Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.
ВАШИОТ момент на породување!
Детали
Ник: kkkk
Датум на породување: 14.02.2008 година
Тип на породување: природно
Болница: во Битола
Судбоносното ДА го кажав на 14.02.2004 година. Наближуваше годишнината. Моето меше веќе беше големо и...да ...бев во деветиот месец од бременоста.
Бев возбудена ..но поради годишнината и прославата, која секоја година се случуваше во ресторанот каде што кажав ДА.
Утрото мојот сопруг замина на работа во 07:30 часот. Јас станав на кратко и пак се вратив во креветот но при легнувањето ,осетив дека нешто „бликна“ од мене. Ми пукна водењакот.
Се организиравме и во 8 часот веќе бев на болница.
Персоналот почна да се смее. “Кај најде на празник да се пораѓа???“
Но тоа беше најубавиот празник, денот на виното, денот на љубовта ,4 години од еден од најсреќните мигови во мојот живот, беше 14.02.2008 година.
Мојот син, кој до 6-тиот месец од бременоста не држеше во неизвесност дали е момче или девојче, па доби претежно жолта гардероба , не сакаше баш да се потруди и да и олесни на мамичка. Добив инфузија и чекав...
Некаде кај 14 часот болките станаа вистински и станав малку да шетам по ходниците.
Немаше никој со мене и тоа дополнително ми внесуваше нервоза.
Откако заврши со работата, околу 15 :30 часот, мојот сопруг се нацрта во ходникот. Помислата дека е тука ми даваше сила и елан.
„Ајде, биди храбра, роди го нашиот син, подари ми го најубавиот подарок за годишнината“ ми шепотеше тивко мојот сакан додека ми ја стискаше раката во ходникот , а неговата трепереше повеќе од мојата.
Во 17 часот сакаше да замине на кратко за да руча кај свекрва ми, која живееше наспроти болницата, но докторката го врати и му кажа дека ќе биде за многу брзо.
Мојата душичка почна да доаѓа на свет...
Иако 40 минути останав на боксот, иако примив 2 инјекции за напон во вена, иако бев целата со рани, сепак не постојат зборови кои би го опишале моментот кога едно мало раче кое беше како плиш ми го дадоа да го бакнам. Тоа беше прв пат во животот да почувствувам дека моето постоење повеќе има смисла, само ако го гледам тоа мало суштество.
Дадов живот! Не постои поголем успех, не постои поголема среќа.
ЈАКОВ се роди од голема љубов, чекан и посакуван. Се роди на најубавиот ден во годината, се роди на денот на прославата на љубовта. Има веќе 2,5 години, но јасно и гласно вели :„ТЕ САКАМ!“
Рингераја му посакува среќно детство на Јаков !
Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?
Прочитајте како во статијата Породилни приказни.
забава Бремените
Автор: bobik
Како да се изградат здрави граници со родителите?
Во секое семејство постои длабока поврзаност меѓу родителите и децата,...
Грешките не се крај, туку патоказ
Во животот често тежнееме кон совршенство, но токму грешките се тие шт...
Пастеризирано vs. Сурово млеко
Млекото отсекогаш било симбол на здравје и природна храна, но околу то...
Ако сакаш да внесеш разновидност во исхраната и да пробаш нешто малку ...
Мајчинство и сексуалност. Како се менува интимноста?
Мајчинството е патување исполнето со љубов, предизвици и големи промен...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?