|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

На кафе со Александар Николовски

Марина Кљајиќ Петковски, 20.7.2021
Александар Николовски е дипломиран инженер по информатички науки и компјутерско инженерство, а истовремено страстен математичар и огромен фанатик на убавиот пишан збор и, воопшто, на литературата. Денес разговараме со него

image
/11


Роден е и живее во Велес, каде што го завршил основното и средното образование. Уште откако знае за себе, неговото пишување е неговата неизмерно голема љубов и секогаш се чувствува најисполнето кога твори. Со своите дела (и поезијата и прозата) гледа што повеќе да допре, пред сè, до читателот како единка, а ликовите што ги разработува, се обидува подеднакво да ги прикаже со доза на реалност во поглед на нивните постапки, предности и мани, исто како што се и луѓето во самиот живот. Се надева дека со секое напишано дело напредува и расте како автор. Неговото досегашно творештво се состои од 13 романи (од кои 6 се официјални), една збирка поезија и неколку кратки раскази.

*Романи

-Марко и ласицата (2007)

-Едно незаборавно летување (2008)

-Сиромашната цвеќарка (2009)

-Таинствениот скелет на островот (2010) - Добитник на награда од конкурс за младинци, распишан од Општина Велес во 2011 год.

-Мрачни тајни (2012)

-Луда куќа (2013)

-Проклето богатство (2014)

-Џокер во покер (2017) - Добитник на награда од литературен конкурс на УНЕСКО во 2017 год.

-Страв од вистината (2017)

-Невеста од соништата (2020)

-Змијарот (2020)

-Ќе посакаш да умреш (2020)

-И мртва ќе те мразам (2021)

 

6

 

*Поезија

Поле со камилица (збирка поезија составена од 40 песни)

 

*Кратки раскази

-Половина ѓеврек

-Огледало

-Никој нема право

 

Во продолжение на наше огромно задоволство разговараме со овој наш млад и доста успешен автор. Уживајте!

 

1. Кажи ни нешто за твоите почетоци? Кога стана свесен за твојот талент?

-Моите почетоци датираат уште од основно училиште. Најпрво пишував кратки песни и состави кои требаше да бидат во улога на раскази, за потоа некаде во седмо или осмо одделение да  се обидам и успеам да напишам подолго прозно дело односно роман. Што се однесува на тоа кога станав свесен за својот талент, најискрено не би можел да кажам. Можеби тоа се случи со овие официјалниве романи кои имаат можност да ги читаат сите. Веројатно во тој момент кога почнав да добивам позитивни критики, од луѓе кои воопшто не ги познавам, сфатив дека во мене има нешто, има некој талент кој нели треба да го развивам. И секој ден сè повеќе верувам во ова бидејќи ако блиски луѓе ви кажуваат дека ви е одлично делото, тоа го прифаќате едноставно со доза на песимизам бидејќи знаете дека тие ве сакаат и сè што ќе напишете за нив ќе биде добро. Но, кога од читатели кои не ви се ништо ќе добиете неверојатно позитивни критики, почнувате да верувате едноставно дека ако ништо друго, барем имате потенцијал за да бидете автор.

 

1

 

2. Како сфати дека сакаш да бидеш писател?

-Прво и прво, јас не би се нарекол писател, туку ете раскажувач, бидејќи за да бидете писател во вистинска смисла на зборот ви треба многу работи кои ете сметам дека мене ми недостигаат засега или ги немам во доволна количина. Пишувањето отсекогаш сум го сакал, дури и кога на училиште требаше да напишеме состав за тоа како сме го поминале зимскиот или летниот распуст, но дека сакам да бидам автор со повеќе книги зад себе, веројатно имам сфатено во последниве две години. И тоа можеби се должи на успехот на моите две први официјални книги, ,,Џокер во покер ” и  ,,Страв од вистината”. Едноставно самите читатели ти создаваат некој елан за да напишеш следно дело односно знаеш дека има луѓе кои со голема доза нетрпеливост чекаат да видат и прочитаат каква следна инспирација си добил, и верувајте тоа е за нив среќа и радост, а за Вас лично како автор значи како да сте донеле уште едно дете во Вашиот книжевен свет.

