Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Го сакав ова бебе, уживав во бременоста колку што можев. И тогаш дојде раѓањето. Породилна сала полна со трудници подготвени да донесат чудо на светот. Но, покрај среќата, секој чувствува страв, најчесто и страв и срам. Да, срам!
Породувањето почнува, јас сум прва: туркам, немам каде да одам.
"Грешно притискаш! Не правиш како што треба! Слушај ме, престани да притискаш", ми вика бабицата. Грубо ми го штипнува носот и ми ја врти главата кон неа за да ја погледнам во очи. Омразата брзо се развива.
Болката е незамислива, коските ми се кршат, врескам.
"Престани да врескаш! Престани да врескаш!" вика, а потоа се врти кон медицинскиот персонал и налутено вели: „Воопшто не соработува!“
Поминува една постара жена, медицинска работничка и преплашено ме гледа: „Цццццц!“ Можам да ја слушнам како шушка.
Молчам, молчам, молчам... Немам зборови за ова чувство бидејќи солзите продолжуваат да течат...
Како може еден од најдобрите денови во мојот живот да се претвори во еден од најлошите…
Несоодветен однос кон жената за време на породувањето
Речиси секоја втора жена што се породува доживува ваква или слична ситуација. И родилките во околните земји се осмелија да зборуваат за слични настани, а многу слични искуства и приказни можеме да слушнеме и прочитаме од македонки кои се пораѓаат во нашите породилишта.
Зошто им викате на родилките? Зошто некои основни работи не можат да се објаснуваат со нормален тон во породилиштето?
Не зборуваме често за тоа. Ние жените сме тивки. Велиме дека сме среќни затоа што сме живи и здрави. Но, во светот ова однесување се нарекува: злоупотреба и тортура при породување!
Истражување спроведено во САД вели дека 17% од жените доживеале некаков облик на насилство во породилното одделение. Беа викани, понижувани, запоставени...
Лошото искуство при првото раѓање понекогаш ги одвраќа жените од желбата да имаат второ или трето дете. Повеќето родилки кои раѓаат дете по втор пат чувствуваат парализирачки страв, бидејќи знаат „што ги чека“.
3
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Јога и медитација - подготовка за бременост
Планирањето на бременост покрај другото, започнува и со подготовката н...
Првиот чекор кон здрава и подготвена бременост
Планирањето бременост е возбудлив период исполнет со надеж, желби и бе...
Денот што ја отвора вратата кон бременоста
Овулацијата е еден од најважните, но и најмалку разбрани процеси во же...
Исхрана за хормонална рамнотежа
Хормоните се невидливи диригенти на нашето тело. Тие го регулираат спи...
Плодност и планирање на бременост
Планирањето на бременоста е еден од најзначајните чекори во животот на...