Лигњите не се користат често во секојдневната кујна, но кога ќе се подготват на вистински начин, можат да бидат вистинска деликатесна чорба.
Фото:Canva/Варивото од лигњи е хранливо, богато со протеини и минерали, а во исто време лесно за варење.
Состојки:
- 500 г свежи или замрзнати лигњи (исчистени и исечкани на прстени)
- 2 моркови (ситно исечкани)
- 2 компири (на коцки)
- 1 кромид
- 2 чешниња лук
- 1 домат или 200 мл доматно пире
- 2 лажици маслиново масло
- 1 лажичка црвена пиперка
- Ловоров лист
- Сол и бибер по вкус
- Магдонос за послужување
Подготовка:
- Во подлабока тава или тенџере загреј го маслиновото масло и пропржи го ситно сечканиот кромид и лукот.
- Додај ги морковите и компирите, па кратко пропржи за да пуштат арома.
- Стави ги лигњите и остави да се динстаат 5-7 минути, додека малку да омекнат.
- Додај доматно пире, зачини (пиперка, сол, бибер, ловоров лист) и прелиј со околу 500 мл вода.
- Готви на тивок оган околу 25-30 минути, додека компирите и морковите да омекнат, а вкусовите се соединат.
- По желба, пред сервирање пороси со свеж магдонос.
Совети:
- Може да додадеш и тиквичка или целер за побогат вкус.
- Ако сакаш погусто вариво, додади уште еден компир или малку брашно растворено во вода.
- Варивото најдобро оди со свеж леб или со малку ориз.
Варивото од лигњи е совршен баланс меѓу здраво и вкусно топло јадење што ќе внесе медитерански дух во твојата кујна.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Слични содржини, кои ги читаат другите корисници
Рингераја - приказна за нашето семејство!
Рингераја е повеќе од медиум, Рингераја е пријател, Рингераја е советник, Рингераја е рамо за плачење, Рингераја е помош...
2
Соработка со Рингераја
Отворени сме за соработка, доколку сте заинтересирани Ве повикуваме да не исконтактирате.
2
Контактирајте не
Сакате посебна понуда за огласување наменета за Вашата компанија, сакате да испратите текст за објавување до нашата Реда...
2
Рингераја времеплов
По што ќе ја паметиме годината која изминува?
2