|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Бебето кое одби да умре

Редакција Рингераја, 30.7.2013
Докторите прогнозираа дека Austin Gerstenslager нема апсолутно никакви шанси да преживее, дента кога дојде на свет. Родителите донесле одлука да го пуштат полека да умира во нивната прегратка. Приказната започнува токму тука...
Клучни зборови:

image
/11


 

 

Докторите прогнозираа дека Austin Gerstenslager нема апсолутно никакви шанси да преживее, дента кога дојде на свет. Роден е прерано, предолго живеел со многу малку плодова вода  и имал недоволно развиени бели дробови. Родителите донесле одлука да го пуштат полека да умира во нивната прегратка. Приказната започнува токму тука...

Чип (43) и Кери (34) имаат две убави и здрави плавокоси девојчиња кои беа зачнати по природен пат и без никакви компликации. Бидејќи чувствувале дека нивното семејство не е комплетно, се одлучиле за уште едно дете. Но овој пат жената никако не можела да забремени. По долго време и по изгубена надеж се одлучиле за вештачко оплодување. По успешната ИВФ процедура, Кери во стомакот имала три ембриони, од кои по неколку месеци изгубила два, а само еден фетус продолжил да се развива.

Судбината како да решила на малиот Остин да му го скрати правото на живот. Во дваесеттата недела Кери почувствувала дека и пукнал водењакот што за неа значело дека породувањето ќе започне во секој момент. Но ништо не се случило. Докторот и наредил строго мирување, по што таа пиела литри и литри течности за да го надомести недостатокот на плодова вода. Мајката и таткото на Остин ги прочитале сите студии за стапката на смртност на предвремено родени бебиња и се молеле породувањето да се одложи барем до 26.та недела, за нивниот син да има шанса да преживее.

 

1

 

Мрачни прогнози

Уште поголем проблем било што бебето немало доволно плодова вода за нормален развој. На 17.август 2012 година пред да влезе во 26. недела, мајката добила контракции. Кери  со надчовечки сили се трудела да го одложи породувањето, но утредента на 18. август е одведена на итен царски рез. Austin Gerstenslager  е роден на првиот ден од 26. недела и делувал како да нема да се задржи долго на овој свет.

Тимот на врвни стручњаци на чело со доктор Васкез ја презел грижата за новороденчето и ги искористил сите  технолошки иновации, достапни на модерната медицина, за да го спаси животот на ова мало бебенце . Меѓутоа бебето не реагирало добро, а нивото на кислород во крвта му било околи 55% наместо нормалните 90%. Доктор Васкез не бил изненаден бидејќи претпоставувал дека белите дробови на детето нема да бидат доволно развиени, бидејќи развојот им е прекинат кога на Кери и пукнал водењакот. Според неговото мислење бебето било осудено на смрт.

Доктор Васкез им рекол на Кери и Чип дека  нивниот син стар само неколку часа, нема шанси да преживее. Родителите биле подготвени за ова сценарио и се договориле со докторите малиот Остин да го исклучат од апаратите. Одлучено било новороденчето да биде во мајчината прегратка се до моментот кога ќе престане да дише.

Семејствата на Кери и Чип дошле да го запознаат Остин и да се збогуваат со него. Дошол и свештеник  кој го крстил новороденчето осудено на смрт. Сестрите постојано влегувале во собата и ги проверувале отчукувањата на срцето, додека поминувале часови. Срцето на Остин било силно и не се откажувало. Мајката и таткото се труделе да ја запомнат секоја ситница на бебето, кое им е дадено на толку кратко.

Кога поминале првите четири часа Кери и Чип почнале да се чудат бидејќи им е кажано дека бебето нема да живее долго. Меѓутоа медицинските лица ги уверувале дека е само прашање на време. Родителите продолжиле да тагуваат и мирно да гледаат со своето бебе на кое не му било судено да живее.

Поминале неколку часа, во болницата дошло до смена, а гласот за бебето кое одбива да и се предаде на смртта се пренесол секаде.  Доцна во ноќта сестрата му јавила на доктор Васкез дека Остин е се уште жив и дека одвреме навреме ги допира прстите на родителите со своите и дека има нормална боја на кожата. Докторот бил во недоумица бидејќи не сакал да им се дава лажна надеж на родителите. Но, нормалното отчукување на срцето на Остин и времето кое го поминал дишејќи самостојно го натерале докторот на полноќ да се врати во болницата, а на сестрата и наложил да ги направи сите тестирања додека тој дојде.

 

2

 

12 часа исчекување на смртта

По 12 часовно исчекување на смртта Остин е одведен од родителите и сместен на интензивна нега, каде во следните три месеци докторите му помогнале да се избори за живот.

- Никогаш во животот не ми било толку драго што погрешив, макар што и понатаму не гледам што сум пропуштил. Мене и на тимот лекари потполно ни е нејасно како бебето успеа да преживее. Ние едноставно немаме одговор – рече доктор Васкез.

После неколку месечни маки, издигнувања и паѓања, Остин успеа да се избори за својот живот и конечно беше доволно добар за со својата мајка да ја напушти болницата.

 

- Нашиот син преживеа иако тоа беше невозможно и тоа е единствено што е сега важно. За тоа што ќе биде подоцна, ќе се грижиме кога ќе дојде – кажува Остиновиот татко Чип.

Ноќ пред да ја напушти болницата Кери на својт Фејсбук профил напишала:”Додека седам со синот во прегратка, за последен пат во оваа соба, мислам на следната мајка која ќе седне на ова место. Мајка која нема поим дека еднаш ќе седне во оваа столица...Се молам за неа и нејзиното дете, да имаат среќен крај како нашиот.”

 

3

 

4

 

5

Абортус - прекинување на бременоста
Под предизвикан абортус се подразбира прекинување на бременоста пред да биде плодот способен за живот надвор од телото н...
5
Хормон на бременоста – hCG
Клетките на растечкиот ембрион започнуваат да лачат хормон наречен хуман хорионски гонадотропин или hCG, супстанција кој...
4
Имплантација на оплодената јајце клетка
Вгнездувањето на оплодената јајце клетка (или бластоцистата) се нарекува имплантација.
4
Растење на плодот по недели, 1. тромесечје
Знаете ли дека сте бремени, или во суштина не знаете што се случува со вашето тело? Овој текст ќе се обиде да ви објасни...
4


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

Dali poset_uvate solarium?
Jana9

Dali poset_uvate solarium?

Da (0%)

Ne (88%)

Ponekogas (12%)


Број на сите гласови: 8

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!