|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Зошто детето не ме слуша?

Редакција Рингераја, 10.12.2023
Возраста меѓу 4 и 5 години е доста тешка, што се однесува до дисциплината бидејќи децата на оваа возраст се многу своеглави, токму сега почнуваат да се борат за својата независност, веќе одат во градинка и се сметаат за многу големи

image
/11


Голема задача на родителите, кога го воспитуваат детето е да успеат да го натераат да ги слуша, една доста тешка задача за справување со своеглавото дете. Освен тоа се поставува и прагматичното прашање, дали сте премногу строги, или премногу резервирани во воспитувањето?

Дисциплината не е казна. Таа ни помага да му покажеме на детето како да се однесува соодветно за возраста и нивото на развој. Докажано е дека децата имаат потреба од граници за да се чувствуваат сигурни и да знаат што можат да прават, а што не. Тоа е така, но детето никогаш не треба да биде заплашувано и да се чувствува исплашено, туку треба да биде воспитувано со љубов и внимание.

Возраста меѓу 4 и 5 години е доста тешка, што се однесува до дисциплината бидејќи децата на оваа возраст се многу своеглави, токму сега почнуваат да се борат за својата независност, веќе одат во градинка и се сметаат за многу големи.

За децата од 4-5 години експертите ги препорачуваат следните стратегии:

 

1.      Поставете здрави граници и норми

Со ставањето на граници го заштитувате детето и правите тоа да се чувствува спокојно и безбедно. Користете термини кои детето може да ги разбере и секогаш изговарајте ги со љубезен тон :”Те молам зборувај тивко и мирно” наместо “Не викај!” “Тишина!”. На детето предлагајте му варијанти за избор, или понудете му договор, наместо да употребувате закани и негативни забелешки.

 

2.      Игнорирајте некои испади

Некои однесувања кои не се опасни за детето, или за другите околу него, можат да бидат игнорирани (на пример негодување, оспорување на се што ќе кажете, употреба на лоши зборови, испади на бес и сл.) Многу често правејќи се дека не забележуваме што прави детето го наведуваме да престане бидејќи гледа дека не го привлекува нашето внимание. Ако Ви е тешко да го игнорирате во одредени ситуации тогаш, не спорете со него и не го гледајте во очи, тргнете се од детето, но останете во иста соба, смирете го со нешто забавно, или пофалете го неговото позитивно однесување:”Многу ми се допаѓа кога наместо да викаш, ќе ми објасниш мирно зошто си лут/а”

 

3.      Покажете какви ќе бидат последиците

Ако детето сфати дека неговото лошо однесување ќе има непријатни последици, ќе разбере зошто не треба да го прави тоа.

 

Правилата и нормите кои ќе ги воспоставите не се само за детето, туку треба да се почитуваат од сите во семејството. Тие треба да се јасни и последиците за нивното непочитување да бидат секогаш исти. Треба јасно да се прикаже што е дозволено, колку е дозволено и што се случува кога правилата се почитуваат и кога не се почитуваат.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

За еден час со тебе тато...
Се вратил таткото од работа дома, уморен, нервозен и го нашол својот 5-годишен син како го чека на вратата.
6
Груб моторен развој III
Стандард 3: Детето може да се движи координирано со цел
4
5 начини да го поттикнете детето да зборува
Децата зборуваат полека и првите неколку години грешат при изговорот. Избегнувајте да ги завршувате нивните реченици
4
Заради што мајките чувствуваат вина?
Родителството создава цела палета на чувства, од кои повеќето се прекрасни и го збогатуваат нашиот емоционален свет. Сеп...
4




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?