|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Помош! Уморна сум и ми се спие!

Редакција Рингераја, 18.9.2014
Заради станувањето ноќе да го нахраните бебето и задоволувањето на неговите потреби во текот на денот, често сте ненаспиени. сепак постои начин да го надминете тоа...

image
/11


 

Од замор не можете да размислувате јасно?  Показателите на недостаток на сон се слични на знаците на грип – општа слабост, заборавност, пречувствителност и нервоза. Не грижете се – не полудевте, тоа е сосема нормално. Сепак останува прашањето: како да го ублажите заморот?

Клишираното правило дека треба да спиете тогаш кога бебето спие, не им одговара на сите мајки, па затоа треба до извесна мера да ја промените рутината за да го надокнадите дефицитот на сон. Идеално би било кога во текот на денот би оствариле два непрекинати интервали на спиење. Меѓутоа тоа често не е можно, заради обврските околу бебето. Затоа искористете ја секоја прилика за малку да отспиете или барем да дремнете.

 

Правилна исхрана

Ако во средината на денот или попладне чувствувате замор, причина за тоа може да биде и неправилната исхрана. За новопечените мајки особено е важно да примаат доволна количина на железо. Овој минерал е неопходен за  создавање на хемоглобин кој го пренесува кислородот низ телото. Едноставно речено, без доволно железо, ткивата и мускулите не добиваат доволно кислород, не можат правилно да функционираат и се јавува замор.

Бидејќи организмот во текот на бременоста произведуваше повеќе крв,  железото никогаш не ви било попотребно отколку во овој период. Истовремено, заради потребата за поголемо производство на крв, можна е појава на анемија во бременоста, како и во периодот по породувањето. Инаку за обновување и зголемување на резервите на железо во организмот, обично се потребни неколку недели, во текот на кои се јадат производи богати со овој минерал или тој се зема во форма на додатоци.

 

Физичка активност

Умерената физичка активност исто така може да доведе до квалитетен сон. Во таа смисла, кратката прошетка во местото во кое живеете, ќе биде многу корисна. Неодамнешните истражувања потврдуваат директна врска меѓу паѓањето на телесната температура и поспаноста. Заради тоа би требало да вежбате до средината на пладнето, за телото да може доволно да се разлади пред спиење.

 

Побарајте помош

Што се однесува до последиците од непроспиените ноќи на вашата емотивна состојба, морате да знаете дека никој не очекува од вас да бидете супер мајка. Не се форсирајте и замолете некого да ви помогне. Исто така може да ви помогне разговор со други мајки, бидејќи тоа ќе ве потсети  дека не сте единствени.

На крај, без оглед на заморот кој  го чувствувате, фокусирајте се на фактот дека се работи за минлива фаза, една од многуте низ кои ќе минувате како мајка. Повеќето родители успеваат нормално да функционираат и покрај недостатокот на сон и заморот. Всушност не сте прва мајка која се чувствува вака, а нема да бидете ни последна.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Како да бањате бебе кое има егзема?
Практични совети од дерматолог. Прочитајте зошто бањањето е посебно важно за децата кои имаат егзема и како би требало д...
4
Раѓањето дете не ве прави родител!
Значи, ти не си нејзината вистинска мајка?
4
Кога во семејството имате близнаци
Уште од самиот почеток на бременоста животот со близнаците е покомплициран и бара поголем надзор.
3
Бањање кое ќе Ве остави без здив
Толку нежност! Толку убавина! Нема да останете рамнодушни...Задолжително погледајте
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?