Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Матичните клетки од ткивото на папочната врвца можат да се размножат до поголем број, извонредно се стабилни и не поттикнуваат силен имун одговор, рече постариот истражувач Bridget M. Deasy, асистент на одделот за ортопедија при медицинскиот факултет во Питсбург. Клетките се добиваат од желатинозното ткиво на папочната врвца, познато уште како Вартонова слуз, како и од ѕидовите на крвните садови.
„Нашите експерименти укажуваат на тоа дека најмалку 21 милион матични клетки, а најверојатно дури и до 500 можат да бидат добиени од една папочна врвца после раѓањето на бебето “-рече таа. „Значи папочната врвца може да стане достапен извор на огромен број матични клетки со што ќе се надминат бројните ограничувања, како на пр. ограничената количина и број, како и возраста и полот на донорот, кои се јавуваат при користење на други извори на адултни матични клетки.“
Др. Deasy и нејзиниот тим анализираа фрагменти од папочна врвца со должина од две стапки (60-на см), кои беа донирани за истражување, барајќи матични клетки во Вартоновата слуз и ѕидовите на крвните садови кои поседуваат карактеристични протеински клеточни маркери. Потоа истражувачите бараа оптимален начин да ги изолираат матичните клетки од папочните врвци и ги тестираа во лабораторија, за да ја докажат нивната способност да создадат специјализирани клетки, на пр. клетки на коска и рскавица, истовремено задржувајќи ја непроценливата способност да се самообновуваат.
Истражувачите ќе ги употребат овие сознанија и ќе ги употребат матичните клетки од папочна врвца за зацелување на повреди и оштетувања на коски и рскавици, како и регенерација на мускули.
Повеќе информации: http://www.hindawi.com/journals/jbb/2009/789526.html
Извор: University of Pittsburgh Schools of the Health Sciences
Рингераја партнер за рубриката матични клетки е Би-МЕК, ексклузивен преставник на Cryo Save. Cryo-Save е водечка европска банка за матични клетки. Cryo-Save гарантира највисок квалитет на услуга во поглед на транспорт, подготовка и сигурност на матични клетки од папочна врвца на Вашето дете. Со Cryo-Save имате можност да одберете помеѓу две различни услуги за зачувување на матичните клетки од Вашето дете:
Доколку сакате да знаете повеќе за криопрезервацијата на матичните клетки и Cryo-Save како Ваш потенцијален сервис провајдер, Ве молиме Вашите контакт информации, име, презиме, емаил и поштенска адреса да ни ги пратите на емаил mk@cryo-save.com или cryo-save@bimek.com.mk . Информативниот пакет ќе Ви биде доставен на посочената адреса. Доклку сакате да прочитате повеќе за Cryo Save и Би-МЕК на интернет, тоа може да го направите на Рингераја, или на веб страницата на Би-МЕК и Cryo Save. |
забава Бремените
Автор: bobik
Како да се изградат здрави граници со родителите?
Во секое семејство постои длабока поврзаност меѓу родителите и децата,...
Грешките не се крај, туку патоказ
Во животот често тежнееме кон совршенство, но токму грешките се тие шт...
Идентитетот на бебето започнува со игра и збор
Чувството на сопствен идентитет не се појавува одеднаш. Тоа се гради у...
Пастеризирано vs. Сурово млеко
Млекото отсекогаш било симбол на здравје и природна храна, но околу то...
Ако сакаш да внесеш разновидност во исхраната и да пробаш нешто малку ...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?