Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Македонија или официјално Република Македонија е држава сместена во регионот на Вардарска Македонија, во централниот дел на Балканскиот Полуостров во Југоисточна Европа. Земјата е една од следбеничките држави на поранешна Југославија, од која прогласи независност во 1991 година. Македонија зафаќа околу 38% од вкупната површина на регионот Македонија. Географски земјата граничи со Србија (и Косово) на север, Бугарија на исток, Грција на југ и Албанија на запад. Релјефот на државата е главно планински. Иако континетална држава, таа има повеќе од 50 езера и шеснаесет планини повисоки од 2,000 метри.
Македонија е суверена, самостојна, демократска и социјална држава. Главен град на државата е Скопје со население од 506,926 граѓани според пописот од 2004 година. Други поголеми градови се: Битола, Куманово, Прилеп, Тетово, Охрид, Велес, Штип, Кочани, Гостивар и Струмица. Македонија има вкупно 25.713 километри квадратни во кои живеат околу 2.114.550 жители, од кои мнозинството се Македонци. Официјален јазик е македонскиот јазик, додека официјална валута е македонскиот денар.
Во 1993 година стана членка на Обединетите Нации, но поради спорот со името кој го води со Република Грција, примена е под името Поранешна Југословенска Република Македонија. Македонија е членка и на советот на Европа. Од декември 2005 година исто така е и кандидат за приклучување кон Европската Унија и има аплицирано за приклучување кон НАТО.
забава Бремените
Автор: bobik
Габични инфекции во бременост. Што е безбедно?
Габичните инфекции се честа појава во бременоста, особено поради хормо...
Знаци дека телото е подготвено за бременост
Подготвеноста за бременост не се мери само со желбата за дете, туку и ...
Задржување течности или масно ткиво
Промените во телото често создаваат дилема, дали станува збор за задрж...
Вежби за фина моторика според возраста
Фината моторика се однесува на способноста за прецизни движења со раце...
Контрола на хормоните во текот на бременоста
Бременоста е период кога телото на жената поминува низ интензивни хорм...