|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Разноликоста на Велика Британија

British Council, 30.8.2011
Велика Британија е остров што лежи на растојание од северозападниот брег на Европа, чинејќи го главниот дел од територијата на Обединетото Кралство (United Kingdom). Трите земји што го покриваат островот се Англија, Шкотска и Велс.

/11


 

Велика Британија, со површина од 224 000 km² е најголемиот остров во Европа и осмиот најголем остров во светот. Тој е исто така трет најнаселен остров во светот.

 

 

На што помислувате кога ќе помислите на Обединетотот Кралство?

Најчесто кога луѓето ќе помислат на Обединетото Кралство помислуваат на Британскиот Парламент, Бакингемската Палата, Хародс, Манчестер Јунајтед, Битлси, дожд, помфрит и риба, Маргарет Тачер.... Но како сите други останати стереотипи и оваа слика е многу ограничувачка и најверојатно застарен поглед на Обединетото Кралство. На следниве неколку страници сакаме да Ви го преставиме животот во Обединетото Кралство со своето шаренило, како во смила на различните земји од кое е составено така и во смисла на различните религии и етнички групи кои ги има во изобилие и различните профили на луѓе кои живеат, работат и творат во смисла на возраст, пол, сексуална определба и посебни потреби.

 

 

ШТО Е ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО?

Како за почеток што е Обединетото Кралство? И која е разликата помеѓу Обединетото Кралство и Велика Британија?

Обединетото Кралство се состои од 4 земји: Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска. Официјалното име е „Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска“. Велика Британија е термин кој се однесува само на Англија, Шкотска и Велс, додека Британските Острови е географски термин кој се однесува на Велика Британија, цела Ирска и околните крајбрежни острови.

Сите информации кои ќе ги сретнете на овие страници се однесуваат на Обединетото Кралство, со население 61 милион (ООН, 2008) и кое се простира на површина од 242 000 км2.

Земјите во Обединетото Кралство

Обединетото Кралство се состои од 4 земји: Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска.

 

Англија

Територијално на Англија и припаѓа повеќе од половина од површината на Обединетото Кралство и во неа живее повеќе од 80% од населението (или 51 милиони). Осум од десетте најнаселени градови се наоѓаат во Англија – Глазгов кој е на третото место и Единбург на седмото место се единствените исклучоци. Лондон е најголемиот град во кој живеат повеќе од 7 милиони жители, а по него следи Бирмингем со 1 милион.

 

ШКОТСКА

Со население повеќе од 5 милиони, Шкотска има делумна самостојна влада внатре во Обединетото Кралство и има преставници во Парламентот на Обединетото Кралство. Шкотската влада е одговорна за секојдневните прашања кои се однесуваат на нејзините жители, вклучувајќи прашања од области како што се здравство, образование, право, рурални прашања и транспорт. Владата ја предводи Првиот Министер (во моментов е Алекс Салмонд (Alex Salmond)). Шкотскиот Парламент се состои од 129 пратеници, а 59 пратеници ја преставуваат Шкотска во Долниот Дом во Лондон. Шкотската Влада и Шкотскиот Парламент се наоѓаат во Единбург.

Официјален јазик е англискиот. Помалку од 2% од населениот зборува келтски јазик. Во последно време келтскиот јазик ја доживува својата ренесанса. Така денс има сè повеќе паралелки на келтски во основните училишта, Келтски Младински Клубови и сè повеќе телевизиски програми на Келтски, а пишувањето го доживува својот врв.

Шкотското знаме кое се вика Салтир (Saltire) е составено од бел дијагонален крст на сина позадина и потекнува од крстот во форма на икс на кој бил распнат светецот-заштитник на Шкотска Св. Андреа (St. Andrew).

 

ВЕЛС

Исто како Шкотска и Велс има делумна самостојна влада преку Националното Собрание за Велс и Велшката Собраниска Влада. Собранието се состои од 60 пратеници кои ги преставуваат своите гласачки единици и уште 40 пратеници кои го преставуваат Велс во Долниот Дом во Лондон. Прв министер на Велс е Родри Морган(Rhodri Morgan).

Во Велс живеат околу 3 милиони жители и околу 20% од нив зборуваат велшки. Со донесувањето на Законот за велшки јазик од 1993 година, велшкиот јазик има подеднаков статус како и англискиот во јавниот сектор на Велс.

