Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Тежината на матката се зголемува за 500 пати
Навистина, дали сте знаеле дека тежината на матката се зголемува за 500 пати во текот на брееноста, додека по породувањето повторно се враќа во својата првобитна состојба? Женското тело е навистина неверојатно, зар не?
На трудниците им расте срцето
Мајчиното срце е големо како куќа, вели една песна. Но сигурно никогаш не сте помислиле на тоа дека на жената, во текот на бременоста, навистина и расте срцевиот мускул. Срцето на идната мајка чука побрзо и посилно, заради зголемената количина на крв во нејзиното тело. А таа количина се зголемува дури за 50%.
Лигаментите околу матката омекнуваат
За да се подготви за самиот чин на породување телото на жената во текот на бременоста произведува хормон релаксин кој ги омекнува лигаментите кои ја потпираат матката. Всушност тоа е она што му помага на новороденчето да помине низ породилниот канал.
Косата станува побујна
Трудниците обично имаат побујна коса, но тоа не значи дека одненадеж почнала брзо да им расте. Причина за тоа е високата количина на естроген заради што косата опаѓа многу помалку од порано. По породувањето ситуацијата драстично ќе се промени и многу мајки во страв гледаат во опаднатата коса. Нема причина за страв, ќе испадне онаа количина на коса на која естрогенот не и дозволил да испадне во текот на бременоста.
Стапалото може да порасне за еден број
Благодарение на хормонот релаксин во бременоста омекнуваат лигаментите на стапалата , кои заради наглото зголемување на тежината на трудницата можат да почнат да отекуваат, а со тоа да се зголеми стапалото за цел број. По породувањет големината на стапалата ќе се вратат во нормала, затоа не ги фрлајте старите чевли.
Изострен мирис
Во бременоста на жените им се изострува мирисот до таа мера да почувствуваат мириси кои другите луѓе не ги регистрираат. Бидете уверени дека од Вас нема да може да се скрие ништо што има врска со мирисот. Оваа супер моќ трудницата ја добива благодарение на хормоните кои се активни во тој период.
Жените со повисок раст почесто добиваат близнаци
Ова можеби ќе Ви звучи како некое народно верување, но според едно американско истражување веројатноста за зачнување на близнаци е поголема кај жени со повисок раст.
Желба за луди прехранбени комбинации
Лудите прехранбени труднички комбинации како сладолед и кисели краставички се вечна енигма и досега никој не открил што ја предизвикува желбата за неспоивите вкусови.
Храната најпрво оди до бебето, па потоа до мајката
Храната која трудницата ја јаде најпрво го храни бебето, па потоа мајката. Дури и ако прескокнете некој оброк, Вашето тело ќе му испрати на бебето хранливи состојки. Но тоа е уште една добра причина зошто е толку важно редовно и здраво да се храните.
Идните татковци се чувствуваат како трудници
Некои мажи толку интензивно сочувствуваат со своите бремени сопруги што добиваат дури и труднички симптоми, како мачнини, отечен стомак и друго. Таа појава е позната како couvades синдром.
забава Бремените
Автор: bobik
Недостиг на железо: Тивок проблем со големо влијание
Недостигот на железо е една од најчестите нутритивни дефицити во свето...
Децата паѓаат. Тоа е дел од нивниот раст, игра и учење. Од првите обид...
10 совети како да сопреме икање
Икањето е ненадејна и неконтролирана реакција на дијафрагмата која мож...
Храната како дел од културен идентитет
Храната е повеќе од гориво за телото. Таа е јазик на културата, традиц...
Икањето почнува ненадејно, трае неочекувано, а понекогаш се чини дека ...
Млеко.
Admin
По една година, кое млеко е поздраво да му се дава на дете: