|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

марко: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 7.3.2011
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/11


Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

Детали

Ник: марко

Датум на породување: 25.10.2010 година

Тип на породување: царски рез

Болница: во Охрид

 

Цела бременост ми помина во читање приказни, знаев дека ќе станам и јас дел од нив. Бремена останав по желба на двајцата, ни се исполни сонот, тоа го сакавме. И покрај трите теста што ги направив и беа негативни нешто во мене велеше поинаку, бев толку убедена дека сум бремена што сестрите ми се смееја кога им кажав дека ќе одам да направам тест за бременост преку анализа на крвта. Бев на работа и со маж ми чекавме да ми се јави докторката, а кога се јави посреќни од нас немаше. Бев бремена. На сестрите им се јавив и им кажав дека ке станат тетки, а тие беа пресреќни како и сите дома. Половина бременост ми помина во подготовки за свадбата. Пред свадбата направив пак контрола и секако она што сакавме да го знаеме беше полот. Синче...
Со душа чекав да помини времето и конечно да се сретнам со сонцето мое. Бременоста ми помина мирно, сите резултати ми беа супер. Конечно влегов и во деветтиот месец. Отидов на ЦТГ и ми регистрираа болки како за породување, ама јас ништо не чувствував.Си мислев дека нема да стигнеме до терминот кој ми беше на 25.10.2010. Спремав торбица и чекав. Ги чекав болките и во себе се молев да ме фатат, колку нестрплива бев ама ништо, на сонцето мое не му се излегуваше. Дојде и 25 октомври, а јас ништо од болките заминав на болница да видам што ќе кажат. Повторно исто, болки на ЦТГ и ништо повеќе. Докторката ми рече - дојди во среда дежурна сум ако имаш пак болки на ЦТГ ќе те задржиме. Бев пресреќна, знаев дека средата ќе се сретнам со тоа мало човече што го сакав најмногу од се. Заминавме со маж ми, золва ми и свекрва ми и така како што си мислев ме задржаа на одделение. Ми беше некако тешко за маж ми, одвај ги запрев солзите да не ми потечат и го испратив. Бев цело време насмеана, пресреќна. Часот беше некаде 9 наутро кога влегов во собата каде што се чека да дојде моментот за породување. Во собата имаше уште  две жени кои беа преплашени, а јас со смеењето мое и моите зафрканции ги заразив. Се смеевме и како што поминуваше времето така на крај останав сама. Болки немав си мислев до кога ќе чекам. Во 16h  ми го пукнаа водењакот и пак ништо, ми ставија и инфузија да добијам болки, но болките дојдоа дури во 17h и нешто, а сонцето мое никако да слези долу. Имав јаки болки ама глас не пуштив -ќе издржам- си велев. Докторката дојде и реков дека многу се јаки болките и ми рече ако не се отворам до 18h ќе мора да ме породат со царски рез.
Се разочарав, сакав да го почувствувам моментот кога ке го видам златото мое, ама некогаш не е се баш онака како што сакаме. Ме однесоа во салата и во 19:30h се разбудив и ми вика докторот-имаш син нека ти е жив и здрав, многу убаво бебенце, твоите го видоа. Каде е прашав може да го видам? Плачев од среќа ! Одмори се вечерва утре ќе ти го донесеме. Се уште бев во шок од инфузијата па сум презаспала и во 22h кога се разбудив ја викнав сестрата да ми го донесе да го видам и кога го донесе на среќата моја и немаше крај -лепотанчето мое, Марко мој, беше исти на маж ми. Ах си викам кој ќе дочека до утре.
