положба ќе потпомогне во дилатација на грлото на материцата и ќе го олесни излегувањето на бебето.

Ако тоа не помага: Бабицата ќе ве посоветува да легнете на грб и во моментот кога ќе почувствувате напон да ги ставите рацете на држачот од креветот зад вас, да ја свиткате главата кон градите и да го истикнувате бебето.

Со лесно!

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Дали царскиот рез може да ја промени ДНК-т...
Во последните години се појави мит дека породувањето со царски рез може да ја измени ДНК-та на новороденчето. Ова звучи ...
5
Целијакија: кои се симптомите и како се ле...
Целијакијата е автоимуно заболување при кое телото не може да го вари глутенот, протеин што се наоѓа во пченицата, јачме...
4
7 знаци дека ќе се породите за 24-48 часа
Ако сте за прв пат мама, веројатно постојано ви се чини дека ги препознавате раните знаци на породување. Навистина се ра...
4
Вашиот живот започна во утробата на вашата...
Ова може да биде една од причините зошто бабите се толку сакани!
3




Анкета

Koj?
Jana9

Koj gotvi doma?

Jas gotvam (50%)

Soprugot gotvi (0%)

Majka mi gotvi (50%)

Svekrva mi gotvi (0%)

Ne gotvime kupuvame gotova hrana (0%)

Nekoj drug (0%)


Број на сите гласови: 2

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!