Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Таа родила девојче кое преживува по неуспешен абортус во 8-та недела.
Шенон Скинер (20 години), и покрај заштитните мерки забременува повторно - само 4 месеци по раѓањето на првото дете (раѓањето поминало многу тешко, со царски рез и оштетување на внатрешните органи). Лекарите ја советувале Шенон да почека одреден временски период, пред повторно да биде мајка.
Кога дознала дека е бремена по втор пат, младата жена се шокирала. Сите блиски и препорачале да направи абортус и таа се согласила. Избрала медикаментозен абортус, кој наликува на природен абортус - два дена крварење и помалку емоционални последици. Или барем така сметала Шенон ...
Три месеци подоцна почувствувала движење во стомакот, а ултразвучниот преглед покажал дека сеуште е бремена:
"Го нарекуваме нашето бебе чудо, бидејќи не знаеме како опстана. Највееројатно многу сакало да биде тука - со нас. Долго време имав грижа на совеста, се обвинував, но сега чувствувам огромно олеснување ", ентузијастички раскажува мајката. Сеуште не се знае дали силните хемикалии за предизвикување на абортус, нема да имаат лошо влијание врз здравјето на бебето.
Родителите сакаат малата ќерка да се чувствува сакана и двајцата жалат за она што ненамерно го предизвикале. Тогаш верувале дека немаат друг избор, а сега дека ја имаат целата среќа на земјата.
забава Бремените
Автор: bobik
Кои моменти не зближуваат во врската?
Во свет каде што секојдневието е исполнето со обврски, стрес и брзо те...
Пробиотици за бебиња: Дали навистина се потребни?
Во последните години пробиотиците станаа вистински „хит“ во светот на ...
Витаминот C кај малите деца: Зошто е толку важен?
Витаминот Ц, познат и како аскорбинска киселина, е еден од најпознатит...
Ако сте родител, веројатно барем еднаш сте се „сокриле“ во кујната, то...
Антисептици, пријател или непријател на нашето здравје?
Антисептиците станаа неизбежен дел од нашето секојдневие, особено во п...
Филмови за возрасни.
пеперутка16
Дали сакате да гледате „филмови за возрасни“?