|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Препознатлива во виртуелниот свет по нејзините блогови, сопственик на мал бизнис, по професија графички дизајнер, по природа минималист, жена која инспирира и мотивира, посветена сопруга и мајка

image
/11


 

Принципот по кој се води како мајка и кој би го упатила како совет до сите сегашни и идни мајки гласи - „Не дозволувај своите стравови да му ги наметнеш на твоето дете. Тие се твои стравови, не негови. Работи на нив!"

Вака би ја најавиле нашата денешна соговорничка - прекрасната Моника Зец.

 

Рингераја: Добредојде Моника. Задоволство е да се разговара со тебе :) За почеток, како ти би се опишала себеси?  

Моника: Пред се здраво. 

Јас сум Моника Зец, по име и презиме.

Моника која е, ох Моника е само една многу обична жена којашто силно верува дека ќе го промени светот на подобро место и тие соништа ги имам уште од најмала возраст и конечно ми се исполнуваат.

Себеси би се опишала како вечен оптимиста и голем борец. Секогаш пробувам да имам позитивен став кон животот без разлика на се. Верувам во добро и верувам во љубов и магија и се уште и верувам дека со тие сили можеме да одиме напред и да живееме онака како што сакаме.

 

Рингераја: Во виртуелниот свет важиш за испиративна личност, луѓето те препознаваат по твоите блогови, Инстаграм профилот и Аудио блогот.

Покрај што за одржување на истите се вложува труд и време,откриваме и дел од својата приватност. Како одлучи да ги отвориш истите и како на нив гледаш ти?

Моника: Пред се фала! Многу ми значи сето ова, мислам дека не ни можам да опишам колку многу ми значи ова.

Водење на Инстаграм профил и блог и аудио подкаст за мене лично е огромен излез од мојата комфорт зона, колку и тоа можеби да не е видливо и несватливо за многумина.

Откако станав мајка и за прв пат се соочив со поголемите проблеми не само на мајчинството туку и во животот воопшто и кога благодарение на мојата борбеност и инстинкт почнав едно по едно да ги решавам и да почнувам вистински да уживам во животот сфатив дека можам моето скромно искуство да го споделам со другите се со цел да им дадам поинаква перспектива па и да им помогнам, зошто на истиот начин мене ми беше помогнато. Тогаш и го започнав својот личен бизнис Kids&Co се со цел да им помогнам на мајките прво со проблемот со спиење па после и со јадење и ред други работи, за коишто верувам нема крај :). После речиси 1 година водење на бизнисот нешто постојано ми недостигаше и се чувстував како недокажана некако. Од тука решив дека редно време е да почнам и со аудио подкаст и блог и сл.

Моите фотографии некако станаа доста препознатливи не само за мене туку и за мојот бренд, но некако нешто недостасуваше за таа слика да биде целосна, да тој визуелен идентитет биде целосен.

 

Рингераја: Мајка си на слатката Ема. Најчесто прашање за мајките е како мајчинството ги променило :) Па која е разликата помеѓу Моника и мама Моника? 

Моника: Ох ОГРОМНО! Искрено на моменти дури си викам WOW. Како е возможно да едно толку мало суштество толку многу може да ме промени. Толку многу да ме научи работи за себеси коишто до пред да станам мајка не сум ги знаела дека воопшто постојат, дека се дел од мене.

Борбеноста е нешто што кај мене стана x100 пати посилно од претходно. Иако секогаш сум била многу борбена личност и истрајна но сега откако станав мајка многу ама многу повеќе. Трпеливост! Трпеливост! Трпеливост :D Ако нешто не знаев дека децата не учат тоа е трпеливоста и целиот тој тренинг. Одговорноста не само за мене туку и за другите околу мене стана огромна. Свесноста е нешто што не можам да го опишам искрено. Здравите навики коишто сега ги имам се нешто незамисливо за мене пред да станам мајка. Грижата за себеси и своето ментално здравје НАЈБИТНО од се.

Мајчинстово менува многу. Родителството е нешто што колку и да не сакаме или да не сме свесни многу не менува. Но најбитно од се е да станеме свесни за животот кој го живееме и како истиот се рефлектира врз нив, врз тие невини суштества.

Рингераја: Како накратко би ја опишала твојата трансформација во мајка - преку искуството со бременост, породување, доење, дохрана...?

