|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Детско мени за Нова Година

Редакција Рингераја, 27.12.2018
Подготвувањето на празнично мени и уредувањето на трпезата за возрасните не е секогаш лесно, но кога тоа треба да се направи за децата, станува уште потешко. Во прилог се неколку корисни идеи и совети за детското мени за Нова Година
Клучни зборови:

image
/11


 

Детско катче

Препорачливо е, ако децата се доволно големи да јадат со вилушка и лажица сами, да ги одделите на самостојна маса. На овој начин возрасните можат спокојно да јадат и да разговараат, а децата да се забавуваат. Освен тоа посебната маса ќе ги натера да се чувствуваат посебно.

Затоа аранжирајте ја масата соодветно. Заврзете панделки на столовите, ставете салфетки со снешковци или Дедо Мраз. Наредете дел од подготвените јадења и чаши, за децата да се чувствуваат посебно.


Што треба да вклучува менито?

Важно е детското мени да не вклучува ништо непознато или егзотично. Новогодишната ноќ не е време за експерименти со детските вкусови, ако сакате да видите празни чинии до крајот на вечерта. Приложете традиционални и проверени рецепти - свежа салата, печено месо, гарнир од компири или ориз, примамливи десерти како мафини или торта.

Ако сакате масата да изобилува со разновидност, може за децата да приготвите палачинки со месо или мини пици. Ореви, лешници и бадеми  не се препорачува да се најдат на детската маса, бидејќи можат да бидат опасни по здравјето. Заменете ги со грисини.


Бидете генијални

Презентацијата на јадењето е од суштинско значење за апетитот кај најмалите, затоа треба да пројавите повеќе оригиналност при послужувањето. На пример, млечната салата може да биде обликувана како снешко. Зеленчукот може да се сече на стапчиња и да го наредите во голема чинија, во форма на елка.

 

1


Ако додатокот на главното јадење е ориз, тогаш оформете го во круг, кој ќе служи за глава на снешкото  и направете очи и уста од сецкани маслинки. Мафините пак украсете ги со цветчиња. Од свежо овошје и чепкалки за заби може да направите различни фигури - како џуџиња, новогодишни капи, снешковци.


Рекламирајте го менито

Кога им сервирате на најмалите, користете ја вашата имагинација. Може да споменете дека печеното месо е омилено јадење на некој популарен лик од бајките. Попај морнарот сака се што е  со спанаќ, Медо Пух - сè со мед, а зајачето Бани - сè со моркови.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Турскиот заводник Бали бег е во врска?!
Уште една од светските неправди е дека и овој турски глумец е во стабилна врска и тоа, ни помалку ни повеќе туку со ќерк...
3
Интервју со Александра Илиевска–водител на...
Александра Илиевска, на сите нам добро познато ТВ лице, најмногу препознатлива по белото перче во косата, широката насме...
3
Познатите македонки во венчаници
На петтото издание на саемот за венчавки познати личности од македонската естрада беа невести и младоженци
3
Интимен пристап: Зборови што значат допир
Јазикот на желбата треба да биде нежен, искрен и полн со почит.
3




Анкета

masko ime
mmbucko

Koe masko ime vi se dopaga poveke

Ivan (41%)

Ognen (21%)

Gorazd (14%)

Gorjan (24%)


Број на сите гласови: 185

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!