|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Скромниот сон на децата без родители

www.kurir.mk, 15.12.2011
Хуманост, грижа, нега и огромна љубов. Овие чувства се секојдневието во Домот за деца без родители „11 Октомври“.

/11


 

Формирани како семејства, сплотени во секојдневието, чувајќи си го грбот еден на друг и децата и вработените.  За нивниот сон, за начинот на функционирање  и за текот на секој поминат ден, разговаравме со директорката на домот, Ристенка Атанасова. Денот и започнува со работен состанок, по кој ја продолжува мисијата за подобрување на животот на децата во секоја сфера.

 

-Се обидуваме да го подобриме нивниот живот, што значи и да се појде некаде. Годинава беа на летување во Швајцарија. На тој начин со контактите што ги воспоставуваме подобруваме многу сегменти во живеењето. Успеавме со донации да ги обновиме условите за живеење. Веќе направивме нови мини кујни. Децата веќе нема да јадат во една централна кујна каде ќе добиваат храна на послужавник, туку ќе можат и сами со час по домаќинство, заедно со нашите воспитувачи и домаќинки да се учат и сами да подготват храна. Кога ќе завршат  со престојот овде да бидат подготвени за еден самостоен живот.


Атанасова е по професија психолог, што ја прави уште подостојна за вршење на оваа функција.  За секоја одлука се консултира со децата од домот и заедно донесуваат одлуки.

 

-Децата си формираат детски совет и со мене комуницираат еднаш неделно. Се договараме заеднички за сите наши активности. Во се' учествуваат и децата. Ние функционираме со 9 семејства и од секое семејство си има претставник во тој детски совет каде што за сите наши заеднички планови одлучуваме заедно. Кога одиме на зимување или летување, кога се избира гардероба за нив, во сите работи учествуваат во заедничко договарање.


Низ донации од секаков вид, се обновуваат условите во кои растат овие деца. Вратите на оваа установа се отворени за хуманост, не само за Нова година и не само во одреден ден. Туку секогаш. Но, кој ги поминува овие врати со вистинската цел? Колку се хумани Македонците кога најмногу е потребно?

 

-Од година на година, според моето искуство, се повеќе се зголемува бројот на донации од нашите луѓе. Умеат да направат да биде тоа и креативно. За разлика од досега, повеќе донираа странски бизнисмени кои кога ќе дојдат во Македонија сакаат да посетат ваква институција и се определуваат да дадат средства. Од австриски бизнисмен сите овие кујни ги подготвивме. Но можам да кажам дека и нашето население  се определува од својот буџет да одвои. Не како фирми и институции, туку лично свои. И мене тоа ме погодува.


За вашата хуманост тие ќе се заблагодарат со насмевка. Вчера дел од децата сместени во „11 Октомври“ одржаа лекција за хуманост. Седнаа да изработат играчки вклучувајќи се во акцијата „Прегратка на дар“. Нив им помогнале многумина, сега тие ќе помогнат на децата кои новогодишната ноќ ќе ја поминат во болница.

 

-Научени сме со години наназад, нашите деца бидејќи се од оваа категорија, да дочекуваме подароци и хумани луѓе. Меѓутоа почувствувавме потреба и нашите деца  да ги научиме и тие да дадат некому. Ова беше прекрасно со порталот Рингераја да се здружиме, да направиме нешто заеднички за да ги поттикнеме нашите дечиња дека не е убаво само тие да добиваат подароци, туку е убаво и тие да смислат да направат од себе некој подарок за да се даде на друго дете кое ќе се израдува.


Овие деца не и се препуштени на судбината. За нив се грижат голем број на луѓе кои ги водат до вистинскиот пат. За жал, по полнолетството, дечињата кои израснале во овој дом треба да излезат од неговите врати. Како возрасни со помош треба да се осамостојат. А тој пат е тежок. Но ги дочекуваат подадени раце од хуманите.

 

-Ние досега имаме склучено пет годишен договор  со Тинекс маркетите. Секое дете што ќе заврши средно образование му се понудува дека може да се вработи таму и тоа успешно ни функционира. Меѓутоа е штета, ние имаме сигурно и други бизнисмени кои би можеле да понудат вакво нешто и еве нека биде апел до нив да имаме поголема лепеза на понуди каде децата со средно образование ќе се вработуваат. Како мотивација ни е и новата законска регулатива нашите деца да имаат приоритет да се запишат на студии. Добиваме стипендии од ФОН универзитетот. И од нашиот премиер мотивацијата е голема каде по 300 евра месечно ќе добиваат децата кои ќе се определат  да студираат. Тоа е почетна иницијативна капсула за да можат сами да се грижат за себе и да инвестираат во своето студирање.


59 дечиња се сместени во Домот за деца без родители „11 Октомври“. Со насмевка и пријателско расположение дел од нив зад камерата ни го раскажаа сопствениот сон. А секој нивни сон е толку скромен колку невиниот поглед.  Секој од нас може да помогне за да го направи нивниот живот поубав, нивните лица посреќни. Потребно е малку, за да направиме многу. Тие вчера беа многу хумани, на ред сме ние.

 

Извор: www.kurir.mk

 



Покровител на акцијата "Прегратка на Дар" е HealthAid – BabyVit. Акцијата е поддржана и со грант од програмата CIVICA Mobilitas, имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Прегратка на дар во градинката Јасна Ристе...
Караванот на акцијата Прегратка на дар ја посети градинката Јасна Ристеска во Охрид, каде Битолското чупе заедно со деца...
4
Перници – жаба и пајче
Инструкции - како да направите играчка дома
3
Приказната за Јана - 3 Дел
3. Дел од приказната-За сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 201...
2
Приказната за Јана - 2 Дел
2. Дел од приказната-За сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 201...
2




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?