Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Во нивните најнови истражувања (чии резултати беа исклучително добро прифатени на конференцијата на Американската Асоцијација за Срце во Њу Орлеанс), матичните клетки беа добиени од крв од папочна врвца. Во експериментот изведен од страна на д-р Sodian, клетките - претходно замрзнати речиси три месеци - беа „посеани” на осум подлоги за срцеви залистоци и вештачки растени во лабораторија. Како резултат на тоа, клетките не само што преживеале и пораснале, туку произвеле и важни елементи од „ектраклеточниот матрикс” т.е. дел од ткиво кое функционира надвор од клетките и е неопходно за одржување на функцијата и структурата на самото ткиво. Иако техниката ветуваше многу, д-р Sodian предупреди дека истражувачите се уште треба да поработат на некои теми, пред да почнат со обиди на луѓе.
„Ткивниот инженеринг покажа изгледи за идеална замена на срцев залисток, кој ќе трае во тек на целиот живот на пациентот и ќе има потенцијал да расте заедно со реципиентот(примателот) и да го менува обликот по потреба” - додаде д-р Sodian во неговата изјава.
Од Michael Kahn (Reuters)
Во универзитетската болница во Минхен, д-р Reichart со неговиот тим (www.herzklinik-muenchen.de) сега се стреми кон откривање на вродените срцеви маани уште пред раѓањето, за родителите да добијат можност за одлука - да ја зачуваат папочната врвца од нивното дете при раѓањето. Ова ќе биде направено врз основа на договор помеѓу универзитетските болници во Минхен и Ерланген, со што крвта од врвцата, која вообичаено по раѓањето се фрла, ќе биде транспортирана до Ерланген, обработена, тестирана и зачувана. Ова ќе му помогне на д-р Reichart и неговиот тим да им пресадат на болните деца автологни срцеви залистоци или срцеви крвни садови, добиени со вештачко одгледување.)
За дополнителни информации (во Германија):
http://www.uniklinikum-muenchen.de
http://www.herzklinik-muenchen.de
Рингераја партнер за рубриката матични клетки е Би-МЕК, ексклузивен преставник на Cryo Save. Cryo-Save е водечка европска банка за матични клетки. Cryo-Save гарантира највисок квалитет на услуга во поглед на транспорт, подготовка и сигурност на матични клетки од папочна врвца на Вашето дете. Со Cryo-Save имате можност да одберете помеѓу две различни услуги за зачувување на матичните клетки од Вашето дете:
Доколку сакате да знаете повеќе за криопрезервацијата на матичните клетки и Cryo-Save како Ваш потенцијален сервис провајдер, Ве молиме Вашите контакт информации, име, презиме, емаил и поштенска адреса да ни ги пратите на емаил mk@cryo-save.com или cryo-save@bimek.com.mk . Информативниот пакет ќе Ви биде доставен на посочената адреса. Доклку сакате да прочитате повеќе за Cryo Save и Би-МЕК на интернет, тоа може да го направите на Рингераја, или на веб страницата на Би-МЕК и Cryo Save. |
5
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Прерано одење на специјалистички преглед
Кога желбата за бебе станува силна, природно е да се појави нетрпение....
Кога паровите активно се обидуваат да забременат, секој детал изгледа ...
Рацете се едни од првите делови од телото што ги забележуваме кај друг...
Сексуална пракса при обид за забременување
Кога паровите ќе решат дека е време за бебе, често се појавуваат бројн...
Многу парови мислат дека забременувањето е едноставно, неколку обиди и...