Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Нормалниот тонус на мускулите е доволно висок да овозможува спротивставување на силите на Земјината тежа и истовремено доволно низок за овозможи движење. Положбата и движењето се во меѓусебна зависност и не можат да се набљудуваат одвоено. Промените на положбата се дел од движењето, а движењето е промена на положбата.
Како може да се препознае дека детето е хипотонично?
Млитавост или хипотонија е намалување на тонусот на мускулите и кај бебињата се јавува релативно често, понекогаш во комбинација со слабост на мускулите. Може да се препознае по хиперактивност на зглобовите и недостаток на отпор при изведување на пасивни движења. Без оглед на тоа што не претставува сериозен проблем, може да биде последица на различни причини и здружен со многу пореметувања.
Како родителите сами да препознаат дека детето е хипотонично?
На родителите обично им е тешко да препознаат млитавост кај детето: заради не искуство со бебиња, но и заради субјективност, која е сосема оправдана. Затоа е важно да имаат одредени насоки кои ќе им помогнат во тоа.
Сите новороденчиња имаат рефлекс на фаќање со раката и ножните прсти – на пример, ако со прст ги допреме дланката или стапалото на бебето, неговите прсти веднаш ќе се затворат околу нашиот прст.
Што треба да преземат родителите?
Неопходно е сериозно следење на бебето од страна на физиотерапевт. По деталниот преглед и по одредено време кое се дава за стимулација и следење на неговиот моторички развој, може да се заклучи дали постојат значајни пореметувања на неуро-мускулниот систем.
Бидејќи хипотонијата се манифестира и како забавен моторички развој, бебето се стимулира со програма на вежби – за да се нормализира тонусот и да се изедначи темпото на психомоторен развој.
Заради што се јавува хипотонија?
Хипотонијата е наследно заболување или е предизвикана од некои ризик фактори во бременоста, или при породувањето. Предвреме родените бебиња, или оние со ниска оценка при раѓањето, се под поголем ризик за појава на млитавост. Затоа сите тие бебиња се опфатени со програма за следење и ран третман на пречки во психомоторниот развој.
Ако имате некакви дилеми поврзани со развојот н а Вашето дете, задолжително консултирајте педијатар. Одредени проблеми во моторниот развој имаат добра прогноза, но треба да се реагира навреме за да се надминат.
Што може бебето?
На крајот на првиот месец бебето од лежење може малку да ја подисправи главата и да ја заврти на едната, па на другата страна. На грб лежи асиметрично и Ве гледа во лице.
Со два месеци, дланката пополека се отвора. Кога лежи на стомак, бебето се потпира на подлактниците и ја подигнува главата. Реагира со целото тело обидувајќи се да го допре Вашето лице и умее да следи предмети кога лежи на грб.
На крајот на третиот месец, прстите на бебето повеќе не се стегнати, тоа си игра со прстите, ги набљудува и ги става во уста. Кога е на стомак почнува да го придвижува своето тело така што се исправа малку повеќе. Кога лежи на грб ги крева нозете и почнува да си игра со прстите пред лицето. Повеќе не лежи асиметрично: брадата – носот - градната коска - папокот и срамната коска се во една линија.
Со четири месеци си игра, одржувајќи рамнотежа на стомакот. Потпирајќи се на едната рака, зема играчка со другата. Кога лежи на грб, со рацете ги фаќа стапалата. Ако му ја приближиме ѕвечалката, од едната или од другата страна, ќе ја земе со полуотворена дланка и ќе ја стави во уста. Започнува да се превртува на страна.
Со пет месеци ги испружува лактите за да го зголеми полето за играње и “плива” ако здогледа играчка, која не може да ја дофати. Ги крева нозете наизменично и се подготвува да се преврти. Ги допира и ги фаќа играчките, што покажува добра контрола на очите и рацете. Важно е при фаќање да биде палецот испружен. Почнува да ги префрла предметите од рака во рака.
Со шест месеци се ослонува на лактите кога е во положба на стомак. Со рацете ги фаќа стапалата кога лежи на грб и се врти од лежење на грб, на стомак.
Ова е редослед на развојните движења на бебето до шест месеци, односно информации за Вас како би знаеле што да очекувате и во која возраст, како и благовремено да реагирате на изостанок или прерано јавување на поединечни појави. Меѓутоа не заборавајте дека секое дете е единствено. Затоа своето бебе не го споредувајте со другите деца, па дури ниту со сопствените.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Курсеви за возрасни од сите области: РУ Пере Тошев
Со мисија да овозможи описменување на целокупното возрасно население, ...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
10 луди работи што се случуваат во вашето бремено тело
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму в...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...
Прашање.
пеперутка16
Дали некој од вас чува крави? Ако е така, што правите со млекото? Не се шалам, сериозно прашувам, не знам што да правам со млекото?