Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Cryo-Save е горд што објави зачувување на 200.000-от примерок.
Ова големо достигнување ги покажува успешните резултати од напорите на Cryo-Save во зголемување на свеста за матични клетки во јавноста и медицинската заедница. Сите примероци што се зачувани, се сметаат за исклучителен извор на матични клетки, кои нудат огромен потенцијал за лекување на досега неизлечиви болести.
Повеќе клетки и ткива даваат подеднакво надеж за лекување на болести во иднина.
Ова големо достигнување ја потврдува водечката улога на Cryo-Save во индустријата на чување на матични клетки.
Големиот успех се должи благодарение на повеќе едукативни програми што компанијата ги започна во неколку земји. Италија и Србија беа земјите-домаќин на двата најнови настани што се одржаа во Бари, во соработка со Италијанската асоцијација на гинеколози (AOGOI) и во Белград. Во тек се други два образовни настани: Петиот симпозиум ITERA Life-Sciences Consortium Symposium , што се одржува во Мастрихт на 21 и 22 ноември, ексклузивно поддржан од Cryo-Save групата како и Вториот меѓународен конгрес за регенеративна медицина, што ќе го одржи Cryo-Save Босна на 9ти декември.
Благодарение на ова најголемо достигнување досега во ова поле, Cryo-Save ќе ги прошири веќе постоечките програми за општествена одговорност: Програмата за бесплатна семејна донација креирана да понуди бесплатно чување на семејствата кои имаат потреба и понатаму ќе ги поддржува идните родители.
Со цел да се прослави овој настан, Cryo-Save ќе овозможи по едно бесплатно чување на крв и ткиво од папочна врвца во сите 40 земји во кои функционира.
Arnoud van Tulder, CEO на Cryo-Save изјави „Многу сум горд што го достигнавме огромниот број од 200.000 успешно зачувани примероци. Ова е резултат од над 11 години посветеност кон нашите клиенти. Ова големо достигнување им дава надеж на сите вработени на Cryo-Save да дадат свој придонес во борбата против можните опасни болести по живот. Ова треба да ја охрабри целата индустрија да продолжи со својата мисија.“
Cryo-Save е меѓународна водечка семејна банка за матични клетки, со зачувани повеќе од 200.000 примероци на крв и ткиво од папочна врвца од новороденчиња и масното ткиво од возрасни. Матичните клетки може да направат значајна разлика помеѓу живот и смрт во случај на идните закани по здравјето на семејството. В еќе постојат неколку болести кои може да се излечат со користење на матични клетки, а бројот на третмани постојано ќе се зголемува. Употребата на матични клетки од масното ткиво е се поактуелно во пластичната хирургија. Водена од својата меѓународна бизнис стратегија, Cryo-Save е присутна во повеќе од 40 земји на четири континенти, со ултра-модерни лаборатории за обработка и чување во САД, Белгија, Германија, Дубаи, Индија, Јужна Африка и Франција (во тек ).
3
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Цуцлата: пријател или непријател на развојот?
Цуцлата е еден од најчестите предмети во секојдневието на новороденчињ...
Можеш да купиш се освен мир во душата
Во денешно време често го замислуваме богатството како врата кон сe: с...
Биди она што си, не она што се очекува
Има една работа што сите нe допира, тивко, а силно, а тоа е како да ос...
Чистиот дом не е само естетика
Домот е место каде одмараме, јадеме, спиеме и ги поминуваме најинтимни...
Депресијата и анксиозноста не живеат само во мислите
Во новото секојдневие, депресијата и анксиозноста не се само „ментални...