Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
/11
Таа е еден од најчестите симптоми во бременоста се појавува кај речиси 80% од трудниците.
Иако може да биде напорна, исцрпувачка и некогаш фрустрирачка, одредени научни истражувања покажуваат дека утринската мачнина има важна заштитна улога и за мајката и за бебето.
Наместо да ја гледаме само како непријатност и состојба која ни го пореметува секојдневието за време на бременоста, вреди да разбереме зошто се јавува и што значи за развојот на плодот.
Зошто се јавува утринска мачнина?
Во првите недели од бременоста, нивото на хормоните hCG, естроген и прогестерон нагло се зголемува. Овие хормони се клучни за развој на плацентата и одржување на бременоста, но истовремено делуваат и на делот од мозокот што го контролира чувството на мачнина.
Со други зборови, телото на трудницата се прилагодува за да го заштити бебето, а појавувањето на мачнините се дел од тој процес.
Како утринската мачнина го штити бебето?
1. Ја намалува веројатноста за внесување штетни материи
Мачнината и чувството на одбивност кон одредени намирници како што се: месо, кафе, јајца или пржена храна, можат да бидат инстинктивен механизам за избегнување на храна што може да содржи бактерии или токсини.
Ова е особено важно во раната бременост кога се формираат мозокот, срцето и органите на бебето.
2. Понизок ризик од спонтан абортус
Студиите покажуваат дека жените кои имаат утринска мачнина имаат помала веројатност за рана загуба на бременоста. Тоа е знак дека хормоните функционираат правилно и дека бременоста се развива стабилно.
3. Мачнините го поддржуват здравиот развој на плацентата
Зошто е ова вака? Хормоните што предизвикуваат мачнина истовремено ја зајакнуваат плацентата. Па следствено, колку е плацентата посилна, толку е бременоста побезбедна.
Кога е мачнината нормална појава, а кога треба лекарски совет?
Нормалната мачнина се јавува во првиот триместар и доаѓа во бранови, а се олеснува со малку храна, вода или одмор
Но треба да се побара лекарска помош ако: не можете да задржите храна или течност во организмот(веднаш повраќате), губите телесна тежина, ако чувството трае цел ден и ако има знаци на дехидрација.
Ова може да укажува на состојба hyperemesis gravidarum. Оваа состојба е компликација во бременоста која се карактеризира со потешко гадење, повраќање, губење на тежината и евентуално дехидрација. Може да се појави и чувство на несвестица. Па затоа се смета за потешка форма на утринска мачнина која бара медицинска поддршка.
Како да ја ублажите утринската мачнина?
Иако е непријатна, создава нервоза, а и ја уморува трудницата, утринската мачнина често е знак дека бременоста се развива здраво.
Таа е доказ дека хормоните ја поддржуваат плацентата, го штитат бебето и го насочуваат организмот да избегнува потенцијално опасни материи.
4
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Зошто уринските мачнини помагаат?
Верувале или не, утринската мачнина може да има и позитивна улога во т...
Совети за правилно користење цуцла кај бебиња
Цуцлата е една од најчестите алатки за утеха кај новороденчињата. Таа ...
Менструацијата по првиот циклус
Првата менструација (менарха) е важен момент во развојот на секое дево...
10 здрави ужинки за малите грицкачи
Децата обожаваат да грицкаат помеѓу оброците. Но честото внесување сла...
Телото се менува, а кожата треба да добие поддршка
Слабеењето често се доживува како позитивен процес, посебно кога е мот...