Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
„Не се чудете зошто денес голем број од децата имаат проблеми во развојот. Не е важна само моториката, важни се и мисловните процеси“ – советува лекарот.
Зошто е важна динамичката акомодација и зошто денес се почесто доаѓа до пореметувања во развојот на децата, објаснува признатиот доктор Ранко Рајовиќ, (пренесува Yumama.com).
„Најголемиот дел од мозокот за развој опфаќа ротација, рамнотежа, развој на стопалата, динамичка акомодација на очите, добра моторика и говор бидејќи во тој дел од мозокот се наоѓаат најголемиот број синапси. Другиот дел од мозокот за развој им припаѓа на мисловните процеси, мисловната класификација, мисловното сортирање и асоцијација.
Денешните деца немаат ни 15 минути време за игри на ротација, рамнотежа (да балансираат на едната нога, на двете, да пазат да не паднат) не се движат по 5 километри на ден, не вежбаат динамичка акомодација односно не следат некаков предмет/објект кој брзо ги одминува и доаѓа накај нив. Не прават ништо од тоа што е клучно за нивниот развој.
Денешните деца не знаат ниту да фатат топка. Кога ќе им ја фрлите топката 50 % од децата не можат да ја фатат со две раце, некои деца и се плашат од топката.
Некогаш динамичката акомодација се развиваше трчајќи од утро до мрак, преку камења и ганки и потоци, а денес каде трчаат децата? -Никаде. Во градот нема препреки. Детето родено во град е веќе оштетено бидејќи нема каде да ја развие динамичката акомодација.
Но, зошто всушност е важна динамичката акомодација? Ако не е добро развиена, детето во училиште ќе има дисклексија. Тоа е проблем. Бидејќи секој дел од мозокот кој не сме го развиле како што треба доведува до дисфункција и детето не умее да поврзува некои работи.
Значи, динамичката акомодација не се развива затоа што детето не трча и нема препреки. Единствена шанса му е топката, мојот совет е уште од денес топката да биде главен реквизит. И кога станува збор за добра моторика важно е да се напомене дека 50% од децата кои живеат на територијата на бивша Југославија немаат развиено добра моторика. Скоро 60% од децата не можат да го подигнат четвртиот и петиот прст од цврста подлога, ги подигаат истовремено. А зошто не ги користат четвртиот и петиот прст?- Па затоа што од сите игри кои ги играат денес тие ги користат само палецот и третиот прст.
Тоа не е добра моторика- добрата моторика подразбира користење на сите 10 прсти. На ова родителите ми велат „имаме лего коцки“ , да, но тоа е користење на само три прсти или „имаме боцкалики“ , но и тоа е користење на три прсти, па дури и само два. Значи, повторно не се користат четвртиот и петиот прст.
Што се однесува до развој на говорот, јас не знам колку тие зборуваат. Денес дете од 6 години кое оди во училиште и не зборува многу, а кога ќе се врати дома го чекаат телевизорот или компјутерот. Тоа практично не ни говори, а за дете од 6 години многу е важно да зборува и до 10 саати дневно, секој ден. Како мозокот да му прави мозочни синапси ако тоа постојано ќути? Загарантирано е пореметувањето и ако детето јаде само мека храна.
Дали детето денес игра игри за развивање на мисловните класификации (на пр. „На буква, на буква“ или „Каладонт“ за поголеми деца). Децата денес не играат игри кои потикнуваат мисловни сортирања. Најчеста игра се асоцијациите бидејќи доминантна активност е гледањето телевизија. А дали детето гледајќи ТВ, вежба ротација и рамнотежа, дали ги развива стопалата?
Во секојдневието на децата нема вежби за рамнотежа, за ротација, за акомодација, нема добро развена моторика, всушност не прават ништо. А како се развива мозокот ?- Во движење! Секое движење е важно вклучувајќи го и движењето на малиот прст. А кога би се вратиле 20-30 години наназад, доминантна игра за девојчиња беше ластик, а за машките – кликери. Ако земеме во предвид дека овие игри се играле во просек три часа, значи дека тие три часа мозокот работел без престан вклучувајќи ги мисловните и моторните функции бидејќи секој чекор однапред мора да го процесира.
Не се чудете зошто денес се почести се пореметувањата во развојот на децата. Не е важна само моториката, подеднакво важно е и да се вклчат и мисловните процеси“, заклучува Д-р Рајовиќ.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу ...
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дек...
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Носот.
пеперутка16
Како го чистите носот на малите деца?