|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Секој се раѓа со одредена крвна група која е RH позитивна или негативна. RH е кратенка за резус фактор (Rhezus)

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


RH факторот се одредува според постоењето на една белковина на површината на еритроцитите. Ако таа белковина е присутна, значи дека личноста е RH позитивна, а ако ја нема значи дека е RH негативна. RH позитивната крв е повообичаена од RH негативната крв (околу 85% од луѓето се RH+).

RH инкомпатибилност се појавува кога мајчината крв е RH негативна, а крвта на фетусот RH позитивна. Ако сте RH позитивни, или ако сте и Вие и детето RH негативни, немате причини за грижа. Ако сте Вие RH негативни, а таткото на Вашето дете е RH позитивен, постои голема веројатност дека детето ќе ја наследи татковата крв и ќе дојде до инкомпатибилност меѓу Вас и фетусот.

При RH инкомпатибилност (околу 10% трудници) кај мајката се присутни антитела кои можат да ја преминат постелката, да се поврзат со еритроцитите на фетусот и да го загрозат развојот на црвените крвни зрнца кај него, предизвикувајќи блага до тешка анемија кај фетусот, или пораст на билирубини во неговата крв.

RH инкомпатибилноста не претставува голем проблем во првата бременост (доволна е редовна контрола на крвта), но постои опасност за втората и другите бремености.

 

Како ќе знам дали сум RH инкомпатибилна?

Не постојат физички симптоми кои ќе укажат на тоа дека сте RH инкомпатибилна со Вашето дете. Ако сте бремена, стандардна процедура е спроведување на тестови на крвта на почетокот на бременоста, кои ќе одредат дали сте RH позитивни, или RH негативни. Ако тестот покаже дека сте RH негативни, Вашата крв редовно ќе се контролира (околу 24. и 32. гестациска недела) за да се оцени степенот на антитела во крвта.

Доколку расте степенот на антитела во Вашата крв, се спроведува амниоцентеза за да се одреди степенот на анемија кај фетусот и нивото на билирубин во плодовата вода.

Ако се открие анемија кај фетусот, се прави трансфузија на крв, односно се заменува неговата RH позитивна со крв со негативен RH фактор, која нема да биде загрозена од мајчината крв. Трансфузијата се спроведува низ папочната врвца додека фетусот е во мајчината утроба, почнувајќи од 18. гестациска недела. Оваа постапка може да биде ризична, па некои доктори предлагаат предвремено породување Тогаш трансфузијата на крв се спроведува откако детето ќе се роди. Трансфузијата на крв се применува само кај 1% од ваквите бремености.

Ако се работи за втора бременост за 72 часа ќе добиете инјекција RH имуноглобулин ( Rhogam или Anti-D инјекција). Овие имуноглобулини се врзуваат на еритроцитите на детето во мајчината крв и ги уништуваат пред мајчиниот имунолошки систем да реагира со создавање на сопствени антитела кои би биле опасни за бебето во следната бременост.

Во многу земји се дава заштитна инјекција RH имуноглобулин во текот на бременоста (околу 28. недела), особено при крвавења во бременоста (опасност од спонтан абортус, плацента превиа), при спроведување на пре-натална дијагностика (биопсија на хорионските ресички, амниоцентеза) и прееклампсија.

 

Често Поставувани Прашања

Ако моето дете се роди RH негативно, а сум примила инјекција RH имуноглобулин, дали ќе биде загрозено?

Не. Ризик од инјекцијата не постои нити за Вас, нити за детето. Секогаш е добро да се биде внимателен и ако детето биде RH негативно, а не RH позитивно.

 

Зошто некои луѓе се раѓаат RH позитивни, додека други се раѓаат RH негативни?

Крвната група се одредува според количеството на молекули на протеинот кој се појавува на површината на крвните зрнца. RH факторот е една од тие групи. Само мал дел од популацијата е RH негативен.

 

Колкава е веројатноста да добијам RH болест во текот на првата бременост?

Многу е мала веројатноста крвта од фетусот да влезе во Вашиот крвоток, низ постелката, или во текот на амниоцентеза, во првата бременост. RH болеста обично се добива само во втората или следните бремености.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
4
Закана од предвремено породување
Предвременото породување е породување што започнува пред навршени 37 недели од бременоста.
3
Зошто се повеќе се раѓаат гигантски бебиња?
Се чини дека секоја недела во јавноста допира по една информација за новороденче кое шокира со својата неверојатна тежин...
3
Се породи Хелена Роза
Сестрата на Ребека, Хелена Роза стана мајка по втор пат. Честитки!
3




Анкета

Бањање на детето
vesna_kr

Колку често го бањате Вашето дете?

секој ден (72%)

секој втор ден (8%)

преку 2 дена (4%)

2 пати неделно (8%)

еднаш неделно (8%)


Број на сите гласови: 25

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!