Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Предности и недостатоци на летната бременост
Многу идни мајки, на кои им претстои прва бременост, мислат дека напредната бременост во текот на летото е подобро отколку во зима. Од една страна, времето е убаво и удобно може да кружат по продавниците, за да се подготват за доаѓањето на детето.
Од друга - гардеробата за бремени е достапна. Освен што може да се носат некои од старите алишта како долги фустани или средно раскроени модели, во текот на летото има многу попусти, а и предлозите по продавниците се на пониски цени, споредено со оние во зима.
Летната бременост има и друга предност, имено разновидноста од свежо, сезонски овошје и зеленчук кои содржат целосен арсенал на витамини и минерали потребни за нормален развој на плодот.
Но всушност, летната бременоста има и сериозни недостатоци. Високите температури и убиствените горештини можат да бидат опасни за здравјето на идната мајка. Тие се виновни за променливиот крвен притисок. Во жешките летни ноќи, особено со голем стомак, е многу потешко да се спие, што доведува до замор.
Во лето нозете отекуваат уште повеќе, па дури и со влечки, идната мајка се чувствува непријатно. Покрај тоа, многу бремени жени се срамат да одат на море, кога се во напредната бременост. Од една страна, се загрижени за патувањето, од друга - тешко го надминуваат менувањето на фигурата.
Предности и недостатоци на зимската бременост
За многу идни мајки зимската бременост звучи непривлечно, затоа првично ја отфрлаат, но потоа сфаќаат дека и таа има предности. Во зимските месеци температурите не се проблем. Кога надвор е многу студено, идната мајка може да одмара дома на топло, да лежи, кога не се чувствува добро или да си има омилено хоби, ако е во кондиција.
Покрај тоа, многу мајки сметаат дека зимската бременост е подобра опција, бидејќи породувањето е предвидено до крајот на март, а тоа значи дека додека бебето наполни 2-3 месеци, времето веќе е сончево и идеално за долги прошетки. По истата логика, некои мислат дека зимската бременоста и породувањето во оваа сезона се добар предуслов за полесно калење на детето.
Зимската бременост има и недостатоци. На пример, лошото време ве врзува дома и прошетките на отворено се минимизираат. Ова автоматски значи и ограничена способност за движење, а и без тоа варијантите за спорт во зимските месеци се мали.
Многу идни мајки се загрижени дека месеците поминати на каучот дома ќе им се видат подолги, бидејќи ќе им стане досадно. Арсеналот од облека која треба да се облече, мрачното расположение и недостатокот на доволно свежо овошје и зеленчук дополнително ја прави зимата непријатно време за одвивање на напредната бременост.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу ...
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дек...
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Носот.
пеперутка16
Како го чистите носот на малите деца?