|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Првата година од животот на детето (прв дел)

Редакција Рингераја, 4.5.2010
Сите родители се среќни ако детето нормално се развива и ако е здраво. За таквиот развој и самите можат да допринесат, ако своето дете уште во првите месеци го носат на редовни контролни прегледи кај педијатар.

image
/11


Освен тоа, понекогаш самиот развој е проследен со некои пречки кои на прв поглед не можат да се приметат. А познато е дека во првата година од животот вродените пречки или рано откриените пречки во развојот можат многу да се подобрат, па дури и да се излекуваат, доколку на време се откријат. Така на пример, рана гимнастичка терапија, може во одредени околности да спречи последици од најтешкиот облик на парализа. А четири недели терапија кај бебе од четири месеци му помага многу повеќе, отколку четири години лекување кај дете на 14 години. Затоа не смее да се чека неправилностите да станат видливи. Тоа се однесува на сите пречки во развојот.

Потсетник за родителите

Знаеме дека при еден преглед и самиот доктор ретко може да го согледа она што може самиот родител гледајќи го своеот чедо дома, додека е мирно. Бидејќи многу деца плачат и се однесуваат сосема поинаку од она дома. Оттука се почесто педијатрите доаѓаат до заклучок дека родителите, а посебно мајката може одлично да го оцени развојот на своето дете. Оценката на родителите за развојот на детето, на докторите им е од големо значење.

За да помогнеме на родителите во исполнувањето на својата задача разработивме седум функции на детето: лазење, седење, одење, фаќање со рачињата, потоа слух и вид, говор и разбирање на говорот и на крај социјален развој.

Лазење

Како и сите останати функции и лазењето се развива постепено. Иако начинот на лазењето не е единствен, евентуални патолошки пречки во развојот можат да се препознаат по одредени знаци, дури и пред способноста на лазење потполно да се развие. Затоа, родителите треба да бараат совет од доктор доколку детето пред крај на првиот месец не може за момент да ја подигне главата, пред крај на вториот месец не може да ја задржи малку повеќе главата, како и доколку пред крај на третиот месец не може главата да ја подигне, така што лицето да биде исправено во однос на подлогата. Истото треба да го направат ако кон крај на четвртиот месец детето не може да се потпре само со подлактиците, но  и доколку на крај од петиот месец не почне само да се превртува од стомак на грб.

Совет од доктор е неопходен доколку на крај од шестиот месец детето лежејќи на стомак не се обидува со рачињата да дофати играчка која е ставена пред него, или ако на крај од осмиот месец не може да лази наназад помагајќи си со нозете. И задолжително треба да се бара совет додека детето на крајот од 11 месец не може да лази. (тука не се зборува за деца кои не сакаат да лазат).

Седење

Седењето кај децата се развива постепено во текот на првата година од животот. Некои деца почнуваат да седат порано, а некои подоцна. И при развојот на седењето постојат одредени знаци кои се манифестираат и пред да се развие способноста за седење.

Потребно е разговор со доктор доколку на крајот од третиот месец детето не може да ја држи главата 30 сек. исправена додека го придржувате да седи; ако на крај на петиот месец не може да ја држи главата сигурно кога го подигнувате за рачињата од лежечка положба; ако на крај од седмиот месец на вашите понудени прсти не се обидува само да се поткрене да седи; ако на крај на десетиот месец не може само да седи урамнотежено или ако на крај на единаесетиот месец сеуште не може да седи со исправени нозе.

Одење

И одењето се развива постепено во текот на првата година. Сомнежи за пречки во развојот може да се појави доколку одредени степени во развојот настануваат подоцна од вообичаените.

Според тоа, разговарајте со доктор доколку вашето дете на крај на четвртиот месец, стоејќи додека го држите под раменици не може да застане на врвот на прстите; ако на крај на шестиот месец додека го држите под раменици не може да “игра” со врвот на прстите; ако на крај од осмиот месец не може кратко да стои на нозе иако го држите со рацете; ако на крај на единаесетиот месец не може да се поткрене покрај оградичката на своето креветче или да оди придржувајќи се до мебелот.

Совет од доктор е неопходен ако на крајот од дванаесетиот месец додека го држите за рака не може да направи неколку чекори; ако на крај на тринаесетиот месец не може само да стои десетина секунди; ако на крајот на петнаесетиот месец не може само да направи десетина чекори само; ако на крајот на шеснаесетиот месец не трчка само; ако на крај на дваесетиот месец не може да шутне топка со нога доколку не го придржувате; ако со триесет месеци не може да се симнува по скали без придржување и ако со триесет и шест месеци не може една секунда да стои на една нога, без придржување.

Фаќање со рацете

Ниту едно новороденче не може веднаш по раѓањето да фаќа со рачињата. И фаќањето на рацете се развива постепено, така што евентуални пречки во развојот на рацете можат да се приметат и пред да почнат со нормална функција.

Разговарајте со доктор ако на крај од третиот месец не ја пушта полуотворена раката во правец кон црвен предмет (на пример), кој виси пред него; ако на крај од третиот месец не гледа во рачињата пред него; ако на крај на петиот месец не може точно да ја донесе раката до играчката; ако на крај од шестиот месец не се обидува да дофати некоја играчка пред него или ако на крај од осмиот месец не може да задржи копче во раката.

Исто така би требало да поразговарате со доктор доколку на крај на деветиот месец не се обидува да пие од чашка, да тргне марама или капа од главата, како и ако на крај на дванаесетито месец не може да здржи играчка во рацете и да ја подаде на возрасен.

(продолжува) Линк за втор дел

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
4
Фебрилни конвулзии (грчеви)
Зголемената телесна температура кај новороденчињата може да биде незначајна појава, знак за некоја акутна болест, но мож...
4
Мајка роди близнаци во две различни држави
Близнаците Дилан и Хана ќе растат заедно, делејќи ист роденден. За жал една работа не им е заедничка – националноста. До...
4
Привикнување на нокшир за момчиња - 5 чекори
Времето брзо помина и вашето малечко веќе не е бебе. Дојде време кога размислувате дали да започнете да го привикнувате...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?