Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
"Ова со декорациите ми е мое омилено хоби и релаксација после напорните денови. Тој дел не го чувствувам како замор или мака, затоа што навистина ме опушта и уживам во креирањето на сите декорации" - вели таа за себе на почетокот на нашиот разговор.
Декоративни ситници: Да навистина изработувам различни производи, најпрво започнав со декорации за свадби, се што е поврзано со свадбите, потоа продолжив со декорации за родендени на дечиња, продолжив со декорации за во домот, поклони за новороденчиња, поклони за 8ми март, како и сега најбарани, подароци за слави, новогодишни и божиќни украси. Сите креации ми се рачна изработка изработени со многу љубов и внимание.
Рингераја: Вработена мајка на мали деца сте. Како успевате постигнете се?
Декоративни ситници: Работам постојано кога имам слободно време, а најчесто кога дечињата ми спијат, бидејќи секако нив не сакам во ниеден момент да ги запоставам. Идејата за оваа работа ја имав од секогаш, но немав храброст да се одлучам да започнам, мислев дека нема да бидам прифатена од околината, голема подршка добивам од сопругот како и од целото наше семејство.
Рингераја: Потребна ли е некоја обука?
Декоративни ситници: Обука до сега немам посетувано за оваа работа, затоа што и немам сретнато такво нешто тука кај нас, но би посетила доколку има, потребно е трпение, многу внимание и многу љубов кон работата за да се излезе по планираното.
Рингераја: Колку потрошувачите се заинтересирани за вашите производи? Колку нашиот народ ја цени рачната изработка воопшто? Кој производ е најпопуларен и најбаран?
Декоративни ситници: Заинтересираност има повеќе летен период искрено, тогаш има повеќе свадби, а мојата работа е 80% декорациите за свадби моментално најголема заинтересираност има за гајбите со производи за подарок за слави, и новогодишните венчиња за на врата.
Рингераја: Колку сте задоволни од досегашното работење?
Декоративни ситници: Од досегашното работење сум презадоволна, но секогаш може и подобро нели? Со нови идеи и реализации верувам дека можам и повеќе.
Рингераја: Сите сме погодени од пандемијата, верувам и вашиот бизнис?
Декоративни ситници: На мојот мал бизнис оваа пандемија искрено не влијаеше баш позитивно, многу настани и прослави беа откажани а со тоа се намалија и порачките и побарувачката за моите изработки.
Рингераја: Производите се достапни на Инстаграм. Ваши идни планови? Можеби некој нов производ?
Декоративни ситници: Нови идеи секогаш има, се инспирирам постојано, сакам да изненадувам позитивно и се надевам дека успева во тоа.
И за крај сите оние кои што имаат некаква идеја и желба за сопствен мал бизнис воопшто да не размислуваат туку веднаш да си почнат со остварување на своите замисли се што се сака може да се постигне и реализира без мака. Бидете единствени и уникатни, само така ќе бидете најдобри.
Благодариме за издвоеното време.
Не заборавајте да го заследите и поддржите овој мал бизнис.
3
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Најчести митови за забременување
Кога станува збор за забременување, советите доаѓаат од сите страни пр...
Алтернативи на кафето за бремени жени
За многу жени, кафето е утрински ритуал. Но во бременоста, внесот на к...
Како да се справите со кршливи нокти?
Кршливите, слоевити или нокти кои лесно пукаат се чест проблем, особен...
Заедно кон дигитална трансформација
13.02.2026 - Асоцијацијата за е-трговија на Северна Македонија (АЕТСМ)...
Зошто не е доволна само љубовта за да успее врската?
Љубовта е прекрасен почеток. Создава привлечност, блискост и чувство д...
Влакна на градите.
пеперутка16
Дали имате влакна на градите? И како се справувате со нив... дали ве вознемируваат и дали ги отстранувате?