Anonimen во 13:33
на тема Ниска Плацена
Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.
ВАШИОТ момент на породување!
Детали
Ник: aneane
Датум на породување: 20.06.2008 година
Тип на породување: природно
Болница: ГАК
Враќајќи се наназад, како сеуште да не верувам дека јас ама баш јас донесов на свет еден ваков ангелски створ. Дека токму јас сум заслужна за оваа насмевка, оваа прегратка овие мили и најмили очиња...ах колку е прекрасно и благородно ова чувство. Колку е прекрасно да се биде МАЈКА. Неговиот прв збор, прв виден лик и неговиот прв дом... моето меше.
На 20.10.2007 година дознав дека е таму...Оттогаш секоја секунда ја поминував мислејќи на него и само на него. Го галев, му пеев, му зборував. Моментот кога мојот сопруг ќе го допреше пораснатото стомаче имав чувство дека дури и се подместуваше онаму каде него му одговара да биде гален....таков е и денес..вистинско галениче.
Релативно лесно ја поминав бременоста. Настојував да бидам насмеана зошто велат дека бебето уште во стомакот ги чувствува мајчините емоции. Требаше да се роди на 07 Јули но ете самиот реши дека 20 Јуни повеќе се совпаѓа во неговиот распоред за доаѓање на свет. Ноќта ја поминав прилично неугодно, но сеуште не знаев дали неугодноста е нормална работа или веќе нешто почнало да се случува. Мојот сопруг спремаше важен испит па на секое мое ОФ следуваше неговото ДА ТЕ НОСАМ НА ЛЕКАР? Велам, не е за на лекар, онака ме боли сигурно е рано. Но не било така. Околу 4 часот утрото заминавме накај гинеколошката клиника. Секое камче на асфалтот ми се чинеше како голема карпа или дупка. Контракциите веќе беа почнати, докторката рече “три прста, носете ја горе”. Ми облекоа чудна спаваќа и тргнав. А сопругот, целиот потресен, блед, со неверување праша “сега јас што да правам??”.Викам...оди полагај испит, го спремаш веќе цел месец. :)
Влегувам во родилна сала и гледам жени со породилни болки викаат ли викаат, па почнав да им делам памет во мој стил...ајде мајки, вашите деца треба да ве видат насмеани, ведри, позитивни. Масирајте се на половината и главата горе. Е кога мене ме фатија болките па почнав да викам, тие, веќе породени ги повторуваа моите зборови. Ах колку ги мразев во тој момент, нив им помина лошото. Денес ми се супер пријателки со кои делам искуства.
И така некаде околу 12 часот со неколку провокации дојде моментот за на бокс. Ги следев инструкциите на медицинските лица, напнував но некако тешко одеше. После некоја минута се роди моето бебенце. Мислев ќе ми го дадат да го гушнам, мислев ќе заплаче но....што ли не беше во ред???? Видов дека е целиот модар и сите бргу бргу ја напуштија просторијата. Немаше ни кого да прашам...Ах каква паника, каков страв??? Живо ли е моето дете, зошто не заплака??? И додека сите мајки во тие моменти мислат на своите породилни болки јас мислев на болката на моето чедо. Што ли чувствува тој ангел сега??? Умее ли да се избори?? Има ли сила воопшто? Се молев гласно...плачев....Околу половина час подоцна, кој за мене траеше вечност, дојде докторката која ми кажа дека мојот син бил два пати силно замотан со папочната врвка околу вратот и дека се бореле за неговиот живот. Горјан победи. Јунак на мама. Моите молитви успеаја...Денес е двегодишен фраер, кој замислете веќе има девојка.
Ова мое, не така розово, породилно искуство треба да е лекција за сите мајки кои за време на породувањето мислат на сопствената болка. Бебето повеќе страда. Нека ја насочат својата енергија кон олеснување на патот на нивното чедо. Јас ќе родам и десет ако треба под услов да се здрави и да заплачат веднаш по раѓањето. Но ете...некогаш и ова се случува, но среќа што медицината е напредната па сето ова за докторите е рутина. За мене траума. Не сакам да ми се повтори и не ја посакувам никому.
А него, него го видов дури после неколку часа. Станав самата и едвај се довлечкав до собата за интензивна нега и го најдов. Го познав бидејќи личеше на мојот сопруг. Убавец. Со мили очиња и блед поглед како да сакаше да ми каже нешто. Е овие чувства не знам како да ги споделам. Не успевам да најдам толку голем и благороден збор кој ќе ви каже како е. Душата ми се полни со убавини, чинам ќе пукнам како балон од радост а во исто време солзи солзи солзи...сами течат. Едноставно не можеш да ги контролираш. Тоа е моментот кога сфатив дека јас...замислете...ЈАС СТАНАВ МАЈКА. Титула која ме прави бескрајно горда. Секоја негова прегратка ми ја топли душава и секоја негова насмевка ми го продолжува животот. Девет месеци го носев под моето срце а до крајот на мојот живот тоа срце ќе чука за него. Ти благодарам Господе за оваа среќа....
П.С. Тато го положи испитот неколку часа пред да се родам :)
Рингераја му посакува среќно детство на Горјан !
Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?
Прочитајте како во статијата Породилни приказни.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Највисоко ниво на хигиена за вашето семејство и дом
Пролетта редовно ја дочекуваме со планови, меѓу другото, за генерално ...
Кејт Мидлтон објави дека има канцер
Принцезата од Велс (42) храбро објави дека се бори со болеста и оди на...
Детскиот хирург Симеонов доби син
Трето, па машко. Добредојде Миха. Ти ќе бидеш нашиот херој, напиша поз...
Кој стои зад успешноста на Shea Homemade?
Зад успешноста на Shea Homemade стоиме јас, мојата сестра и мојата мај...
Природен избор за мирен сон на вашите малечки
Нема ништо поскапоцено од мирен сон за нашите најмaли, кој е основа за...
Што да дознаете.
пеперутка16
Кога би носеле тројки, што би направиле?