Ноќта ја поминав будна, ја чекав утрешната средба, а кога дојде, бебето мое никој не го носеше. И покрај моето постојано прашување, каде ми е бебето, донесете ми го, одговор не добивав. Помина утринска визита и од милион поставени прашања добив одговор, чекај ќе видиме. Уште ли да чекам си помислив. Почна некое непријатно чувство да ме обзема и ме фати паника кога видов дека на сите жени бебињата одма после породување им ги даваа само моето сеуште го нема. Денот помина кој ќе ја преживее ноќта си мислам, никој ништо не кажува, пак милион прашања без одговор, со солзи ги молам да ми кажат што е со сонцето мое, болка градите ми ги стега и се гушам од солзи и си викам штом нема одговор нешто се случува а јас не знам. Пред мене слика од бебиња и на нив пишува -Само доените бебина се чувствуваат сигурно и сакано- Повторно река од солзи, само моето го нема покрај мене, барем да го видам да му кажам дека сум тука, да ми го слушни гласот, да му кажам дека и тоа е сакано дека не е само, ах каде си ти таму некаде јас ваму, барем да ми кажат што се случува. Сето ова ми поминуваше низ глава цела ноќ. Маж ми не знаеше што се случува, тагата ја делев со сестра ми и золва ми, не можев сама да поминувам низ ова. Беше 4h сабајле кога сестрите што поминуваа покрај собата си помуабетија а не знаеја дека со тој разговор срцето ке ми го доскршат и вика таа -кое е бебено во инкубатор? и го слушам имево мое се изговара, -а да тоа бебе што ке умреше за малце...
Зарем златото мое, не престанав да плачам до сабајлето, и повторно молење да ми го донесат бебето или да ми кажат што се случува. Немав сила за ништо, операцијата ме болеше, ама се обидов да станам си викам штом не ми го носите, јас ке одам да го видам. Само што станав ме фати несвестица и пот ме облеа, паднав на креветот. И покрај тоа што ми велеа да не станувам немав намера да ги послушам. Си мислам, само еден ѕид ме дели како да стигнам до таму. Влезе докторката и јас пак почнав да плачам, не секирај се рече бебето твое се стабилизира сега е добро, се роди без срцева акција па го враќаа во живот, вечерта му правевме анализи и не беа добри. Крвта ми замрзна - Ве молам да го видам не можам да издржам повеќе, два дена го немам видено не можам повеќе не можам - ја молев. -Добро рече сега одам на операција кога ќе се вратам ќе одиме да го видиме, бидејќи не смееме да го вадиме од инкубатор.
-Ве молам не ме заборавајте имам потреба да го видам!- Ти ветувам- рече и замина.
Со душа ја чекав да дојди.
После некое време влезе една сестра и ми вика-носиш алишта за бебето-таа го носеше мојот Марко кој плачеше. -Марко мој, сонце мое најмило колку долго те чекав, тука сум покрај тебе, веќе ништо нема да не раздели- плачев од среќа, а сонцето мое се смири одма кога ми го слушна гласот, го гушкав, го бакнував без престан колку бев среќна.
Дојде докторката да ми покаже како да го хранам но за миг се појави главната сестра која почна да вика-каде е бебето од инкубатор-дојде и пак го зедоа, па почна да се расправа со сестрите зошто го извадиле од инкубатор, не смееле бидејќи не знаеле како ке реагира на собна температура. Беше во право но јас ја мразев најмногу во моментот бидејќи пак ме раздели од Марко мој.
Вечерта имав посета, се видов со маж ми после три дена а и бев пресреќна бидејќи златото мое вечерта ми го донесоа и повеќе не ми го зедоа, бев најсреќната мајка на светот и сеуште сум. Златото мое има веќе три месеци, заспива и се буди со мене, тој ми е се на светот. Ете тоа беше моето доживување кое заврши со среќен крај...

Рингераја му посакува среќно детство Марко !

 

 

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Опасни лековити билки за трудници
Некои лековити билки е подобро да се избегнуваат во бременоста. Ви носиме список на тие билки и нивното дејство на орган...
3
Чоколадото и бременоста
Како чоколадото помага да се роди среќно дете?
3
Метален вкус во устата за време на бременоста
Бременоста влијае прилично на секој дел од вашето тело, а устата и вкусот не се изоставени. Но, да се има кисел метален ...
3
Како да се опуштите во текот на бременоста?
Единаесет е наутро, а вас веќе ви се спие? Ништо необично за трудница, бидејќи бебето кое расте во вас брзо ве заморува...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?