|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Мајка сум и постојано сум анксиозна

Редакција Рингераја, 9.10.2018
Што ако детето ми падне, што ако се задави, што ако му го скршат срцето...?

image
/11


Хелен Смит е мајка која отворено проговори за тешката страна на мајчинството, односно за постојаната анксиозност.

„Порано не бев анксиозна. Само безгрижно излегував од дома единствено со мислата дали ќе врне и треба да земам чадор. Но, откако добив дете излегувањето од дома ми бара огромен напор. Ми предизвикува ниво на анксиозност како да треба да се лансирам на месечината.

Колку повеќе се доближувам во вратата за да излезам ме мачат прашањата: „Дали е гладен, што ако некој му се искашла во фаца и му пренесе бактерии, што ако некој несовесен возач нè удри додека со количката ја преминувам улицата?“. Никој не ме предупреди дека мајчинството го носи ова.

Сите ме предупредуваа колку е тешко породувањето и доењето, но никој не ме предупреди за анксиозноста која ќе се роди во мене од мигот кога за првпат ќе го фатам моето новороденче во раце. Секогаш гледам потенцијална опасност и го предвидувам најлошото можно сценарио.

Дали спиеше доволно, дали е добро врзан во количката, дали има циркулација во нозете, дали ќе си ја заглави раката во количката и ќе си ја скрши вадејќи ја? И ова ме истоштува комплетно.

Постојано читам статии како да ги намалам ризиците околу моето дете. Веќе не можам да се концентрирам на разговорите со пријателите затоа што премногу сум зафатена набљудувајќи го моето дете што прави. Додека тие ми зборат за новата работа, јас сакам да им вреснам дали не гледаат дека моето дете може да го изеде куче во паркот. Мора да станам, не можам повеќе да седам и да ги слушам.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Како да се грижите за папочето на бебето?
Папочната врвца треба да падне во одреден временски период и важно е добро да се грижите за него. Погледнете како.
9
Каков треба да биде првиот разговор со пед...
Тргнувајќи уште за првиот прием кај педијатар, секоја мајка би сакала да знае каков лекар ќе има нејзиното дете
4
Лазењето го стимулира развојот и интелеген...
Лазењето е едно автономно движење на четири нозе. Повеќе лазење = повеќе стимулација
4
Внимателно со изборот на играчки за нашите...
Играчките се многу важни и корисни за развојот на бебето. Им помагаат во усовршувањето на стекнатите вештини и ги прават...
4




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?