Технички, Велс е кнежество на чие чело стои принц. Според традицијата тоа е најстариот син на Англискиот монарх. Додека знамињата на Шкотска и Англија се видливи на знамето на Обединетото Кралство, Велшкото знаме не е претставено, бидејќи кога било направено првото Обединето Знаме во 1606 Велс веќе бил обединет со Англија.

 

СЕВЕРНА ИРСКА

Северна Ирска се наоѓа во северно-источниот дел на островот Ирска. Во неа живеат помалку од 2 милиона жители, а главен град е Белфаст (Belfast).

Долги години Северна Ирска беше центар на горчливиот етничко-политички конфликт познат како „Немири“ помеѓу оние кои тврдеа дека ги преставуваат Националистите, кои се главно Римокатолици и Унионистите, кои се главно Протестанти. Унионистите сакаат Северна Ирска да остане дел од Обединетото Кралство, додека Националистите сакаат политички да се обединат со остатокот на Ирска. Воглавно, Унионустите се сметаат себеси за Британци, а Националистите се смеетаат за Ирци, иако овие два термина не се ислкучуиваат. По потпишувањето на „Договорот Велики Петок“ во 1998, паравоените групи кои војуваа за време на Немирите го положија оружјето.

Северна Ирска има Извршно Тело на Северна Ирска и Собрание на Северна Ирска кое има 108 пратеници. Дополнително Северна Ирска избира 18 парламентарци за во Долниот Дом, но само 13 ја прифаќаат оваа позиција додека петте парламентарци преставници на Шин Феин(Sinn Fein) одбиваат од принцип.

 

ДЕМОГРАФСКИ ПРОМЕНИ

Возраст

Во 2007 Обединетото Кралство имало 61 милион жители. 16% од населението – или скоро 10 милиони –имале 65 или биле над 65 години. Се претпоставува дека до 2031 во Обединетото Кралство ќе живеат 71.1 милион жители, при што 22% од населението или повеќе од 15 милиони ќе имаат 65 или повеќе години,  2.9 милиони ќе бидат постари од 85. Како што е случајот и со многу други земји така и Британската влада се обидува да изнајде решенија за прашања како што се здравствено осигурување, пенизиски осигурување и промени на начините на работа.

Етничко шаренило

И етничкото шаренило се зголемува. Иако најголемата етничка група е класифицирана како „бели Британци“,бројот на „бели“ е намаелен од 93% во 2001 на 90% во 2007. Географски гледано во Велс, Шкотска и Северна Ирска живееат помалку други етнички заедници за разлика од Англија.

Во Лондон е најочигледно етничкото шаренило, каде што 35% од населението припаѓа на не-бели заедници. Најголеми малцински групи се Азијатите или Азиските Британци (14%) и Црнците или Црните Британци (12%). Половина од 1.2 милиони ученици кои посетуваат настава во Лондон припаѓаат на различни помали етнички заедници. Се претпоставува дека во Лондон се зборуваат околу 300 јазици.

Оваа шаренило е една од најважните карактеристики на Обединетото Кралство и е дел од секојдневниот живот, но истовремено преставува и предизвик, подигајќи различни прашања како што се мултикултирлизам, имиграција и национален идентите.

Посебни потреби

Околу 19% од населението (или 11 милиони луѓе) се хронично болни или се лица со посебни потреби. Обединетото Кралство направи навистина многу за да им овозможи и на луѓето со посебни потреби да живеат исполнет и нормален живот и да имаат пристап до средствата за превоз и јавните згради. И на различните ментални болести исто така се посветува сè поголемо внимание.

Религија

Според пописот од 2001, 77% од населението се изјасниле дека се религиозни, од кои 72% Хриситјани, 3% (1.6 милиони) Муслимани, 1% Хиндуси и 1% припаѓаат на други религии, а останатите 8% не одговориле на ова прашање.

Сексуална определба

Не постои детална официјална статистика за секусуалнта определба на населението, но во моментов се претпоставува дека популацијата на хомосексуалци и бисексуалци изнесува 5 до 7 проценти од вкупното население. Последните анкети покажуваат дека Британија е толерантна земја со општ став дека нема место за предрасуди во едно граѓанско општество. Сепак, во една од овие анкети, повеќе од третина од испитаниците биле сведоци на хомофобично однесување и малтретирање на училиште.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Правината и кривината
Македонски волшебни приказни
5
Лав и лисица
Детско катче
3
Здивот на пролетта
Детски песнички
3
Никола, Никола
Никола, Никола, нешто чудно ми се случува
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?