|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

6 неверојатни факти за бебето во стомачето

Редакција Рингераја, 7.10.2015
Во прилог се 6 неверојатни факти за вашето неродено бебе, кои сигурно не сте ги знаеле
Клучни зборови:

image
/11


 

Има повеќе коски од возрасните

Костурот почнува да се развива 13-16 недели по зачнувањето. Кога бебето ќе се роди има дури 300 коски во своето малечко тело. Возрасните имаат само 206. Каде изчезнуваат толку коски? Никаде. Како бебињата растат, некои коски се спојуваат. Флексибилните 'рскавици му помагаат на бебето полесно да помине низ породилниот канал. Заради тоа бебињата имаат фонтанела, на местата каде што коските се уште не се споиле. Подоцна тие коски се спојуваат за да го штитат мозокот и другите органи.

 

Срцето на бебето е неверојатно

Срцето на бебето почнува да чука околу 6. недела од бременоста. Тоа е неверојатно! Можете да ги слушнете отчукувањата на малечкото срце веќе на првиот ултразвучен преглед. На бебето срцето му чука со изедначен ритам и тоа со околу 150 отчукувања во минута, а додека е во материцата од 120-160 се нормални отчукувања. Таа фреквенција е двојно поголема од фреквенцијата на отчукување на срцето на возрасна личност и нема битно да се менува до раѓањето. При породувањето срцето чука најбрзо,  со околу 180 отчукувања во минута.

 

Влакненца растат уште во материцата

Лануго се меки, снежни влакненца кои се наоѓаат на телото на фетусот, но и на новороденчето.  Тоа се првите влакна кои ги произведуваат фоликулите, обично во 5-от месец од бременоста. Постепено се шират по целото тело. По раѓањето бебето има најмногу ситни влакна на рамената, грбот, челото и лицето, а тие паѓаат за неколку недели. Бебето повеќето влакна ќе ги “изеде” во материцата и ќе ги исфрли низ првата столица која се нарекува мекониум.

 

Сонува слатки соништа

Веќе од 4-та недела од зачнувањето, бебињата почнуваат да спијат. РЕМ фазата е фаза во која сонуваме. Сложени слики и информации се вртат низ мозокот, а очите без престан се движат. Во 30-та недела од бременоста се откриени такви  вртења со очите кај бебето во материцата. заради тоа се претпоставува дека бебињата сонуваат. Само којзнае што?

 

Го вежба мочрачниот систем пред раѓањето

Амнионската течност ја прави мајчиното тело, додека на бебето не почнат да му работат бубрезите во 4-от месец од бременоста. После тоа бебињата почнуваат да создаваат амнионска течност на чуден начин. Бебето голта од плодовата вода, која потоа поминува низ дигестивниот систем и бубрезите, се прочистува и се враќа назад во амнионската вреќа како урина. На тој начин бебето го вежба мокрачниот систем.

 

Нема формирана чашичка на коленото

При раѓањето, бебето нема формирана чашичка на коленото (барем не како возрасните), туку на тоа место има 'рскавица. Обично чашичката се развива во потполност по шестиот месец од животот. Заради тоа бебињата можат да паднат на колена и да не чувствуваат болка. Меката 'рскавица е пофлексибилна од тврда коска. Сите коски најпрво се 'рскавици, а потоа следи процес на нивно зајакнување. Чашичките од коленото се последни во овој процес.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Нарди: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во “ние”
5
Можна причина за чести спонтани абортуси
Синдром на Хјуз - Што претставува?
4
AnnaMolly: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во “ние”
4
Дали породувањето мора да боли?
Дали можеме да успееме? Дали докторот ќе користи средства против болки по наша желба? Што ќе направам кога болките ќе ст...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?