Моника: Можам да кажам само дека ние мајките и сите идни мајки апсолутно поима немаат што значи мајка и што всушност се случува со самата жена, нејзиното физичко тело, психата. Проблемите коишто следат откако детето ќе дојде на овој свет и колку има огромна дупка во целиот систем. Од болниците до сите други инситуции. Навистина е жално зошто никој не не едуцира, зошто воопшто не се зборува на одредени теми, зошто никој ништо не кажува а има многу да се каже.

Јас искрено имав одлична бременост и одлично искуство при пораѓај, но после тоа доживев страшен шок и промени за кои не ни бев свесна колку голема улога јас и моето незаење игравме. Од неспиење до доење до што се не. Едно по друго се редеа сите промени и проблеми и мислам дека очекувањата не ми беа ни приближно исполнети.

Затоа пробувам да зборувам на овие теми, зошто мислам дека со едукација сето тоа може да се промени на подобро. За не само бебето туку и целото семејство да живее подобро.

Замислете имаме 10 семејства ненаспани, нервози, уморни, кои постојано се расправаат едни со други. Од тие 10, 3 да ја прочитаат мојата или приказните на другите мајки и да применат нешто веднаш работите ќе почнат да се менуваат. Од тие 3 макар 1 да продолжи имаме уште минимум 2 семејства кои одат на подобро. Веќе од тие 10 се 5 кои живеат многу подобар и поквалитетен живот. Веднаш ќе почне и општеството да се менува и на крајот нашите деца ќе растат во поубави услови.

1

Рингераја: За каков тип на мајка се сметаш? Какво дете е Ема? Кој е најдобриот совет за мајчинство кој си го добила?

Се сметам за реална мајка. Мајка којашто има добри и лоши денови. Но мајка која помествуа свои лични граници и ставови за доброто на детето, но сепак максимално своја. Мајка која има граници поставено но сепак дава многу љубов и разбирање. Мајка којашто комуницираааа многу ама за се. 
Ема е за мене најдобро дете што може да постои. Секое дете за мајката е најдоброто и тоа така треба да биде.
Ема е многу чувствителна, многу почитува и многу своја. Има свои ставови и желби и знае што сака и многу често тоа го гледам како позитивна работа без разлика колку и мене да не ми се допаѓа во моментот. Ема исто така е многу љубопитна и сака да истражува, и тоа е една од нејзините особини коишто често гледам да напредува и да се развива и тоа е нешто на коешто јас многу обрнувам внимание и се надевам никогаш нема да ја изгуби таа љубопитност за светот.
Совет искрено не ми останал ни еден во глава, но јас имам еден според кој јас се водам, а тој е следниот: не дозволувај своите стравови да му ги наметнеш на твоето дете. Тие се твои стравови, не негови. Работи на нив.

 

 

Рингераја: Какво искуство имате со градинка?

Моника: Одлично! Одлично од секој можен аспект. Дефинитивно верувам дека на децата местото им е помеѓу деца. Така се развиваат најсоодветно, учат многу нови вештини.

Рингераја: На Инстаграм се популарни твоите рецепти. Многу често мајките ги пробуваат и споделуваат. Ема често те дружи во кујна :) 

Твој совет до мајките на деца нејадачи?

2

Моника: Едукација и тргање на сопствените стравови и мисли на страна.

Со самото тоа што мајката го етикетира своето дете како нејадач почнува проблемот. Децата имаат фази кои се многу нормални. Не можеме да очекуваме од бебе ако не сака да јаде каша да јаде каша. Или од 2 годишно дете да јаде брокули и што се не како што јадело до пред некое време.

Многу е важно да имаме реални очекувања.

Многу е важно да поставиме граници со храната. Нешто што ние и те како не знаеме што значи и како се поставуваат истите и која всушност е улогата на истите.

Ние мајките многу често знаеме да си ги “предвидуваме” работите и знаеме дека нашето дете нема шанси да јаде брокула на пример па затоа не ни пробуваме.

Но кога ќе бидеме упорни и истрајни и ќе поставиме цврста граница дека тоа е тоа што го имаме за јадење ако сакаш повели ако не, не мораш јас го почитувам твојот избор, но почитувај го и ти мојот труд, ќе имаме резултати. 

Но сепак да бидеме реални. Не можеме на 2 годишно дете коешто никогаш не јадело брокула во животот да му го направиме ова, тоа едноставно нема да фунционира.

На крајот на денот мораме да сфатиме дека децата мораат да изградат сопствен однос со храната за нив, не за нас. Не треба нас да ни ја задоволат потребата да јадат зошто ние мислиме дека треба да јадат. Треба да јадат зошто ја чувстуваат таа потреба, зошто се слушаат себеси.

