|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Лактоза или глутен. Што ви создава проблеми?

Редакција Рингераја, 14.7.2026
Доколку често чувствувате подуеност, болки во стомакот или дигестивни тегоби по јадење, можеби се прашувате дали причината е интолеранција на лактоза или глутен.

image
Фото:Canva/Пред да исфрлите млечни производи или глутен од исхраната, важно е да се направат соодветни медицински испитувања.
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Иако овие состојби можат да имаат слични симптоми, тие се различни и бараат различен пристап во дијагнозата и исхраната.

 

Што е интолеранција на лактоза?

Интолеранцијата на лактоза е состојба при која организмот не произведува доволно од ензимот лактаза, потребен за разградување на лактозата, природниот шеќер во млекото и млечните производи.

Најчести симптоми

Симптомите обично се јавуваат 30 минути до 2 часа по консумирање млечни производи и може да вклучуваат:

  • Надуеност,
  • грчеви и болки во стомакот,
  • гасови;,
  • дијареа,
  • чувство на непријатност во стомакот.

 

Што е интолеранција на глутен?

Терминот „интолеранција на глутен“ често се користи за состојби поврзани со внесување глутен, но важно е да се направи разлика помеѓу:

  • целијачна болест кое е автоимуно заболување при кое глутенот го оштетува тенкото црево,
  • нецелијачна чувствителност на глутен однодно состојба при која симптомите се јавуваат по консумирање глутен, но без знаци на целијачна болест или алергија на пченица.

Глутенот се наоѓа во пченицата, јачменот и 'ржта.

Можни симптоми:

  • надуеност,
  • болки во стомакот,
  • дијареја или запек,
  • замор,
  • главоболки,
  • чувство на магла во мислите,
  • кај целијачната болест може да се јават недостаток на хранливи материи, губење на тежина или анемија.

 

Како се поставува дијагноза?

Не е препорачливо самостојно да исфрлите лактоза или глутен од исхраната без претходна медицинска проценка.

Лекарот може да препорача за интолеранција на лактоза тест за издишан водород, тест за толеранција на лактоза како и проценка на симптомите.

За целијачна болест може да препорача да се направат крвни анализи за специфични антитела и по потреба, биопсија на тенкото црево.

Ако се сомневате на целијачна болест, не започнувајте безглутенска диета пред испитувањата, бидејќи тоа може да влијае на резултатите.

 

Како се лекуваат?

Интолеранција на лактоза

Повеќето луѓе не мора целосно да ги избегнуваат млечните производи. Често е доволно:

  • да се намали внесот на лактоза,
  • да се избираат производи без лактоза,
  • по препорака на лекар, да се користат препарати со ензим лактаза.

Целијачна болест

Единствениот ефикасен третман е доживотна, строга безглутенска исхрана.

 

Кога да посетите лекар?

Консултирајте се со лекар ако:

  • симптомите често се повторуваат по јадење,
  • имате долготрајна дијареја,
  • губите телесна тежина без причина,
  • чувствувате силен замор или имате анемија,
  • симптомите го нарушуваат секојдневниот живот.

 

Интолеранцијата на лактоза и состојбите поврзани со глутен можат да предизвикаат слични дигестивни симптоми, но нивните причини и третман се различни. Точната дијагноза е важна за да се избегнат непотребни ограничувања во исхраната и да се обезбеди соодветен третман. Ако се сомневате дека одредена храна ви предизвикува тегоби, разговарајте со вашиот матичен лекар или гастроентеролог пред да направите значајни промени во исхраната.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Како се менува должината на бебето?
Растењето на бебето е постепен процес. Од мала ембрионална структура, бебето во текот на бременоста постепено расте и до...
5
Воспаление на гингивата (непцата) во текот...
Воспалението на гингивата претставува еден од најчестите стоматолошки проблеми во текот на бременоста.
4
Што е ПАП тест и зошто не смее да се преск...
Кога станува збор за женското здравје постојат рутински прегледи што буквално можат да спасат живот. ПАП тестот е еден о...
3
Папочна врвца околу вратот на бебето? Прич...
Во бременоста, бебето се движи во матката што може да доведе до виткање на папочната врвца околу вратот. Оваа компликаци...
3




Анкета

помош
amelka

јас и мојот сопруг сакаме да имаме 2 дете но 1 ние 15 месеци и несме сигурни далие време за 2

да (27%)

не (32%)

не знам (19%)

секако време е (22%)


Број на сите гласови: 37

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!