|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Хеликобактер пилори, тивкиот жител во желудникот што не се игнорира

Редакција Рингераја, 25.10.2025
Во нашиот желудник постои една од најнеобичните бактерии на светот Helicobacter pylori, или како што ја нарекуваат лекарите „упорниот гостин“.

image
Фото:Canva/Хеликобактер пилори е една од најчестите инфекции во светот и може да доведе до чир и воспаление на желудникот.
/11


Таа е мала, спирална бактерија која кога ќе се всели во желудникот знае да преживее во неговата кисела средина и кога речиси ништо друго живо не би можело. Иако кај многу луѓе не предизвикува никакви симптоми, кај други може да стане причина за непријатност, болка и сериозни здравствени проблеми.

 

Како оваа бактерија „успева“ во желудникот?

Желудникот е полн со силна киселина која има задача да ја разгради храната и да ги уништува штетните микроорганизми. Но Хеликобактер пилори има своја „тактика“ за преживување.

Таа создава супстанца наречена уреаза која ја неутрализира киселината околу неа и така си создава мала заштитна зона. Како резултат, може да се залепи за ѕидот на желудникот и да остане таму со години. Понекогаш, дури и цел живот.

 

Како се добива инфекцијата?

Бактеријата најчесто се пренесува: цпреку контаминирана храна или вода, преку прибор за јадење или чаши, како со близок контакт уста-уста ако претходно дошло до подригнување, а лицето ја има оваа бактерија.

Најмногу се среќава во средини каде хигиенските услови се послаби или каде членовите на семејството често делат заеднички прибор и храна.

 

Симптоми и кога бактеријата прави проблем?

Не мора секогаш да се појават симптоми. Многумина живеат со Хеликобактер пилори без да знаат. Но, кога бактеријата почнува да предизвикува воспаление на слузницата на желудникот, можат да се појават: чувство на печење или болка во горниот дел на стомакот честа надуеност или тежина после јадење, киселини и подригнување, мачнина, намален апетит.

Во потешки случаи може да доведе до: чир (улкус) на желудникот или дванаесетпалечното црево, крварење, значително слабеење, а долгорочно доколку не се лекува ја зголемува шансата за рак на желудникот.

 

Дијагноза, како се открива?

Најчести методи за потврда на инфекцијата се: крвен тест, тест на издишување, тест со примерок од столица, ендоскопија со биопсија во покомплексни случаи.

Лекарот одлучува кој тест е најсоодветен според симптомите.

 

Како се лекува?

Терапијата обично се состои од: комбинација на два различни антибиотици и лек за намалување на желудочната киселина.

Лекувањето мора да се спроведе целосно, без прекинување, дури и ако симптомите се намалат за неколку дена. Во спротивно, бактеријата може да стане уште поотпорна.

 

Што можеме да направите?

  • Одржувајте добри навики на миење на рацете.
  • Избегнувајте делење прибор за јадење.
  • Ограничете солена, премногу пржена и индустриски преработена храна.
  • Намалете кофеин, газирани пијалоци и цигари, тие го влошуваат воспалението.
  • Вклучете храна која смирува желудник, како банани, јогурт, овес, брокула.

 

Хеликобактер пилори можеби е „упорен гостин“, но не мора да биде непожелен. Со правилна дијагноза, соодветна терапија и здрави навики, желудникот може повторно да дојде во рамнотежа. Најважно е да не се игнорираат симптомите и да се побара лекарски совет и помош навреме.

Здравиот желудник е основа за здрав организам, а грижата за него почнува од малите промени секој ден.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Последен месец од бременоста: Позиции на б...
Движењата на бебето ќе ги чувствувате до последниот месец од бременоста, но факт е дека вашето бебе е поголемо и нема мн...
5
Симптоми на имплантација
Имплантацијата е еден од најсуптилните и најважни моменти во почетокот на бременоста. Тоа е процесот кога оплодената јај...
4
Малку крв, голема промена?
Една од првите дилеми кај многу жени кои се обидуваат да забременат или не се сигурни дали се веќе бремени е појавата на...
3
Зошто настануваат непријатни мириси?
Интимниот мирис се менува под влијание на хормони, исхрана, облека или инфекции. Постојан или непријатен мирис не треба ...
3




Анкета

ime
Ivana1305

Koe e poubavo ime?

Ivana (53%)

Andreja (47%)


Број на сите гласови: 228

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!