Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Вртоглавицата е вообичаена состојба во бременоста. Во раната фаза од бременоста може да се случи бидејќи вашиот крвоток се обидува да држи чекор со зголемената циркулација. Подоцна, вртоглавицата може да биде резултат на притисокот на материцата врз поголемите крвни садови. Ниското ниво на шеќер во крвта, нискиот крвен притисок, пребрзото станување или претоплата температура, можат да допринесат во појава на вртоглавица.
Несвестицата во текот на бременоста не е многу честа појава, но ако се онесвестите причина за тоа е намалениот доток на крв во мозокот. Тоа нема да му наштети на вашето дете. Веднаш известете го лекарот за несвестицата, бидејќи тоа може да биде знак на тешка анемија.
Што да направите за да ја спречите појавата на вртоглавица и несвестица
- Секогаш полека станувајте од седење или лежење, за да може крвта да дојде до вашиот мозок
- Лежете настрана, а не на грб.
- Пијте течности и јадете солена храна.
- Јадете сложени јагленохидрати – леб, тестенини, ориз, житарици и мешункасти плодови или обидете се да јадете помалку но почесто за да го одржувате нивото на шеќер во крвта.
- Секогаш во торбата имајте суво овошје или кекси за брзо подигнување на нивото на шеќер, додека сте излезени.
- Ако ви е премногу топло, излезете на свеж воздух или ослободете ја облеката, особено околу вратот и половината.
- Ако ве фаќа несвестица легнете и подигнете ги двете нозе на повисоко ниво од телото.
4
4
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како функционира апликацијата за следење на овулацијата
Апликациите за следење на овулацијата им помагаат на жените подобро да...
Зошто е важно да ги препознавате сигналите на телото?
Нашето тело постојано ни испраќа сигнали. Понекогаш тие се суптилни ка...
Односот на детето кон храната се гради уште од најрана возраст, а роди...
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...