|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Нормално или оперативно раѓање? Прашање е сега!

Редакција Рингераја, 13.9.2022
Повеќето од раѓањата се случуваат во болница, но тоа не значи дека се медикализираат. Бремената може да роди целосно природно и во болнички услови, под услов да нема компликации

image
/11


 

Бремената може да роди целосно природно, под услов да нема компликации и во болнички услови, со анестезија - епидурална (спинална) или без таква, во присуство на партнерот, сама во сала, со избор на бабица или гинеколог. Во денешно време можностите се навистина големи и медицинскиот тим секогаш ги почитува желбите и преференциите на мајката, под услов да нема ризици за нејзиното здравје или здравјето на фетусот.


Природно породување - значи породување без лекови и медицински интервенции. Наместо нив се користат техники на релаксација и дишење. Пациентките треба психички да се подготвени дека може да се направи и оперативно породување на бебето. Царскиот рез е безбеден метод на породување со низок ризик, сличен на  операција на крајниците. Оперативно раѓање се нуди само кога е потребно, односно мора да има одредени индикации. Во некои болници стапката на оперaтивните раѓања е поголема, бидејќи има поголема концентрација на ризични пациентки. Бремените треба да имаат доверба на својот лекар и да разговараат со него за методот на породување.

 


Како се објаснуваат породилните болки


Механизмот на настанување на болката при породувањето сеуште не е разјаснета. Болката е непосредно поврзана со контракциите на материцата и со проширувањето на грлото на матката. Чувството во раната фаза се дефинира како влечење и чувство на болка ниско во грбот. Со прогресија на раѓањето болките се засилуваат и ја менуваат делумно локализацијата. Почнуваат да се чувствуваат повеќе во долниот дел на стомакот и до колковите. Карактеристично за породилните болки е што нивната сила и времетраење и во зависност од контракциите на матката. Освен тоа, интензитетот на чувството се условува и од повеќе психо-емоционални фактори - тип на нервен систем, воспитување, емоционалност, култура, подготвеност за раѓањето. Условно се разликуваат две состојби на породилни болки: сопствено болно чувство и емоционална позадина на болката. Затоа е многу важна психо-профилактичната подготовка на бремената за раѓањето. Целта е да се здобие нејзината доверба,  да и се објасни и дури всели природата на овој физиолошки процес и да се приучи на некои техники, со цел олеснување на породилните болки. За вистински добра психичка состојба, идната мајка треба да ги отстрани и надмине сите негативни емоции од својот ум. Да ги потисне сите патолошки претстави и перцепции, создадени во минатото, поврзани со стравот од породување. Од помош можат да и бидат некои физички вежби (такви за олабавување на мускулатурата на перинеумот, за тренинг на стомачните мускули и др). Намалувањето на болката на породувањето се врши со аналгетици, невролептици, хипнотички, транквилептици и неинхалациони анестетички средства. Спиналната анестезија е најчесто користен метод за намалување на болката, како на нормално, така и на оперативно породување. Анестетикот делува на корените на 'рбетниот мозок и ги блокира чувствата, моториката, како и автономните нервни влакна. Пункција се врши во меѓупршленските простори. Жената е во лежечка или седечка положба за време на инјектирањето. Можните компликации се развој на хипотензија (намален крвен притисок) и главоболка на третиот ден по раѓањето.


Царски рез


Фреквенција - 15-35%, мајчина смртност е под 1: 1000. Царскиот рез е најчестата оперативна процедура во гинекологијата и акушерството.


Оперативна техника - секој оператор развива свои индивидуални варијации на оперативната постапка. Најпрво се прави се кожен рез. Должината му е меѓу 10-15 см во зависност од очекуваната тежина на плодот. Операторот избира рез, вертикален или хоризонтален пресек во областа на бикини линијата (супрапубичен засек).


Хоризонталниот рез има свои предности. Од една страна тој е помалку забележлив, бидејќи спаѓа во областа на долна облека, освен тоа е помалку болно при дишењето и кај него е 8 пати помала можноста за отворање на раната, во споредба со вертикалниот засек.

Вертикалниот рез - овозможува брз пристап до абдоминалната празнина, добра визуелизација на сите стомачни органи и по потреба полесно се проширува.

Подготовка за царски рез:


• Вклучува поставување на катетер;
• Неопходно е бремената да ги исполни сите услови за хигиена, вклучувајќи тоалета, отстранување на влакната во вагиналната област;
• Се става клизма, неопходна за прочистување на цревата - тоа дава добро оперативно поле;
• Дезинфекција на предниот абдоминален ѕид со антисептички раствор (дериват на јод раствор);


Можни компликации

 

Поврзани со анестезијата


• Аспирационен синдром;
• Главоболка (која се должи на спиналната анестезија);
• Крварење (крварење) во 'рбетниот столб;

 

Компликации на матката


• При плацента превиа - повреда на бешиката;
• Повреда на гастроентериналниот тракт;
• Инфекции на уринарниот тракт;
• ендометритиоза - воспаление на слузницата на матката;
• Инфекција на раната;


Индикации за царски рез:


• Претходен царски рез;
• Не напредување на породувањето,  во текот на нормално породување;
• Фетален дистрес;
• Повеќекратна бременост;
• Повреда на плацентата и плацента превиа;
• Активна инфекција - херпес гениталис;
• HIV инфекција на мајката;
• Кардиоваскуларна болест на мајката;
• Пелвео-фетална диспропорција - тесна карлица / крупен плод;
• Хипертензија на мајката;
• Неправилната местоположба на плодот;

Рехабилитација по царски рез

Рехабилитацијата по царски рез е слична на секое опоравување по хируршка интервенција, со таа разлика што сега имате бебе.

Симптоми по операцијата


• Гадење, повраќање - докторот кој ве следи ќе ви препише лекови против повраќање;
• Контракции на грлото на матката - по операцијата (12-24 часа) ќе почувствувате контракции, кои ќе се засилуваат за време на доење (враќање на матката кон првичните димензии);
• Болка при мокрење - по отстранување на катетерот. Катетерот се отстранува на 24-от час по операцијата и е потребно да се започне со спонтано уринирање во интервал од 2 часа;
• Главоболка. Како пропратен ефект од анестезија можете да имате главоболка. Наш совет е да пиете по литар и половина вода дневно. Пријавете ум го на гинекологот и анастезиологот овој проблем;

Хигиена


Можете да се туширате секој ден, под услов раната да ви е покриена со водоотпорен завој. Хигиената е важен дел од опоравувањето. Испишувањето од болница по
царски рез обично е на петтиот ден по операцијата,  под услов немате компликации и бебето да е добро.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Развој на фетусот месец по месец - видео
Бремена сте? Честитки! Дали сте љубопитни колку е големо вашето неродено бебе во развој, како изгледа вашето бебе додека...
6
Што чувствува бебето во 9-от месец од брем...
Штом жената дознае дека очекува бебе, нејзиниот живот се менува на начини на кои можеби никогаш не ни замислувала
4
Флуорот во борбата против забниот кариес
Во превентивата против забниот кариес најголемо место им припаѓа на флуоридите. Флуорот во организмот се наталожува во к...
3
Осуда за предлог законот за абортус!
Писмо потпишано од 91 организација од целиот свет изразија поддршка на иницијативата на македонските организации кои што...
3




Анкета

koe ime e poubavo?
lukas

prvoto ili vtoroto?

Megi (70%)

Hani (30%)


Број на сите гласови: 89

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!