 

3. Кога започна со пишување и како увиде дека тука ,,лежи” книга?

-Со пишување, како што кажав имам започнато уште во основно училиште, со тоа што за време на средното училиште и факултетот напишав уште неколку дела кои ете можеби се на некое пониско ниво, но тие се дефинитивно мостот преку кој сум поминал за да стигнам до овие веќе шест официјални книги за кои ете можам да кажам дека се на некое пристојно ниво за да може да бидат понудени на читателите. А книга може да ,,лежи” буквално во една најосновна случка од животот или нешто што сте го виделе. Тоа е појдовната точка која потоа нели треба да знаете и умеете како да ја збогатите и проширите за да можете да ја преточите во роман.

 

4. Колку долго трае процесот на пишување една книга? Од каде инспирација? Кое ти е омилено време за пишување?

-Ова е малку релативно прашање од причина што тоа зависи од книга до книга, како и од времето кое го имате на располагање, бидејќи нели ние авторите не го работиме само тоа. Кај мене лично пишувањето оди релативно брзо, значи за месец-два можам да ја напишам книгата, но многу повеќе време ми одзема самото смислување на приказната, ликовите и сл. Сума сумарум пишувањето изгледа навидум лесно ако сè ви е веќе во главата, па само треба да го пренесете на хартија или во компјутер. Инспирацијата воглавно ја добивам од психологијата на луѓето односно до каде тие се подготвени да одат за да добијат нешто, да заштитат некого или пак да спречат да се откријат нивните тајни. И потоа, тука се оние заплети и пресврти кои освен што треба да ја направат книгата интересна и забавна за читање, преку нив најдобро се воочува креативноста и интелегенцијата на авторот за да си поигра со Вашиот ум. Во однос на времето за пишување, пишувам секогаш кога можам или имам инспирација. Иако не избирам точен дел од денот, најголем дел од главите во сите мои книги, барем досега се напишани во доцните вечерни часови. Ако почнам тогаш, верувајте тешко се запира.

 

2

 

5. Досега имаш шест книги, чиј издавач си самиот ти. За нив активно се водат дискусии меѓу читателите низ книжевните групи на Facebook. Колку ти си задоволен од бараноста на истите и фидбекот кои ги добиваш?

-Јас сум презадоволен! Не би знаел да употребам друг збор. Едноставно, секоја од шесте книги и покрај тоа што се без издавач, и покрај тоа што демек некои од нив имаат нетипични наслови па и за некого страшни корици, доживеа многу поголем успех од моите очекувања. Сосема ги надмина моите првични скромни желби, на што особено се радувам. Искрено, не ни морам да одговорам на ова прашање, доволно е да отворам било која книжевна група за да ја видам нивната присутност кај читателите.

 

6. Дали некоја од твоите книги ти е омилена, подрага меѓу сите?

-Ова е како да го прашувате родителот кое му е омилено дете, па затоа ќе одговорам малку дипломатски. Најискрено немам омилена книга, колку и да сум размислувам не сум дошол до одговор на тоа, но ете мислам дека сепак ,,Страв од вистината” според мислењата на читателите се издвои со својата специфичност, без разлика дали сакаме да го признаеме тоа или не.

 

7. Дали е исплатлива кариера да си писател во нашата земја?

-Искрено, од финансиски аспект воопшто не е исплатливо. Едноставно, тешко дека би можел некој автор да живее само од пишувањето затоа што кај нас тоа е просто невозможно. Мора да работите нешто друго кое ќе ви носи сигурни приходи, бидејќи за да бидете само писател и да се пофалите дека опстојувате само од тоа, би требало на секој месец да имате нова книга која ќе ви се продава во солиден број примероци, а тоа е апсолутно неизводливо. Според мене, авторството може да ви донесе само некој дополнителен финансиски бонус кој ете ќе ви се најде за некое мало ситно задоволство.

 

3

 

8. И самиот си активен во групите, па кој е твојот впечаток - какви читатели се Македонците? Се читаат и ценат македонските автори? Имаш ли некој омилен македонски автор?

