namesp во 10:11
Не ми го допирај стомакот!
Редакција Рингераја, 24.8.2021Доколку не сакате други да Ви го допираат стомакот, реагирајте и не дозволувајте заради тоа да се чувствувате лошо. Вие имате право да се заштитите себеси. Изберете некој од предложените методи, или сите!
- Купете обична бела маичка и на неа отпечатете некоја од паролите: “Не ми го допирај стомакот”, “рацете подалеку од мојот стомак”, “Стоп!”. Сепак, не Ви гарантираме дека натписот ќе има голем ефект, бидејќи неговата суштина некогаш се сфаќа подоцна.
- Кога некој без прашање ќе тргне со раката накај Вас, Вие направете го истото. Личноста рефлексно ќе се заштити со раката, или ќе отстапи. Би требало да ја сфати пораката, во спротивно речете “Чудно е кога некој од добро стоење сака да Ви го пипне стомакот.”
- Секогаш одите на прошетка со придружба. Штом сте во друштво, шансите за допрање на стомакот се намалуваат за 50%, а доколку сте во друштво со сопругот – на 25%!
- Доколку Ви е непријатно грубо да го одбиете оној кој сака да Ви го допре стомакот, можете да кажете: “Жал ми е, бебето само што се смири. Не би сакала да ја вознемирите и повторно да почне да клоца.”
- Реченицата која 100% ќе ги запре и најупорните е : “Лошо ми е, чувствувам дека ќе повратам во секој момент”.
- Применете го принципот “Подобро да се спречи...” Кога со некој ќе започнете за Вашата бременост, кажете му колку сте среќни, но и дека страшно Ве нервира една работа – кога некој сака да го допре Вашиот стомак. Во старт на соговорникот ставете му на знаење што никако не смее да направи.
- Кога луѓето ќе Ви пријдат и ќе прашаат дали смеат да го допрат Вашиот стомак, прашајте ги дали смеете Вие да го допрете нивниот. Тоа би требало да ги спречи во намерата. Предупредување: ако Ви дозволат да ги допрете, тогаш ќе мора и Вие тоа да го дозволите.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Бременоста е извонредно искуство кое носи безброј промени во телото и животот на жената. Како што се развива секоја неде...

Една нова студија сугерира дека девојчињата имаат природна предност во однос на момчињата, уште во материцата на мајката

На медицинскиот факултет во Бостон е спроведена студија чии резултати покажале дека жените кои планираат бременост по 30...

Многу често, очекувањето на новиот живот е заслепeно од стравот на идните мајки. Стравот од раѓање е особено карактерист...
