Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Јас сум само медицинска сестра. Медицинска сестра во породилната сала. Звучи забавно, нели? Па...
Јас сум само медицинска сестра, која беше присутна на твоето породување. Јас сум само медицинска сестра која те држеше за рака, те гледаше в очи и правеше да се чувствуваш
како да си најсилната жена на светот.
Јас сум само медицинска сестра која препозна дека имаш тешка прееклампсија и која издејствува
наредба од твојот лекар за магнезиум сулфат за да те заштитиме од грчеви.
Јас сум само медицинска сестра која внимателно ти го следеше дишењето со стетоскопот, бидејќи
ги знам можните компликации.
Јас сум само медицинска сестра која будно го следеше чукањето на срцето на твоето бебе
и препозна дека тоа е во дистрес.
Јас сум само медицинска сестра која те однесе на операционата маса додека твојот доктор
да пристигне на паркингот, за да родиш здраво бебе.
Јас сум само медицинска сестра која направи фотографии од твоето бебе, бидејќи ти беше сосема сама...
И покрај тоа што требаше да правам сто други нешта.
Јас сум само медицинска сестра со семејство кое мораше да помине уште еден ден без мене зашто останав
дополнителни три часа за да те поддржувам за време на тешко породување.
Јас сум само медицинска сестра која го негуваше твоето достоинство и направи да се чувствуваш удобно
кога беше најранлива.
Јас сум само медицинска сестра која го убеди твојот доктор да ти даде дополнително време пред да изврши
царски рез.
Јас сум само медицинска сестра која одолговлекуваше колку што е можно повеќе за да му се јави на твојот доктор
кога дојде време за породување за тој да не ти изврши епизиотомија.
Јас сум само медицинска сестра која ти ја држеше раката и плачеше со тебе кога ти дојде од тријажа...
а срцето на твоето бебе не чукаше.
Јас сум само медицинска сестра која нема јадено ништо по утринското кафе кое го испи по будењето... во 5 часот
наутро.
Јас сум само медицинска сестра која ќе ти дозволи да ? оставиш траги од стегање на рацете додека ти ставаат
епидурална, повторувајќи;Одлично се справуваш. Само уште малку. Ти го можеш тоа.
Јас сум само медицинска сестра која убеди мајка тинејџерка дека може да биде неверојатна мајка
и да се образова истовремено.
Јас исто така сум само медицинската сестра која стоеше до тебе додека ? го даваа твоето бебе на мајката
која го посвои. Те држев стабилно. Те гледав како трепереше. Срцето ме болеше за тебе.
Јас сум само медицинска сестра која знае дека спречувањето на еден царски рез помага да се спречат
понатамошни царски резови и сите ризици поврзани со секоја следна бременост и поради тоа би направила
се што е во моја моќ за да го натерам твоето бебе да се позиционира точно во твојата карлица.
Јас сум само медицинска сестра која те држеше за рака и ти рече: Прекрасна е. Многу ми е жал за твојата загуба
Срцето ме болеше за тебе. Таа вечер, само сакав да ги гушкам моите деца и никогаш да не ги пуштам...
но, тие веќе беа заспани, бидејќи јас останав до доцна со тебе.
Јас исто така сум само медицинска сестра која плачеше цел пат додека возеше до дома и чиј сопруг не мора дури
ни да праша „како ти помина денот“. Тој знае.
Денес.Секој ден.Ја чувствував твојата радост.
Ја чувствував твојата болка.
Ти ги бришев солзите.
Ги намалував твоите стравови.
Ги чував твоите тајни.
Те научив колку си силна.
Го спасив твојот живот.
Го спасив животот на твоето дете.
Телото ме болеше.
Срцето ме болеше.И ја сакам секоја минута.Јас сум само медицинска сестра во породилна сала.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Правилна исхрана на мали деца во лето
Малите деца, особено во лето се повеќе изложени на ризик од болести ко...
Зошто магнезиумот е важен во бременоста?
Магнезиумот е минерал од витално значење во текот на нашите животи. Ос...
Колку вода да пиете додека сте бремени?
Предлогот за пиење вода за време на бременоста е околу шест до осум ча...
Бременост.
пеперутка16
Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?