yana147 во 02:27
на тема RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II
Бременоста не една жена е света работа за секое семејство и денес, но и векови наназад. Отсекогаш луѓето се стремеле да најдат начин за да можат многу порано да откријат дали една жена е бремена или не, за да може да се подготвува на тоа. Денес е лесно, жените купуваат тест за бременост од аптека, потоа брзо и во домашни услови со голем процент на сигурност дознаваат дали се бремени или не. Сепак порано, не било толку лесно и прецизно, затоа во продолжение ви даваме неколку интересни факти за тоа, како жените порано правеле тест за бременост.
Верувале или не, уште од времето на стариот Египет, жените се труделе многу рано да дознаат дали се бремени или не, и тоа го правеле на многу интересен начин. Сите жени кои се сомневале дека се бремени една недела уринирале на две семки од јачмен и пченица. Доколку никне јачменовата семка, се сметало дека ќе се роди машко, доколку пак никне пченкарното зрно се сметало дека ќе се роди девојче, но, доколку не никне ниту едно од двете семки, се сметало дека жената не е бремена. Можеби многумина одвас(од вас) ќе кажат, интересна легенда, но научниците во поново време докажале дека оваа метода има до 70 % точност.
Се до првите години од минатиот век, научниците немале скоро никаква современа метода со која би се одредувала можната бременост кај една жена, се до откривањето на хормоните. Во триесеттите години од минатиот век научниците конечно започнале да прават тест на бременост врз зајаци. Тестот се одвивал така што се инјектирало мало количество урина од жената во зајаците, а потоа се следело нивното однесување. Научниците потврдиле многу различни карактеристики на зајакот од кога во него ќе биде внесена урина од бремена жена. Од тука потекнува, до неодамна употребуваниот термин за тестирање бременост "зајачки тест".
Да, доста сложено за изговарање, но и сложено за изведување. Научниците овој метод започнале да го прават кон средината на минатиот век, со што тестот бил подостапен за народот, бидејќи тестирањето на зајаци одземало многу време и ресурси. Тестот е доста сложен за објаснување, позитивни резултати жените имале доколку на крвната размаска на која се правел тестот се добие соодветна хемаглутинација (згрутчување и групирање на клетките од крвта).
Некаде околу седумдесетите години на минатиот век започнува лесниот начин на одредување на бременоста, со земање на малку крв за 2 часа дознавате дали сте бремена. Научниците сметале дека ова е наједноставниот и најбрзиот начин да се дознае дали една жена е бремена. Но, нивното тврдење набрзо било побиено, бидејќи веќе во 1977 година во Америка бил презентиран тест за бременост за домашна употреба. Од тогаш наваму, тие тестови многу еволуирале и денеска ги имаме во сите аптеки, по навистина ниски цени и со неверојатна прецизност.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Направете ваша градина со органски зеленчук
Уште пред да знаеме, летото ќе пристигне. А за оние опседнатите со здр...
Седум причини зошто жените треба да пијат пиво
Умереното пиење алкохол позитивно влијае на здравјето. Некои нови студ...
Најдобрите фотографии од породување 2018
Раѓањето на нов живот е магичен и неверојатен момент за сите, а особен...
Фото: Борко Ристовски со синот и сопругата
Борко Ристовски несомнено е горд на своето семејство. 35-годишниот гол...
Што треба да знаат мажите чии сопруги се нервозни?
Мајка на четири деца им се обрати на сите мажи кои постојано ги прашув...