|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Каков треба да биде првиот разговор со педијатар?

Редакција Рингераја, 16.9.2015
Тргнувајќи уште за првиот прием кај педијатар, секоја мајка би сакала да знае каков лекар ќе има нејзиното дете
Клучни зборови:

image
/11


 

Добро е да се чувствувате опуштено во кабинетот на специјалистот. Не е мудро однапред да ве обземаат негативни или позитивни чувства. Разумно би било да очекувате конструктивен дијалог, за време на кој ќе размените информации, ќе се запознаете и во голема мера ќе составите мислење. За да помине средбата ефикасно, подгответе ги однапред прашањата. По начинот на кој лекарот ви одговара, ќе почувствувате до колку достапен и отворен е тој. Има смисла да разговарате со педијатар за неговите методи на лекување и истражувања за неговата позиција во однос на доењето и поконкретни детали поврзани со темата. Прашајте го каква е неговата позиција во врска со вакцините - нивната ефикасност и начини да бидат применувани на мало дете. Сосема можно е да научите и нови работи за оваа тема.
Ако ги преферирате природните средства, а вашиот педијатар лекува претежно со антибиотици, вреди да дискутирате со него и дури да размислите посериозно.
Точно е дека понекогаш, кога болеста е во остар стадиум или едноставно не и е посветено внимание, алтернативните средства веќе не се во можност да помогнат и треба да се применат активни препарати како антибиотиците. Барајте секогаш втемелен одговор на поставените прашања. Многу е комплицирано да се следат советите на еден специјалист, ако тој не ви објасни зошто треба да се прави една или друга постапка. Вие треба да добиете можноста конструктивно да дискутирате со лекарот.  За да се случи тоа, лекарот треба да има желба и спокојство за да им објаснува сè на родителите, а вие за возврат да не отстапувате од активната родителска позиција.
Се разбира, не е исклучено вие да бидете премногу алармантна мајка која паничи при секое кивање на детето. Лекарите би требало да бидат и психолози, за да ги разбираат своите пациенти - ако педијатарот забележи дека сте склони кон претерување, треба да се обиде да ве смири. Ретко или често - сите деца боледуваат, се разбира на почетокот ќе ви биде потешко, но обидете се да ги видите трезвено работите. Ако процените дека може да имате целосна доверба на педијатарот, брзо ќе ги заборавите немирите, а од тоа сите имаат полза.
Треба да поразговарате со лекарот за уште едно прашање - дали ви дава одврзани раце да му се јавувате по телефон, за да се консултирате со него на некоја ситуација. Тоа би ви заштедило многу време.
Прашањето за детските лекари обично предизвикува кај мајките експлозија од емоции, прашања и искуства. Но, не заборавајте дека вашата улога во градењето на односите со докторот не е еднострана, бидејќи многу работи зависат од вас - родителите.
За некои мајки е доволно лекарот да ги изврши рутинските прегледи на детето, да ги дава потребниот минимум информации и да го следи неговото здравје.
За жал има педијатри кои ги занемаруваат сериозните проблеми ... А можно е и да не сте ја создале добро врската со лекарот, понекогаш дури и од чисто психолошки причини.

 

Неизбежно


Од моментот на раѓањето мајката треба редовно да комуницира со лекарите. Прво, заради потребата од постојан медицински надзор и планираните медицински прегледи. Второ, заради планираните посети на специјалисти, кои се стандардни - личниот лекар ќе ви каже кога- што доаѓа. Пасивните родители обично ги прифаќаат мислењата и препораките на експертите, додека активните поставуваат прашања и инсистираат да знаат сè што се однесува за нивните деца. Вие од кои избирате да бидете?
 

На што треба да се обрне внимание на родителите, за да се олесни работата на педијатарот?


Состојба на одделните органи и системи


Кожата: има ли знаци за иритација и црвенило, дали е бледа или необично сува, проверете го телото на детето за осип (по лицето и вратот, зад ушите, пазувите, на рацете и нозете.)
Видливите слузни обвивки на усните и усната шуплина: изгледаат ли пресуви или испукани, побарајте дали нема исип по внатрешната страна на образите, по јазикот или непцето и дали бојата е бела или црвена, дали е потечено кај непцата таму каде што ќе никнуваат заби .
Лимфните јазли: има ли оток (лимфните јазли се дел од имунолошкиот систем, зголемувањето може да сугерира за инфекција и тоа треба да се сподели со лекарот).
Очите: солзат ли, крвави ли се, пропаднати ли се, се обрне внимание на конјунктивата.
Ушите: лачат ли некаков секрет, се обидува ли детето да фаќа со прстето во нив.
Респираторниот систем:
Дали постојат тешкотии при дишењето преку нос, има ли промена во секретите, ако е така, каква точно е промената. Дали дишењето е флегматично, тешко, несигурно или нееднакво.
Вообичаено е новородените бебиња да прават по 40 вдишувања во минута, а децата на една година - од 25 до 30.
Пулсот: ако детето има висока температура измерете му го пулсот во зглобот.
Дигестивен систем: Дали е голтањето отежнато, има ли изблик за повраќање, како изгледа повратената маса, ако има таква, размислете дали причината е храна или настинка, за да го ориентирате педијатарот побрзо.
Стомачни болки: обрнете внимание на општите знаци - подуен стомак, извртување на нозете.
Уринирање: колку често уринира детето, придружена ли е со плач, напрегање, немир, има ли промена на бојата и мирисот.
Фонтанела: ако фонтанелата на темето на детето уште не се затворила - како изгледа, испакната ли е или обратно.
 

 Мајчина интуиција


Понекогаш мајката не може да именува ниту еден симптом, но сепак и се чини дека нејзиното дете некако "не е исто". Не се измачувајте, особено ако анксиозноста не одминува, а однесувањето на детето ве држи на штрек. Јавете се на педијатарот, ако не друго, барем ќе се смирите. Но не е исклучено да сте почувствувале почеток на болест која треба да се третира.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што е КОРОНАВИРУС и како да се заштитите?
Светот и во минатото се соочувал со опасни вируси кои пустошеле се’ пред себе. И иако денес медицината е напредна, сепак...
5
Чудни детски навики, кои се сосема нормални
Енергично тресење на главата, соблекување во јавност и лажно кашлање? Дали тоа е нормално?!
4
Кортикостероиди за дерматолошка примена
Кога ќе се спомне кортикостероид, кај родителите веднаш се појавува страв, недоумица и се поставуваат безброј прашања - ...
4
Како да се заштитите кога имате болен дома?
Често се случува ако еден член од семејството се разболи и другите брзо да настрадаат и тогаш имате болни цела куќа. То...
4




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?