-Македонците се навистина топла читателска публика која знае што сака и има изградени свои високи критериуми иако сепак мислам дека честопати се водиме по она што е популарно или што одредени членови по книжевните групи ни го препорачуваат. Најпосле, ризикот е наш дали ќе посегнеме по некоја книга. Едноставно секој за себе си знае што најдобро му лежи и која е неговата конфорна зона. Што се однесува на македонските автори, од она што можам да го забележам е дека последниве година-две зголемена е тенденцијата на нивно читање, особено на оние помладите и не толку звучни имиња, што апсолутно ме радува. Ова е добар и значаен чекор напред, но мислам дека не е доволен, иако нели од некаде мора и да се почне. Нам ни треба уште многу за да бидеме од оние земји во кои домашните автори се светост. А од нашите автори мене отсекогаш омилен автор ми бил и веројатно ќе ми остане уште долго време, Горјан Петревски.

 

9. Знаеме дека омилен жанр за пишување ти е трилер. Кога станува збор за читање, кој жанр го преферираш? Кој е твој омилен автор?

-Трилерот и мистеријата се мојот омилен жанр, буквално како пакет. Не залудно одбрав моите дела да се токму од тој тип бидејќи токму трилерот ви дава можности да си играте со ликовите како ниту еден друг жанр. За избор на читање воглавно преферирам трилери, но меѓу неколку од нив знам да направам пауза и да посегнам по добра драма или романса. Кога станува збор за омилен автор, не би можел да издвојам еден, затоа ќе набројам неколку. Листата со мои омилени автори, во преден план ја сочинуваат: Агата Кристи, Донато Каризи, Тес Геритстен, Ју Несбе итн.

 

10. Што според тебе ја прави една книга добра?

-Ова првенствено зависи од тоа што читателот бара и очекува  од некоја книга. Некој бара описи, друг течно дејство, трет интересени настани и експлозивни краеви, четврт емоции и чувства итн. Некој ги бара сите овие работи заедно. Но, ако морам да одговорам, за мене добра книга е онаа која ќе ја паметам долго по читањето, без разлика на жанрот. Мислам дека поголем дел од читателите би се согласиле со мене.

 

4

 

11. Што би им порачал на сите оние писатели во обид кои негуваат желба за пишување, но се плашат да издадат свое дело?

-Кратко и јасно, би им порачал да се обидат да го претстават своето дело пред читателите, без разлика дали ќе го издадат самостојно или преку издавач. Да не го чуваат во фиока она на кое работеле со месеци, а можеби и со години. Ако ништо друго, барем ќе им остане утехата дека некогаш се обиделе. Не дека и имаат што многу да загубат. Исто така да бидат упорни и да веруваат првенствено во себе, а и во приказната која ја имаат да му ја понудат на поширокиот аудиториум. И она можеби најважното, треба да бидат подготвени и за критики бидејќи со сигурност нивното дело нема да им се допадне на сите.

 

12. Кога да очекуваме нешто ново од тебе?

-Со оглед на тоа дека последната книга ,,И мртва ќе те мразам” излезе пред два месеци и е релативно нова, не би се брзал околу следно дело. Дали ќе има нова книга до крајот на годинава или следната година, останува да одлучи инспирацијата и времето кое би го имал за пишување.

 

Му благодариме на Александар што одвои време за да го направиме ова интервју и му пожелуваме уште поголеми успеси во иднина. А сите Вие, кои сте заинтересирани за неговите книги, а сè уште не сте ги набавиле, тоа можете да го сторите со директна нарачка во порака кај самиот автор на неговиот Facebook профил.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Најубавите фустани од доделувањето на Оска...
Актерките блеснаа во полн сјај на 86-то издание на најпрестижната награда за филмско остварување Оскар. Погледнете ги кр...
3
Убави и оригинални идеи за велигденските ј...
Овој Велигден трансформирајте ги јајцата во вистински уметнички дела со овие оригинални идеи
3
На кафе кај Милена Лунеска
Милена за себе вели дека е пред се мајка, сопруга, па потоа економист и писател. "Годините, а и животот, ме оформиле ка...
3
Поддржуваме мали бизниси: Брзо подароче
Во потрага сте по подароче за на мекици или повојница, можеби за крштевка или роденден, за бебе или детенце? Подароче ко...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?