Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
/11
Таа се појавува уште во раните недели и да продолжува со месеци, создавајќи чувство на тежина, притисок и непријатност во стомакот. Иако е вообичаена, често предизвикува загриженост кај идните мајки.
Зошто се јавува подуеност во бременост?
1. Хормонални промени
Зголеменото ниво на прогестерон ги релаксира мускулите на дигестивниот систем, што го забавува варењето и доведува до задржување на гасови.
2. Промени во варењето
Храната се движи побавно низ цревата, што овозможува поголема ферментација и создавање гасови.
3. Зголемување на матката
Со напредување на бременоста, матката врши притисок врз цревата и го отежнува нормалното празнење.
4. Железо и суплементи
Некои пренатални витамини, особено оние со железо можат да предизвикаат подуеност и запек.
Кога најчесто се јавува?
Во прв триместар подуеноста се јавува често поради хормоните, во вториот триместар поради промени во варењето, а во третиот поради физички притисок од матката.
Како да ја намалите подуеноста?
- Јадете помали, почести оброци бидејќи големите оброци го оптоваруваат дигестивниот систем.
- Пијте доволно вода бидејќи хидратацијата помага во варењето и спречува запек.
- Внесувајте растителни влакна постепено преку внес на овошје, зеленчук и интегрални житарки, но без нагли промени.
- Избегнувај храна што создава гасови како: грав, зелка, газирани пијалаци и слатки со вештачки засладувачи
- Движење преку лесни прошетки или блага јога за бремени можат значително да помогнат.
Природни начини за олеснување
Кога да се јавите на лекар?
Побарајте медицински совет ако подуеноста е придружена со: силна болка, повраќање, крвавење и постојан запек или дијареа. Овие симптоми не се типични и бараат проверка.
Подуеноста во бременоста е чест, но минлив симптом. Таа е резултат на природните промени во телото кое работи за двајца.
Со мали прилагодувања во исхраната и дневната рутина, може значително да се олесни и да се живее попријатно во овој чувствителен период.
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Бременоста е период на големи промени во телото, а со нив често доаѓаа...
Колку сон губиме во првата година со бебе?
Првата година со бебе е една од најубавите, но и најисцрпувачките фази...
Хормони и исхрана, клучот за редовен циклус и овулација
Исхраната има директно и значајно влијание врз хормоналната рамнотежа,...
10 знаци дека твојот партнер ќе биде добар татко
Не постои совршен тест за тоа кој ќе биде добар родител, но постојат о...
Доењето е природен процес, но тоа не значи дека секогаш оди лесно. Мно...
Капење бебе.
пеперутка16
Колку често капете бебе? (Не мислам на новороденче)