Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
/11
Одмор во Рим (Roman Holiday)
Отпатувајте во романтичната Италија со Грегори Пек и Одри Хепберн. Хепберн, која доби Оскар за оваа улога игра скромна европска принцеза, на која и се здосадиле службените должности. Пек е убав американски репортер кој ќе падне на нејзината убавина и ќе утврди дека е обична девојка која знае да љуби.

Кога Хари ја запозна Сали (When Harry Met Sally)
Оваа романтична комедија од 1989 година го поставува прастарото прашање: дали мажите и жените можат да бидат пријатели? Неверојатна хемија ќе се развие меѓу Хари (Billy Crystal) и Сали (Meg Ryan). Во позадината на Големото јаболко, се' може да се случи.

Луда, глупава љубов (Crazy, Stupid, Love)
Оваа духовита комедија од новата ера, не потсетува дека љубовта е патување, не дестинација. Емили (Julianne Moore) ненадејно ќе најави дека сака да се разведе од нејзиниот сладок сопруг Кал (Steve Carell), кој не се сомнева во неа воопшто. Откако ќе се опорави од шокот, се обраќа до младичот Џејкоб (Ryan Gosling) и ќе научи игра како да ја врати сопругата назад. Во меѓувреме и Џејкоб се вљубува во прекрасната Ана (Emma Stone).

Казабланка (Casablanca)
Каква ќе биде оваа Топ 10 листа без овој класичен романтичен филм. Humphrey Bogart, кој го игра Rick Blaine е американски иселеник и поранешен борец за слобода, кој води ноќен клуб во Казабланка за време на Втората Светска војна. Ingrid Bergman е неговата поранешна девојка Илса, која е во истиот град заедно со сопругот, кој е водач на отпорот. Политичка, интригантна и романтична сторија.

Дневникот на Бриџит Џонс (Bridget Jones's Diary)
Врз основа на истоимениот бестселер, овој филм ќе ве натера да се смеете без престан. Британката Бриџит Џонс, која ја игра Renée Zellweger, пишува за својот асексуален живот во својот дневник. На нејзино изненадување завршува во љубовен триаголник со нејзиниот шеф Hugh Grant и адвокатот Colin Firth.

Како вода за чоколадо (Like Water for Chocolate)
Празник за чувствата! Овој мексикански филм не само што е прослава на љубовта, туку е исто така приказна за љубовта кон храната, семејството, традицијата. Педро и Тита не можат да стапат во брак бидејќи мајката на Тита не сака нејзината најмала ќерка да се омажи прва. Таа сака Тита да остане дома и да се грижи за неа. Тита открива дека нејзиното готвење има необична моќ.

Вљубениот Шекспир (Shakespeare in Love)
Во овој Оскаровец Gwyneth Paltrow и Joseph Fiennes глумат љубовна приказна за Шекспир. Предводен од познатите Шекспирови цитати, овој филм е прекрасна романтична класика.

Мачка на вжештениот лимен покрив (Cat on a Hot Tin Roof)
Paul Newman и Elizabeth Taylor ги играат Брик и Меги мачката, чиј брак е во криза. Но таткото на Брик сака внучиња, а Меги ќе направи се за да го спаси својот брак. Одлична актерска игра!

Титаник (Titanic)
Џејмс Камерон со овој филм освои милијарда луѓе ширум светот. Титаник е љубовна приказна која ја надминува разликата меѓу класите, околностите и животот. Мора да се спомене и импозантната градба на бродот. Обврска ви е да го изгледате овој филм.

Дух (Ghost)
Сем Вит (Patrick Swayze) и Моли Џенсен (Demi Moore) не ја признаваат смртта за препрека на нивната љубов. Сем е убиен, но се враќа за да и каже збогм на Моли со помош на Ода Мае Браун (Whoopi Goldberg). Кој вели дека вистинската љубов не може да трае засекогаш?

8
8
забава Бремените
Автор: bobik
Во време на брзи промени, дигитална оддалеченост и зголемен стрес, емп...
Пренатални витамини и зачнување: мит или реалност?
Пренаталните витамини често се доживуваат како клучен чекор кон полесн...
Кога се обидувате да забремените, често се поставува прашањето дали се...
Добрината како најголема човечка вредност
Добрината не е слабост, туку свесен избор што ја гради човечката поврз...
Животен стил и социјални фактори
Бременоста не се одвива изолирано, туку е силно поврзана со секојдневн...