|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Поддржуваме мали бизниси - Дариго арт

Марина Кљајиќ Петковски, 21.4.2022
Еден од најомилените мали бизниси на Инстаграм, чии производи се особено популарни меѓу мајките, дефинитивно е Дариго арт. Профил на мал семеен бизнис, чија понуда плени на прв поглед, а целосно освојува топлиот однос на неговите креатори

image
/11


Со задоволство ја прифатија нашата покана и ни раскажаа нешто повеќе околу настанувањето, производите и работењето на нивниот семеен бизнис. 

Рингераја: Како се роди идејата за Дариго? 

Дариго: Дариго е нашето трето бебе, малку помало од нашиот син, а поголемо од нашата ќерка. Го доби името Дариго по првите букви од нашите имиња. Идеата за Дариго се роди сосема случајно додека бев на породилно, тогаш почувствував потреба да ја споделам мојата креативна енергија. Почнавме скромно и срамежливо најпрво со подароци за блиски луѓе, а потоа растевме од ден на ден за што сум неизмерно благодарна.

Рингераја: Вашата понуда брои многу производи, меѓу кои постери во рамка, беџови, принт на шојли, неколку сетови од едукативни картички .. Кои производи конкретно ги нудите? 

Дариго: Нашата мала креативна работилница нуди персонализирани постери во рамка, беџови, повеќе од 20 сетови едукативни картички и сет позитивни афирмации за мајки. 

 

 

Рингераја: Колку сте задоволни од заинтересираноста на потрошувачите за вашите производи?

Што е најпопуларно и најбарано?

Дариго: Најпопуларни и најбарани се дефинитивно едукативните картички. Со нив дечињата лесно учат низ игра и забава. Тука морам да споменам дека сум многу среќна што сетот картички позитивни афирмации за мајки наиде на огромна заинтересираност. Подготвени се со многу љубов за да и бидат поддршка на секоја мама во родителството.

Рингераја: Вашиот мал бизнис е меѓу омилените помеѓу мајките, дефинитивно сетовите со едукативни картички се полн погодок и неизоставен дел од детските игри, додека пак картичките со позитивни афирмации за мајки се навистина посебни и единствени. Од каде црпите инспирација за истите?

Дариго: Инспирација за сите мои дела се моите деца. Секој сет едукативни картички бил инспириран од нив двајца и од нивните моментални интереси. Сетот картички позитивни афирмации за мајки е склоп на афирмации кои мене лично ми помогнаа во развојот како мајка. Сметам дека секоја мајка треба да работи на себе и на својот личен раст и развој за да може да биде свесна и присутна во родителството. Нашите картички се само една поддршка во целиот тој процес.

 

Рингераја: Уште едно нешто што ве издвојува меѓу локалните мали бизниси е вашата подготвеност секогаш да одговорите позитивно на секој хуманитарен повик на кој несебично секогаш учествувате. Кога помислувамна вас, некако сам ми доаѓа епитетот Хумани пријатели. 

Дариго: Многу ви благодарам, многу ни значи овој епитет. Ние сме семејство во кое што се негува дарувањето и благодарноста. Сакаме и нашите деца да ги научиме дека споделувањето е прекрасна работа. Затоа и Дариго според можностите секогаш е дел од хуманитарните акции. Лично имам многу позитивен став за хуманитарните настани. Би сакала да го споменам Новогодишниот проект Да бидеме хумани на @elenagagic и на @moedete кој што има навистина прекрасен концепт. Се поттикнуваат мајките да поминат квалитетно време со дечињата, се промовираат локални бизниси а во исто време се собираат средства за донации.

Рингераја: Вашата онлајн продавница функционира преку Инстаграм и ФБ профил. Колку од ваше искуство социјалните мрежи се корисна алатка за работење на истото? Стигнувате ли лесно до потенцијалните потрошувачи? 

Дариго: Да. Инстаграм е многу корисна платформа кога станува збор за онлајн продажбата.

Морам да истакнам дека мене лично ми донесе и многу нови пријателства. Запознав неверојатни жени кои ми станаа пријателки. 

Рингераја: Работите ли на некој нов производ? 

Дариго: Да. Во нашата мала креативна работилница постојано се крчка нешто. 

Рингераја: Кои се позитивните страни на водењето на семеен бизнис? Како семејство кое брои две мали деца, како успевате да балансирател меѓу семеен живот и водењето бизнис? Дариго: Позитивно е тоа што немаме одредено работно време :). И што имаме слобода за изразување. Не знам колку успеваме да балансираме помеѓу семениот живот и водењето мал бизнис но се трудиме во се што правиме да внесеме многу љубов и посветеност. Мислам дека љубовта кон она што го правите е најголемата мотивација и инспирација.

 

Благодарност до Дариго арт за издвоеното време. 

Бидете и вие дел од големото семејство на среќни клиенти Дариговци! Заследете го нивниот профил и поддржете го нивниот бизнис.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Највисоко ниво на хигиена за вашето семејс...
Пролетта редовно ја дочекуваме со планови, меѓу другото, за генерално чистење на домот со кое дефинитивно ќе и кажеме зб...
7
Создадете подобар живот
Својот живот го заробувате во негативни мисли и енергија ако го трошите на она лошо што може или би можело да се ...
2
Во шопинг по совршена венчаница
Што треба да имате на ум…( 6 совети за купување венчаница)
2
Може ли да ослабам, ако дојам?
Запомнете: за време на бременоста вишокот килограми не сте ги добиле преку ноќ, затоа и сега не очекувајте дека можете ...
2




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?