Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Колку пати во текот на денот и ноќта сте го слушале дишењето на бебето, како би се увериле дека се е во ред? Гледајќи ги сцените на породување во филмовите сите со нестрпливост очекуваме бебето да заплаче, за да бидеме сигурни дека го вдишало првиот воздух. Веруваме дека ќе се пронајдете во овие активности.
Со првото вдишување белите дробови на бебето се ставени во функција. За почеток тие полесно се затвораат, отколку што се отвораат, но за да се спречи нивното затворање, бебињата повремено дишат на специфичен начин. Со измени во интензитетот и брзината на дишење, бебето ги зајакнува мускулите на белите дробови, што на целиот систем за дишење му дава сила да не му допушти на притисокот за издишување да ги затвори белите дробови. Таквото дишење кај новороденчињата е природно.
Важно е да се знае дека во првите три дена од животот на новороденчето, низ неговите бели дробови ќе проциркулира двојно повеќе воздух отколку кај постарите деца. Тоа е заради брзата размена на материи, за што се потребни поголеми количини на кислород. Зголемената потреба за кислород се задоволува со почесто вдишување и затоа забрзаното дишење е типично за првите месеци од животот на бебето. Ако ја следите брзината на дишење во првите месеци, ќе изброите 40-60 вдишувања и издишувања во минута, додека околу 6-от месец тие ќе се намалат на 35-40, а на година дена 30 ќе бидат вдишувања и издишувања во минута. До полнолетство тој број нема да надминува 18 вдишувања и издишувања во минута.
Грижата околу тоа дали бебето дише е нормална, но природата на бебето му подарила важни рефлекси за преживување. Тоа ќе го воочите ако го легнете детето на стомак, тоа автоматски ќе ја заврти главата лево или десно, за да дојде до воздух. Кивањето и кашлањето имаат слична функција, бидејќи на тој начин од грлото или носот се исфрла се' што би можело да го спречи патот на воздухот до белите дробови.
Родителите би можеле да бидат загрижени за повремените прекини во дишењето кај бебето, но тие се јавуваат кај секое бебе и претставуваат дел од нормалниот процес за созревање на системот за дишење. Доколку прекинот трае повеќе од 12-15 секунди, значи дека детето има проблеми со дишењето и тоа треба да се сфати сериозно, бидејќи периодот поминат без кислород може да остави последици врз детското здравје, или да резултира со несакан чин. Иако таквите последици се исклучително ретки, пожелно е родителите да го следат дишењето на бебето во првите неколку месеци.
Особености на системот за дишење кај бебето
- Бидејќи во првите денови од животот бебињата тукушто почнуваат да ја развиваат техниката на правилно дишење, за нејзино совладување ќе им помогне доењето, со кое белите дробови на бебето побрзо се развиваат.
- Од третата до седмата година детето дише се подлабоко и поретко, околу десттата година детскиот систем за дишење потполно созрева и почнува да функционира како систем за дишење кај возрасен човек.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Што значат соништата за време на бременоста?
Бременоста носи многу промени: телесни, емоционални, хормонални. Но ед...
Како да играте со вашето бебе додека е будно?
Во првите неколку недели по раѓањето, новороденчето поголемиот дел од ...
Најдобри пијалоци за метаболизам и слабеење
Кога зборуваме за слабеење, често мислиме на исхраната и физичката акт...
Природни трикови за мазна и природна коса
Дали сакате мазна и уредна коса, или пак да и дадете природен изглед н...
Детството е периодот кога учиме да го разбираме светот и сето она што ...
Млеко.
Admin
По една година, кое млеко е поздраво да му се дава на дете: