|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Поддржуваме мали бизниси: Rus Design Lux

Марина Кљајиќ Петковски, 27.5.2022
Ви го претставуваме брендот RUS DESIGN LUX , чиј креатор е Анита Русевска. Нејзините прекрасни, уникатни, рачно изработени парчиња накит нема да ве остават рамнодушни и веднаш ќе посакате да ја збогатите вашата кутија за накит со некое парче

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Погледнете го нејзиниот Инстаграм профил 

Анита беше прељубезна и ни одговори на неколку прашања поврзани со оваа нејзина страст.

Рингераја: Колку години постои брендот? 

Анита: Брендот Rusevska design или Rusdesign lux постои веќе 8 години.

Рингераја: Што содржи понудата?

Анита: Понудата содржи рачно изработени парчиња накит и модни додатоци. 

 

1

Рингераја: Како де роди идејата? 

Анита: Самиот основач сум јас лично, каде идејата дојде многу спонтано и да кажам природно, бидејќи по природа сум уметник,работам во опера и балет, чувството за естетика отсекогаш било во мене каде неостварена желба ми е да сум моден дизајнер. 

Со почетоците на изработка на накит некако низ годиниве како да ми исплива на површина креативноста која тлеела со години во мене и покрај музиката, накитот и додатоците ми се втора љубов. 

 

2

Рингераја: Колку е тешко /лесно да се води ваков бизнис? Колку клиентите ја ценат рачната изработка?

Анита: На почетокот беше многу потешко кога започнував, бидејќи немаше толку понуда на материјал за разлика од денес...иако, Македонија е земја каде кубуриме со материјали за жал. Се снаоѓав како знаев..но желбата беше голема за работа и за експериментирање.

На работилници не сум била, јас сум самоука, па можеби ми било и потешко само да научам нешто да направам. Но...во тоа е и убавината. 

За да се тера, ваков мини бизнис да кажам на почеток беше малце потешко. Имавме социјални мрежи за негова презентација, но не беше толку актуелна таа застапеност, па така...една ќе види што имам изработено, па ќе ме препорача...иако препораката за мене е најдобрата реклама!

За моја среќа, клиентите знаат да ја ценат рачната изработка, многу често ми велат "оставам на вас, како мислите-така" и тука највеќе уживам кога не сум ограничена. 

 

3

Рингераја: Кои се најбарани производи?

Анита: Од се досега што сум изработила обетките ми се наааајбарани, некако сами си се издвоија, иако пак ќе кажам се имам во понудата, а сега за летово и нешто сосем ново ќе се спрема, нешто летно, нешто весело.

И благодариме на Анита за издвоеното време. Со нетрпение ја очекуваме новата летна колекција. 

Не заборавајте да го додадете профилот на вашата following листа. 

 

4

 

4

 

6

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Креативната работилница на Маја Љубеска
Пандемијата ни ги измени животите на сите. Додека многумина останаа без работа, многумина успеаjа да создадат свои бизни...
4
До рамен стомак за седум дена
Летото е пред нас, а со него и одењето на езеро, море и базен, а Вие имате масни наслаги на стомакот? Доколку немате мно...
3
Интервју со авторката Ивана Јанева
Непоправлив емпат - така се опишува себе си Ивана Јанева, авторката на книгата "Зборовите на безгласната девојка", ден...
3
На кафе кај Христина, креатор на прирачник...
Покрај што секојдневно на својот блог споделува креативни идеи за учење и развој на децата преку игра, од неодамна објав...
3




Анкета

Dali?
Jana9

Dali prvoto dete vi e devojce?

Da (0%)

Ne (100%)


Број на сите гласови: 1

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!