|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Бебешката храна е полна со шеќери и масти!

Gordan Duhacek, 9.4.2012
Германската организација за заштита на потрошувачите Foodwatch спровела истражување за квалитетот на производите кои се рекламираат како здрави за децата. Резултатите се поразителни, со оглед на тоа што бебешката храна е полна со шеќери и масти

image
/11


 

 

Foodwatch заклучува дека прехранбените индустрии го намалуваат квалитетот и ја преват нездрава бебешката храна.

 

Уште во 2006. година пазарните аналитичари на тогаш моќната инвестициска банка JP Morgan пресметале дека прехранбената индустрија може многу повеќе да заработи продавајќи производи полни со шеќери и масти, наместо да се занимава со свежо овошје и зеленчук. Со рекламирање на нездрава храна  може да се заработат 15% повеќе пари, заклучила студијата на JP Morgan која се занимавала со соодносот меѓу квалитетот и профитот на прехрабената индустрија.

Дека тие заклучоци се сфатени сериозно покажуваат маркетиншките износи. Во Германија во 2011.година се потрошени 7,3 милиони евра на рекламирање на овошје и зеленчук, додека за рекламирање на производи полни со шеќери и масти се потрошени 780 милиони евра, од кои само 700 милиони за рекламирање на колачи и чоколада!

Така на површина излегува одговорот на прашањето зошто децата денес се се' повеќе дебели, кој се потврдува со студијата на Foodwatch, објавена овие денови, чии резултати се длабоко загрижувачки.

Имено, Foodwatch се интересирал колку шеќери и масти има во прехранбените производи, кои се претставуваат како добри за децата, па тестирале околу 1.500 различни артикли, од пудинзи до сокови и снегулки за појадок. На крајот се покажало дека ¾ од тестираните производи спаѓаат во т.н. црвена категорија, дека се полни со шеќер и дека не смеат да се консумираат. Повеќето производи, па и оние кои се рекламираат како здрави и носат ознака “Bio”, во себе содржат повеќе од 25% шеќер!

Foodwatch ги заобиколувал германските маркети од април 2011. до февруари 2012. година, собирајќи првенствено прехранбени производи наменети за децата, а како критериум за оценување ја зеле пирамидата на здрава исхрана промовирана од германската влада. Заклучокот на Foodwatch е дека прехранбената индустрија ја уништува здравата исхрана на нашите деца, бидејќи целта на прехранбените индустрии е децата рано да се навикнат на производите кои дебелеат. Децата не можат толку да вежбаат и да се движат колку што има масти и шеќер во производите на прехранбената индустрија., рече Martin Ruecker од Foodwatch.

Се предупредува дека голем проблем е и перфидноста на маркетингот, со кој се служи прехранбената индустрија, а кој најчесто ги таргетира најмладите. На пример, овошните јогурти кои се опишуваат како здрави, бомбите на витамини и био-производите всушност се крајно нездрави  и спаѓаат во црвената категорија на пирамидата за здрава исхрана. Многу од нив носат називи во кои се спомнува “kid” или “baby”, а истражувањата на институтот за прехрана од Дортмунд покажуваат дека од 1985. година па се до денес се појавени повеќе од 12.000 продукти на кои стои таков назив. Така овошните снегулки воопшто не се здрава храна и не се ништо друго освен колачи.

Посебно по својот цинизам се истакнува пијалокот Capri-Sonne кој го произведува фирмата Sisi-Werke од Heidelberg. Се работи за пијалок кој дословно се состои од вода, шеќер и вештачки бои и ароми и нема никаква врска со овошје, а се претставува како природен овошен сок. Понатаму, во рекламите за Capri-Sonne се фокусираат активности кои се посебно привлечни за младите, како возење на скејт-борд, а по училиштата се делат флаери за здравите Capri – кампови за младите.

Затоа Foodwatch истакнува дека проблемот не е само во производите и во маркетингот, туку и во влијанието кое прехранбената индустрија го има врз власта и јавното мислење кога е во прашање храната за најмалите. Проблемот за дебелеењето уште од пелени стана една од најважните теми во општеството, а за главен проблем се споменува слабата физичка активност на денешните деца. Секако, физичката активност итекако е потребна, но со  “здравата храна” што ни ја нудат прехранбените индустрии ни секојдневно трчање на маратон не би го спасило детето од дебелеење.

 

 

Извор: tportal.hr

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што сонуваат бебињата? Тајните на најневин...
Во тишината на ноќта, додека светот тоне во длабок сон, малите бебиња нежно трепкаат со очите, се насмевнуваат без причи...
5
Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
4
Осип после висока температура
Розеола, исто така позната како шеста болест (exanthem subitum и roseola infantum) е вирусна болест кај мали деца. Се ка...
4
Бебешкиот фото албум на Принцот Вилијам
И Принцот Вилијам некогаш беше бебе. Погледнете го неговиот фамилијарен албум со фотографии од неговато најрано детство.
3




Анкета

Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16

Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?