Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Од жената која ми го рече тоа во супермаркетот вчера, почнаа да ми се тресат забите. Морав да дишам длабоко, откако се завртив и заминав, со двегодишната Ели во количката. Не помина долго време пред Ели да се праша: “Мамо си одиме дома?”, со нејзината вообичаено слатка насмевка.
Сеуште сум лута за навредливиот коментар на оваа жена. Фрустрирана сум бидејќи, пред очите на законот, таа е во право.
Јас не ја родив Ели. Дури и не ја посвоив. Јас сум нејзина згрижувачка мајка, но немам право да носам важни одлуки, за детето за кое се грижам. Јас сум таа која ја храни и облекува, таа која станува ноќе кога не може да спие, таа која и дозволува да поврати на мојот грб кога не се чувствува добро, таа која ги чисти ѕидовите од нејзиното цртање, секој еден ден.
Но мене не ми е дозволено да ја потстрижам нејзината коса. Ниту еден прамен. Ми треба дозвола од нејзината вистинска мајка за да го направам тоа. Не можам да ја однесам на одмор без потпишано писмо за согласност. Ако Ели одеше на училиште, немаше да можам да ги потпишувам дозволите за екскурзии, бидејќи не сум нејзин легален старател, ниту родител.
Па тогаш која сум јас?
Кога започнав со згрижување на деца, се обидов да ги научам да ме викаат тетка или мама К, или нешто кратко и слатко, бидејќи нивната биолошка мајка е жива и ја познаваат. Ништо не ми успеа. Секое дете завршуваше нарекувајќи ме мама. Кога моите родени деца ме нарекуваат мамо, како можам од другите деца да очекувам да ме нарекуваат поинаку? Никој во нашата куќа не се третира различно од другиот. Сите добиваат иста количина на љубов и внимание, јадат иста храна, ги делат истите играчки. Но тоа не е случај кај сите згрижувачки семејства.
Сум чула дека многу згрижувачки семејства имаат повлечено линија меѓу нивните деца и другите деца. Тие јадат на различна маса, имаат различни оброци, облека и играчки од другите деца. Немаат посебно внимание. Многу од семејствата ги враќаат овие деца во домовите за Божиќ, бидејќи сакаат да бидат насамо со своето семејство.
Дали сум јас единствената која е шокирана од тоа?
Секој 19-ти ден, се среќавам со лицата од социјални грижи и со биолошката мајка на Ели, за да разговараме што треба да правам поразлично од тоа што го правам, во врска со грижата која и ја давам. Јас треба да ја слушам оваа жена, која никогаш не била родител, бидејќи ја дала Ели во згрижувачко семејство веднаш откако ја родила. Јас морам да дадам се од себе за да ги исполнам нејзините желби, за тоа како нејзиното дете треба да биде хрането, облекувано и воспитувано. Треба да ми каже кога да ја однесам на лекар на контрола. Кога треба да ја однесам во црква на миса за да и вдахнам религија. Треба да ми каже да ја облекувам во розево фустанче, за да не мисли дека и момче. И на крај, како да ја научам да не ме вика мамо.
Јас сфаќам колку е фрустрирачки да сакаш да одиграш улога во подигнувањето на детето, а тоа да ти биде забрането. Мајката на Ели никогаш не била со неа повеќе од два часа на 20 дена – и тоа во просторија која е под супервизија. Мајка и никогаш не ја однесла во парк, не ја избањала, не ја заспала. Јас сум таа која ја учи Ели на добро однесување, која ја учи да врши нужда на нокшир, која и дава тајм-аут за лошо однесување. Можеби еден ден Ели ќе има можност да се врати кај својата биолошка мајка, но додека тоа да се случи, независно дали по денови или години, јас сум таа која е родител на ова дете. Се дотогаш, мама е единствената именка со која треба да ме нарекува.
Минатата недела ја носев Ели во центарот за социјални грижи на редовна посета и социјалниот работник ја однесе Ели на предната врата каде што ја чекаше нејзината биолошка мајка. Го слушнав социјалниот работник кога рече: “Гледај, тоа е мама”, а тогаш Ели се заврти назад и рече: “Ова е мојата мама”. Морам да се насмевнам задоволно.
Воспитувањето и грижата за детето те прават родител. Нема врска од која утроба дошло детето, туку кој се грижи за него!
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Што ве чека во првите три месеци од бременоста?
Доаѓањето на бебето комплетно ќе го промени вашиот начин на размислува...
7 совети за подобро да спиете додека сте бремени
Спиењето не е лесно кога имате трудничко стомаче. Еве 7 совети што мож...
Колку сон им треба на бебињата? Табела за родители
На бебињата им треба многу сон, но колку точно на секоја возраст? Овој...
Нормално, разбираме „рамни стапала“ како намалување на висината на над...
Искривените заби кај децата и кај возрасните се честа појава која може...