|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Лазењето го стимулира развојот и интелегенцијата

Редакција Рингераја, 27.2.2021
Лазењето е едно автономно движење на четири нозе. Повеќе лазење = повеќе стимулација
Клучни зборови:

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Да се научи бебето  да лази или да се движи држејќи се,  додека почне да оди, бара развој на серија од вештини кои му помагаат на бебето да го контролира своето тело, да ја запознава околината и да ја развива својата интелигенција. Затоа не го лишувајте од ова задоволство, туку придружете му се во "истражувањето" на непознатиот за него свет кој го опкружува.
Повеќе лазење = повеќе стимулација.

Многу експерти за темата се на мислење дека лазењето е една специфична фаза од моторниот развој, во која би требало да помине секое дете природно. Притоа треба да се избегнува прекумерна стимулација и притисок од страна на родителите, детето да го прави тоа со сила. Треба да му обезбедиме на бебето доволно безбеден простор и удобна облека, кои не го попречуваат слободното движење, за да може само да ги открива работите кои го опкружуваат. Овозможете му  да игра на подот, давајте му интересни играчки и играјте заедно со него. Стимулирајте го  движењето, но според индивидуалните можности на вашето бебе и без да го форсирате да зазема пози и да прави движења, за кои се уште не е готово.

 
Бебето што лазело ќе се научи по природен пат да седнува само. Некои сметаат дека на 5 месеци не е  потребно бебето да може да седи, колку на околу 9 месеци, кога веќе умее да лази, бидејќи кога лази, тоа треба да зазема и седечка положба, за да може да ги прошири своите вештини за манипулација.


Добро за неговата интелигенција

Лазењето му  помага на бебето да се придвижува, да експериментира со различни материјали - паркет, тепих и слично, нови предмети и му нуди различни агли и перспективи. Движејќи се бебето ќе добие нови информации, кои ќе ги прифати преку сетилата, а слободата на движењето ќе ја разбуди неговата интелигенција, бидејќи ќе го исправи пред првите проблеми, кои ќе треба да ги решава само: како да помине меѓу две столици, како да се качи на столче итн.


Бебето кое лази  умее да се чува подобро

Освен што со  лазењето го помага развојот на  мускулниот тонус, тоа му овозможува на детето да ги вежба своите рефлекси за паѓање и тоа ќе му заштеди доста непознати работи кога ќе прооди. Штом мозокот на бебето ќе ја прифати и ќе ја развие вештината да лази, тоа ќе реагира брзо на нови и неочекувани ситуации - како да лази цик-цак меѓу столовите, без да се удира и да паѓа. Контролата над лазењето, која во почетокот ќе го окупира целото внимание на бебето, со пракса ќе стане една рутина. На овој начин бебето ќе го ослободи својот мозок од тоа и ќе обрнува внимание на други стимуланси, како на пример како да бара некаква играчка со која играат другите деца околу него. Грешките кои  ги прави, ќе му помогнат попрецизно да ги оценува движењата во подоцнежната фаза. Не постои начин да се избегне паѓањето, тоа ќе се случува, но не грижете се, затоа што децата имаат зголемен инстинкт за самоодржување, а исто така падот за време на лазење не би имал лоши последици. Затоа оставете го бебето да се учи, бидејќи тоа ќе му помогне да избегне други посериозни опасности, кога ќе почне да оди.


Цената на автономноста


Со лазењето бебето ќе биде физички независно од мама - која сега ќе мора да се занимава со обезбедување сигурност во домот. Детето ќе почне да се чувствува и емотивно послободно, веќе нема да има потреба вие да му ги давате работите кои го привлекуваат неговото внимание. Точно сега ќе имате дури и повеќе работа од порано, бидејќи постојано треба да внимавате и да не го испуштате детето од поглед  дури ни за секунда. Не заборавајте дека сепак треба да му го ограничите радиусот на дејствување на бебето кое лази - доволно широко место, безбедно и без пристап до опасни предмети, контакти и др.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Работи кои не треба да ги загрижуваат роди...
Понекогаш луѓето избрзуваат со непромислени коментари. Иако знаејќи колку мајките се сензитивни во периодот по породувањ...
20
Како да ја смирите бебешката проблематична...
Дерматитисот предизвикан од пелени, исто така познат како црвенило од пелена, е еден од најчестите проблеми кај кожата н...
3
Доењето и предвреме роденото бебе?
За повеќето нови мајки доењето е нешто што очекуваат да се случи како последична врска на раѓањето, но како е во случајо...
3
Кога може бебето да почне да пие млеко?
Периодот на воведување на различни намирници кај бебето е една од најважните фази во неговиот развој.
3




Анкета

Ime
Jana9

Ime

Dora (0%)

Mila (100%)

Anja (0%)

Ilona (0%)


Број на сите гласови: 2

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!