Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Заедно со мојот партнер тргнавме на долго патување за да посетиме едни пријатели во јужниот дел на Чиле, минатата недела. Тие живеат во земја опкружена со фарми и недогледни посеани полиња. Посетивме една од фармите за да купиме едно од нивните сирења и уживавме во зелените полиња во кои пасеа крави. Како дел од стандардите за обезбедување на добри услови за живот на кравите, сточарите од Чиле се приврзаници на природното раѓање. Ова го велам бидејќи на работ на пасиштето, во близина на халата за преработка на млеко, лежеше новородено теле заедно со својата мајка. Тоа се тетеравеше и легнуваше, па повторно се тетеравеше и легнуваше додека мајката среќно јадеше од плацентата и лежеше на тревата.
Ова беше навистина прекрасна глетка, особено по разговорот што го имавме со нашите пријатели за тоа како тие засадиле цвеќиња во плацентата од нивнито шест месечно бебе и саксијата ја ставиле на прозорецот од собата во која девојчето било родено.
Инспирирана од овие и други неодамнешни откритија на патот кон раѓањето на моето прво бебе, направив краток список на работи кои луѓето ги прават со плацентата. Многу стари традиции и нови работи го одразуваат посебниот однос кон плацентата на детето. Некои ја гледаат како близнак на душата на бебето, како и нејзин потенцијален и уникатен извор на лек и храна. Уживајте!
Иако не сум приврзаник на онаа група на мајки кои инсистираат на лотус раѓање, сепак би ја оставила плацентата во близина на креветчето на бебето. Мојот партнер и јас дефинитивно сме воодушевени од идејата за садење на дрво на плацентата, но во никој случај не би ја јаделе сирова или пржена. Би можела да ја земам во форма на капсули, се разбира. Не сум подготвена да цртам со крвта од плацентата, тоа не е за мене!
Ако постои нешто што сакате да го направите со плацентата, или сте слушнале дека се прави, надополнете го овој список. Би сакале да споделите со нас и Ваши коментари.
Извор: Bobafamily
5
4
4
4
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Водич за зајакнување на детскиот имунитет
Имунитетот кај децата е систем кој постојано се развива, особено во пр...
Кога да се грижите ако детето користи агресивен говор?
Агресивниот говор кај децата како викање, навредување или користење гр...
Како да се подготвите за спермограм?
Спермограмот е едноставен тест, но подготовката за него прави огромна ...
Кукањето, плачењето и викањето се нормален дел од детскиот развој, осо...
Позиции на лежење на бебето по месеци
Во првите месеци од животот, положбата во која лежи бебето е многу важ...
„Намаз“.
пеперутка16
Дали верувате во „намаз“ и дали се заштитувате себеси и вашето дете од него? Се прашувам колку ние во Македонија сме оптоварени со намаз, додека во некои делови од светот дури и не знаат што е намаз?