|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Дилеми на вработените трудници

Редакција Рингераја, 17.12.2012
Идните мајки чести ги мачат многу прашања кои се однесуваат на работата почнувајќи од тоа дали се во состојба добро да ги извршуваат своите обврски, до тоа дали работата е потенцијално ризична и дали може негативно да влијае на бременоста

image
/11


 

 

Дали е безбедно трудницата да помине неколку часа пред компјутер?

Идните мајки често се прашуваат дали користењето на компјутерот во бременоста може да остави штетни последици на плодот. Врз основа на разни испитувања кои се вршеле во некот на изминатите години изведен е заклучок дека седењето пред компјутер не го зголемува ризкот од спонтан абортус или други пореметувања на плодот. Сепак, неколку часови поминати во седење се лоши за циркулацијата. Заради тоа се препорачува на секој час седење да станете и малку да прошетате.

 

Дали работата  која бара предолго стоење е ризична за бременоста?

Стоењето може да биде исклучително напорно, но се' додека можете да бидете во движење тоа не претставува голем проблем. Сепак работа со долго стоење на едно место, како касиерка на пример, не се препорачува. Стоењето во место го намалува крвниот притисок, што може да предизвика несвестица. Кратките прошетки би биле привремено решение за овој проблем.

 

Дали фотокопир апаратите можат да имаат штетни последици по здравјето на бебето?

Досега не се откриени никакви ризци од користење на фотокпир апаратите во бременоста. Не постојат информации дека тонерите ли некои други хемикалии кои се користат во фотокопир апаратите се штетни, нити пак постои било кој вид на познат ризик од електромагнетна емисија.

 

Дали кревањето на товар е ризично за бременоста?

Во текот на бременоста не е препорачливо да кревате или да носите тешки предмети. Посебно во напредната бременост. Кога сте бремени Вашите лигаменти стануваат посчаби, а зглобовите помалку стабилни, па сте поподложни на повреди. Како што Ви расте стомакот  центарот на Вашата гравтација се поместува напред и тогаш настанува  глем притосок на долниот дел од грбот, кој е значително послаб. Поместувањето на центарот на гравитација може да доведе до губење на рамнотежата и до ризик од паѓање. сериозниот пад може да биде ризичен како за мајката така и за бебето. сепак, доколку се најдете во ситуација да морате да подигнете некој товар, задолжително заземете правилна положба. Свиткајте ги колената, држете го грбот исправен и користете ги своите нозе, а не грбните мускул при подигнување. Избегнувајте свиткување на грбот.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Миом на матка
Миомот на матката е бениген тумор кој се развива во ѕидот на матката и е составен од мускулно и сврзно ткиво.
3
Ананасот може да индуцира породување? Дали?!
Ако сте во поодмината бременост и сакате да се породите, можеби ќе се прашувате дали оваа приказна за старите жени може ...
3
Папочна врвца околу вратот на бебето? Прич...
Во бременоста, бебето се движи во матката што може да доведе до виткање на папочната врвца околу вратот. Оваа компликаци...
3
Дали амниоцентезата ќе му наштети на плодот?
Амниоцентеза претставува дијагностичка метода која дава важни информации за состојбата на плодот и можните генетски поре...
3




Анкета

Одвикнување од пелени.
пеперутка16

Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?