Рингераја: Мајчинство, брак, дом, ментално здравје се темите за кои пишуваш во своите блогови. Од каде црпиш инспирација и позитивна енергија, која зрачи од тебе дури и виртуелно?

Моника: Искрено од секаде. Од Инстаграм, од Пинтерест, од ќерка ми и маж ми. Од природата. Често знам да се исклучам од интернетот и да уживам во моментот и буквално да полнам батерии. Тука добивам најмногу инспирација.

Рингераја: Ема е љубител на книгите, исто како и мама:) Како да се израсне дете читател? Кој е твој омилен жанр? Која според тебе е книга што секоја жена треба да ја прочита?

Моника: Дете читател искрено не знам … мислам дека со самото тоа што јас и читав уште од најмала возраст некако и ја вродив таа љубов за книгите. До ден денес без исклучок, без разлика колку и да ми бил лош денот или да сум уморна или да немам сила со малото прсте да мрднам, книга секогаш се чита пред спиење.

Мој омилен жанр во моментов е психологија. Но во моментов. Постојано се менуваат тие работи исто како што се менуваат проблематиките во мојот живот :). Книга што секоја жена треба да ја прочита леле не би знаела да кажам искрено. Има многу убави книги, зависи што и е потребно на секоја жена. Една ако би морала да одвојам тоа е Папата Јована.


Рингераја: Како се роди приказната Kids&Co?

Моника: Од потребата да им помогнам на другите мајки и да им ја пренесам мојата приказна.

Рингераја: Колку луѓето умеат да го препознаат и ценат трудот од рачната изработка? 

Моника: Искрено многу повеќе од што мислиме. Но баш поради тие предрасуди ние коишто се занимаваме со таа работа недоволно зборуваме и недоволно ги информираме останатие за целиот процес позади сето тоа.

Рингераја: Имаш успешна кариера, посветена сопруга си и мајка, активна на многу полиња. Како изгледа еден твој ден? Ти останува ли слободно време за себе? 

Моника: Денот секогаш ми почнува со време за себе, тука е таа промена за којашто зборувам. Кога човек ќе се стави себеси на прво место и ќе ги задоволи своите основни потреби станува една здрава и посреќна личност и со тоа живее еден многу поубав и поздрав живот. А детето, сопругот, домот, кариерата и сите други пропратни работи само ги добиваат бенефитите коишто јас ги ширам благодарение на таа работа на себеси и на тие 30 минути во денот посветени на себе. 

Не можеме да даваме ако ние не примаме. Едноставно нема логика.

Денот ми започнува со грижа за себеси, медитација, дневник на благодарност, книга. Сок цеден и кафе на мир и раат, без телефони без никакви дистракции. Време поминато само со себеси прво па после со семејството. 

Но постојана и постојана работа на тоа секој ден да биде вака.

Рингераја: Каков совет би дала на оние кои размислуваат за сопствен бизнис?

Моника: Just go for it! Не знам на македонски соодветно да го преведам. Почнете и терајте. Пречките ги има секаде, во секоја земја. И во УСА и во Англија и Франција. Секаде е подеднакво тешко и подеднакво лесно да се започне бизнис. Ако тие пречки ги гледате како повик за раст и одење напред се се менува. Менувајте ја вашата перспектива и само напред. Конкуренција само сами на себеси можете да си бидете, никој друг.

Рингераја: За крај, што би им порачала на читателите на Рингераја?

Моника: Да го живеат животот онака како што сакаат и постојано свесно да се борат за тоа.

Ниеден живот не е совршен и сите имаме свои сопсвени проблеми, меѓутоа како ние се носиме со ситите и што превземаме за нив е тоа што не одвојува. Упорноста и работата секогаш носат плод без разлика на се.

Бидете свесни и помалку уплашени. Работете на себе и своите цели.

Живејте онака како што сакате.

Ви благодарам

М

И' благодариме на Моника за издвоеното време. Вистинско уживање беше дружбата со неа. 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Вештачката интелигенција ги управува апара...
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќинството имаат функции напојувани од алгоритми за ...
11
Направете најубави Велигденски украси!
Идеи за брза Велигденска декорација
4
Собни врати: Како да изберете совршена вна...
Ви претставуваме 5 работи кои треба да ги земете во предвид пред избирање на собни врати за вашиот дом
3
Дренвин - Извонреден природен помошник про...
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле производот и забележале значителни подобрувања во нив...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?