Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Дали бебето дише?
Бебињата не дишат рамномерно бидејќи нивниот респираторен систем сеуште не е доразвиен. Тоа е сосема нормално. Во втората година од животот, децата започнуваат да дишат порамномерно. Постои мала веројатност дека детето ќе престане да дише доколку не постои некоја видлива причина за тоа и доколку ги следите упатствата за превенција од СИДС (синдром на ненадејна смрт кај доенчињата). Во текот на првата година, детето треба да спие на грб или странично со потпора.
Дали детето премногу плаче?
Плачењето се менува, во зависност од возраста на детето. Доенчињата, преку плачење ги искажуваат своите потреби, па поради тоа, на таквите барања треба веднаш да се одговори. За бебињата, повременото плачење во текот на денот е сосема вообичаено. Треба да се загрижите доколку постојаниот плач или болното липање траат без престан, повеќе од еден час. Во тој случај, одете на педијатар, бидејќи причината може да биде од здравствена природа.
Страв од болести
Сосема е безбедно да се извади здравото бебе на прошетка во природа. Бебињата се раѓаат со антитела од мајката, кои ги штитат и го формираат нивниот имунитет во првите месеци од животот. Меѓутоа, добро би било да се избегнуваат места, каде има многу луѓе, како што се пример трговските центри за време на викендот. И секако, редовно мијте ги рацете!
5
4
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Бременоста е природна работа и треба да се доживее со радост, но и со ...
Каде исчезна мојот сексипил по породувањето?
По породувањето, многу жени се прашуваат кога повторно ќе се чувствува...
Зошто градите стануваат чувствителни во бременоста?
Чувствителните, отечени или болни гради се меѓу најраните знаци на бре...
Што е менструален циклус и како функционира?
Менструалниот циклус е природен процес во женското тело што го подготв...
Работи кои не треба да ги загрижуваат родилките
Понекогаш луѓето избрзуваат со непромислени коментари. Иако знаејќи ко...