|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

10 најчесто поставувани прашања во бременоста

Редакција Рингераја, 27.12.2021
10-те најчести прашања од идните мајки

image
/11


Како да бидам целосно сигурна дека сум бремена?

Прв и најочигледен знак за постоење на бременост е недостатокот на менструален циклус, но овој знак може да е предизвикан и од други причини, најчесто психолошки. Значи првото нешто што можете да го направите е да направите тест за бременост. Го има во сите аптеки и во смирена атмосфера можете да го направите дома, во секое време од денот. Овие тестови се базираат на присуство на хормон во урината кој се излачува уште првиот ден по оплодувањето на јајце клетката. Резултатот се гледа по само неколку минути и се интерпретира многу лесно (секое пакување на тест за бременост содржи упатство)

Колку може да му верувате на овие тестови? – Ако стриктно ги следите упатствата, може да верувате целосно. Тестовите за бременост ја откриваат бременоста уште од првиот ден на задоцнувањето на менструалниот циклус. Ако го направите тестот многу рано, резултатот може да не е веродостоен, па за да бидете 100% сигурни, одете на предлед кај Вашиот гинеколог. Тој ќе направи испитување на крвта и така со сигурност ќе го востанови Вашиот статус.

 

Како да го намалам ризикот од спонтан абортус?

Уште на првата консултација, Вашиот лекар ќе Ви постави низа прашања за Вашата гинеколошка состојба до моментот на забременување и Вашиот животен стил, за да процени дали имате ризична бременост. Лекарот ќе Ви даде инструкции за режимот кој треба да го следите (исхрана, хигиена и.т.н), за задолжителните прегледи кои треба да ги направите во деветте месеци од бременоста.

Ризик од спонтан абортус постои секогаш. Тој е најчест во првите 2 месеци. Во повеќето случаи абортусот се должи на хромозомска дисфункција: ако оплодената јајце клетка се развива неправилно. Спонтаниот абортус во подоцнежната фаза на бременоста се случува многу ретко и обично се должи на аномалии на матката, или како резултат на некаква инфекција. Ако ги следите советите на лекарот и водите правилен и здрав начин на живот, тогаш барем ќе бидете сигурни дека правите се што треба за да го избегнете ризикот од спонтан абортус.

 

Кога да го направам првиот преглед на ехо?

Првиот ехо-преглед обично се прави во третиот месец од бременоста (ако не се појават компликации пред тоа). Оваа прва “средба” со Вашето бебе е најсреќниот момент за мајката, а за докторот важен преглед кој му дава јасна слика за состојбата на фетусот, потврда дека ембрионот е на вистинско место, информации за неговата форма, големина и.т.н. На вториот ехо-преглед, кој се прави во петтиот месец, веќе може да се види и полот на бебето.

 

Можам ли да спортувам за време на бременоста?

Се зависи од тоа дали сте спортски тип и дали досега сте вежбале активно. Ако сте вежбале редовно, побарајте совет од Вашиот лекар. Тој ќе Ви подготви програма, во согласност со Вашиот статус. Во секој случај ќе се чувствувате многу подобро ако по малку и внимателно вежбате, бидејќи така ќе го избегнете ставањето на многу килограми. Побарајте совет од лекар, бидејќи сите спортови не се погодни за време на бременоста. Генерално, тоа треба да биде спорт кој не бара екстремно физичко оптоварување и остри и сложени движења. Особено пливањето е многу соодветен спорт за бремената жена, па дури има и активности посебно наменети за идните мајки – водна гимнастика, пилатес и др.

 

Можам ли да патувам за време на бременоста?

Ако имате ризична бременост, прво мора да се посоветувате со лекар. Во секој случај, според општото правило, се препорачуваат пократки патувања. Ако возите, внимавајте, бидејќи рефлексите во бременоста се намалуваат. Секогаш ставајте безбедносен појас бидејќи е докажано дека на никаков начин не му штети на плодот.

 

Имам заразна болест, опасно ли е тоа?

Во бременоста можат да се јават некои инфективни болести. Не грижете се, повеќето се безопасни, но сепак задолжително консултирајте се со лекар. Ако се разболите од грип, тој не е опасен, но треба веднаш да одите на лекар, кој ќе Ви препише лек кој не е штетен по бебето. Најважно е при најмал симптом, да посетите лекар.

 

Можам ли да имам секс во бременоста?

Универзалниот одговор е – Да, можеш. Плодот е целосно заштитен во плодовата вода. Бременоста во никој случај не смее да ги оддалечи партнерите, напротив таа треба да ги сплоти. Треба само да го одберете начинот на кој ќе уживате и двајцата. Сепак, постојат случаи во кои треба да сте многу претпазливи: ако сте имале неколку спонтани абортуси, ако бременоста Ви носи ризик од предвремено породување, ако страдате од хипертензија, ако сте бремена со близнаци, тројки. Сепак, најдобро е да се посоветувате со лекар и не грижете се, за лекарите нема табу теми.

 

Се плашам од предвремено породување. Што да правам?

Иако бременоста е сосема природна и нормална состојба, што не би требало драстично да Ви го промени ритамот на живот, треба да преземете некои мерки на претпазливост.

- избегнувајте ги честите и долги патувања

- внимавајте на своето здравје и одморајте се повеќе

- запрете ги опасните и оптеретувачки спортови

Ако бременоста Ви се развива нормално и ако ги следите советите на докторот, нема причини за предвремено породување. Ако сте бремена со близнаци, ризикот за предвремено породување може да се зголеми. Кај повеќе плодовата бременост раѓањето се случува помеѓу 34 и 38 недела од бременоста.

 

Што е царски рез?

Приближно една од десет жени раѓа со царски рез – бебето доаѓа на свет со операција, за време на која хирургот прави отвор во долниот дел од стомакот. Тоа се прави кога не е можно раѓањето по природен пат: ако главата на бебето е поголема од отворот на карлицата, ако имате плацента превиа, ако имате повеќеплодова бременост, ако бебето е завртено карлично и.т.н

 

Дали ќе можам да го дојам бебето?

Најдобро за бебето е да биде доено. Мајчиното млеко е најдобра храна, која воедно го зајакнува имунолошкиот систем на бебето и го штити од инфекции. Дали ќе имате млеко, воопшто не зависи од големината на градите, туку од правилната исхрана, менталната состојба и од организмот воопшто.Што се однесува до надворешните фактори, важно е да не се изложувате на стрес и да се храните правилно и редовно.

Кога доаѓа млекото? – околу третиот ден по породувањето, но може и да задоцни малку.

И не грижете се - природата си ја знае работата!

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Хормон на бременоста – hCG
Клетките на растечкиот ембрион започнуваат да лачат хормон наречен хуман хорионски гонадотропин или hCG, супстанција кој...
4
Опасни лековити билки за трудници
Некои лековити билки е подобро да се избегнуваат во бременоста. Ви носиме список на тие билки и нивното дејство на орган...
3
Народен лек против ешерихија коли
Рецепт од чесна сестра од Посушје, кој доста се користи во Хрватска и Босна и Херцеговина. Рингераја.мк го споделува со ...
3
Правилна исхрана во 2-то тромесечје од бре...
Вториот триместар од бременоста е обележан со зголемување на енергијата. Апетитот расте и утринските мачнини се смируваа...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?